Puls 130 ,pritisok nekade 115/78 so terapija metildopa 3×1 na den.Pulsot ne e sekogas tolku,varira,eve sega,i mn ispaniciv,dali da odam na doktor?Isto bolka vo gradite na momenti.
Ne panici najprvo ostani smirena, panikata go kreva uste poveke pulsot a I ne e mnogu 130 I ne e nesto strasen puls zemi magnezijum citraten I b6 I odma ke se stabilizira samo bez panika.
Здраво девојки,пијам бипресо од 2,5мг веќе 8години за тахикардија и сега одеднаш во бременост не смеам да пијам...ме фаќа паника и не ми е јасно како нема замена за ваков вид на лекови...пулс од 130 со медитација не се намалува..дали има некој искуство за ваква ситуација?Поздрав и ве очекувам
Верапамил се пие во бременост, треба да ти ги препише гинекологот или матичен. Јас пиев во втора бременост за тахикардија и палпитации.
Се напив сабајле ми препиша матичниот доктор од 80мг меѓутоа интернистот ми кажува дека не треба да пијам никаква терапија не знам што да правам ќе пробам неколку дена да не пијам и ќе видам дали ќе можам да функционирам ..зашто јас со години пијам бетаблокатор и чим станам наутро имам тремор и тахикардија после апчето се смирува организмот.
@Simon4e0507 пиев при крај особено, а после бременост и за притисок. А како мисли интернистот да функционираш со тахикардија цела бременост? Едно е што имаат повремено нормална тахикардија трудниците од зголемено пумпање на крв, а друго е што си имала проблем и претходно и редовна терапија. Ти делуваше верапамилот денес?
Ќе одам на друго мислење зашто не сум океј, да не ми се направи некој проблем ми е страв задутре влегувам во трет месец.
Не баш, првите неколку часа океј бев сега попладне се движев, пешачев, како да имам тахикардија така се осеќам вознемирено
Тие не се прекинуваат наеднаш, барем постепено да се намалува дозата од неделава во недела, една недела по пола таблетка, една недела 4тина па да се прекине. Осум години терапија со бета блокатор, не може срцето одма да се адаптира без тарапија, и со постепено намалување на дозата кога ќе ги прекинеш повторно ќе имаш тахикардија барем 2-3 недели додека се стабилизира, а во тој период на адаптација пожелно е да се зима поголема доза на б6 50мг и магнезиум чист во форма на таблетки. Јас пиев метопролол од 50мг 1/4 меѓутоа уште пред година ипол бев на интернист затоа што во иднина секако сакавме бебе и знаев дека ќе морам да ги прекратам, бев иследена од кардиолог подетално и ги прекративме. Потребен беше период на адаптација месец, два сигурно , но од моментот на прекинување додека не забременив немав никаков проблем. Сега во бременоста иако сум на почеток ми се јави повторно, дали од самата бременост не знам, ќе закажам интернистички преглед. Мене одма ме смирува Б6 50мг и магнезиум од 376 мг, безбедни се во бременост. Консултирај кардиолог, не се оставај така.
Бев денес на друг доктор 3то мислење ме прегледа се што требаше ..и ми вика јас не знам кој ти дал бетаблокатор на ова срце ..се е во ред не постои проблем ...денес немам пиено ништо и фала богу океј сум засега..па ќе видиме како ќе се одвива се ..мерам пулс 80 ми е ..моменов ми е дека на 10 мислења да отидам секој различно ти кажува ..Господ да не чува само ..а тоа што сум си пиела бипресо речиси до трет месец од незнаење ..тоа ме плаши ..се надевам дека ќе биде ок ќе правам нифти за брзо па ќе видиме