Emilija, kako si Sega so ekstrasistolite? Mene me vadat od takt vekje 3 nedeli. Zeni, istoto shto go imaat pishano na pochetokov na temava mene mi se sluchuva. Tahikardija (prosek od 24h holter 113puls) mi dadoa terapija sabajle verapami 80 mg, navecher 40mg. Imam I preskoci, a osobeno koga kje jadam ili navednam, odnosno fatam nekoja chudna pozicija... Kje me zbrlavi situacijava... Navecher se budam so srcebienje I nemam mir. Doktorkata mi vika deka seemi e vo red, ama jas mnogu se plasham.
@ivka-slivka незнам која недела си, но ме интересира праша ли дали тоа ќе има врска на пораѓај, мора ли царски? Или нема врска....
Prashav, kardiologot mi reche deka mozam slobodno I prirodno da se poragjam (mene toa mi e zelba), a prviot poragjaj mi beshe carski (zamatena plodova voda). Inaku 38ma nedela od vchera sum.
Со лесно! Ќе чекам да кажеш како си поминала на пораѓај. И мене кардиологот ми вика може природно, ама гинекологот ме буни. Затоа и ме интересира.
Не плаши се и јас имав тахикардија низ текот на цела бременост матичната ми прешиша Б6 да пијам по едно на ден и многу ми помогнаа ... не грижи се нема место за паника
Men mnogu povekje preskocite me plashat pri tahikardijata, a samata tahikardija I popatna situacija mi predizvikuva panika
Потполно те разбирам, косултирај се со матичниот гинеколог, нека те испрати на интернист, тој ќе ти помогне не е ништо страшно мора да постои решение и за нас трудниците ...
Еве ме и јас имам тахикардија во бременост а имав и пред бременост.. Негде прочитав дека имало врска природно царски рез пораѓај дали е точно ? Немам направено екг во бременост а и ко ќе ме фати нападот обично легнувам и пробувам сама да си регулирам без терапија без ништо од кај матичната ми рекоа кога ќе ме фати да појдам на интернист ама еве ме ме фаќа напад во денот по 5-6 пати ама дури се спремам полека ми прекинува и за џабе ќе одам освен да седам на клупа во болница па така да се фати моменталниот пулс или да појдам на интернист и кога немам напади?
@Snow white јас отидов на кардиолог заради пулс 110-115. Вика тоа не е ништо. Нормално е бремена си. Во таков случај полежи пола саат се смирува. Опасно е 130-140 и нагоре и плус да не се смирува. Поготово ако тоа е проследено и со покачување на притисокот. Како лек ми даде верапамил по потреба. Ми рече ако чувстуваш еуфорија само напиј се. Ако само чука брзо а не осеќаш, нема потреба. Се надевам ти помогнав.
И јас сум ао тахикардија.. Од секогаш сум имала забрзан пулс а екг во ред. Во бременоста знај да стигни и до 140пулсот ама со Б6 се смирува.. Кога е помалку гледам да се опуштам колку што можам и да си помине само од себе..
и мене притисокот ми е ок 105 со 70(65) зависи а одкуцаите на срцето одат над 100 и зато ме бунеше на низок притисок висок пулс не сум сеуште појдена пробувам сама да го смирам срцето
Па и мене ми беше страв заради таа комбинација, низок притисок и висок пулс. Јас претходно имав пулс 60-70, сега на 85 веќе го осеќам. Др. рече дека нашево е ок. (Според мене помалото зло, од двете.)
Можи некоја доколку ја чита темава, да ми кажи природно како ја смирува тахикардијата. Ги прочитав советите погоре. Но дали применувате нешто друго? Иначе исто низок притисок и висок пулс. Не многу често, но сепак ми прави голема непријатност. Обично после физички напор ( не зборам за качување по скали и сл., после подолга работа, баш кога ќе одмарам ).
Еве и јас сум со тахикардија последниве 2 недели.. Имав нормален притисок 120/80; 110/70 и нормален пулс 65-80 ама пред бременост... Сега откако сум бремена имам благо покачен притисок 130/90 и пулс што знае да варира од 75-130...обично ме фаќа тахикардија околу 3-4ч. Сабајле и ме држи околу 1ч. Бев на контрола и ми рече гинекологот тоа е нормално, бебето е големко веќе, си врши дополнително притисок на срцето и дијафрагмата... Имаш повеќе крв, потешка си.... Не грижи се земај Б6 витамин... Бев и на ЕКГ и беше се најнормално, и пулс и притисок... Јас обично ја смирувам тахикардијата со длабоко дишење и чаша ладна вода... Ме фаќа повремено не секој ден.. Се надевам дека ти помогнав
Овој притисок кој го имаш со пулс до 130 бара следење секој ден. Земи си еден лист хартија и запишувај секој ден колку ти е. Кога одиш на контрола носи го и листот со себе.
Да тоа го правев месец дена, после го зедоа просечниот резултат и испадна околу 125/85 и пулс 90 кога им покажав ми рекоа дека е во ред, ама пак да го следам.... Пулсот 75-130 некогаш ми е во спиење...
Фала ти. Ми помогна да, убаво е да се види дека и некој друг поминува низ слично. Мене сега поретко ми се појавува тахикардија, но сеуште е присутна. Но добро нормално е. Сакав да те прашам дали имаш притисок над дијафрагмата? Како секундарно да ми се запира воздухот. Но само 1сек, а болка во вид на притисок и стегање. Многу непријатно чувство. Ако знаеш нешто кажи ми. Поззз
Тоа го немам почуствувано, но откако ќе јадам осеќам притисок на дијафрагмата од желудникот и ми се јавуваат киселини после ручек особено.... Тогаш земам Гастрогард и чаша кисела или обична ладна вода и ми се смирува
Мешковци повторно ме фатија тахикатдиите и површно дишење. Лелле не можам дури ни да разговарам со некој, од шо немам воздух. Вторник сигурно одам.на гинеколог. Ама дотогаш ќе гледам со гушкање да смирувам. Б6 немам, аптеки не работат. Среќни празници на сите.