Гледам за сите изведувачи сте направиле теми, но за Тајзи НЕМА! Дали го слушате?Која ви е омилена песна од него? Јас лично го обожаваам!Баш ми се допаѓа како пее. http://www.youtube.com/watch?NR=1&v=gWAQ7DeDcxM Оваа ми е омилена!!
Тајзи ( Tyzee) Леле, леле, и Тајзи(кое е тоа уметничко име јаооо) почна да се смета за изведувач вреден за тема. Каде е бре тоа смајли што се крсти
Тајзи ( Tyzee) WTF ? Ај неможете да направите теми за сите изведувачи на светов !!!(како што сте почнале цел форум ќе биде само за пеачи, глумци, преформери ) Инаку не го слушам бидејќи не слушам ваква музика, а го знам, ја пуштив песната погоре, да не кажам нешто што не треба или да не почнам расправија, ќе си кажам океј ми е
Тајзи ( Tyzee) Глупости на кило. Секој втор човек во државава стана рапер. Посебно ја мразам „Моментот“. Лоша и само лоша копија на САРС. ВРВ на цела глупост е она што луѓето пијат горко кафе пошто немаат за шеќер. Пред некој ден во автобус на радио одеше песнава, умрев дур заврши, рак на уши ќе фатев.
Тајзи ( Tyzee) Чим имаше за Татјана Стефановска тема, очекував и за маалски некој рапер тема. Ете ја де. Тајзи ? Мислам wow, што е со човеков ? И што е со младинава? Демек, ако се напнат да изрецитираат неколку стиха во еден здив се рапери, или што? Океј, се дур има младина што ги влажни гаќичките на Слаткар, ништо веќе не ме изненадува.
Тајзи ( Tyzee) Обидот на Тајзи да пее демек раста, звучи ко Андријана Ацевска - Кеш. Башка тоа нема доволно музички материјал за да се разгледува ко музичар. Има идиотски текстови заедно со Скипи. Тој па, идиот. Сума сумарум Тајзи е wanna be rasta . Симпатичен ми е вака.ама во тежок филм е.
зошто одма со негативни коментари? иначе убаво ми пее за песната МОМЕНТОТ тоа ти е жива вистина :geek: барем тајзи ти е подобар од слаткар со она неговото шошопинг шошопинг шошопинг.. лалалала глупости! порано беше интересна ама веќе сеа! некјам никој да ми ја спомне извинете за офф али морав ме испровициравте!
Стефи,не се треси ма. Тајзи ќе биде растаман,на некој друг свет. Стварно се смеам за тој 'раста' гласот што го ваѓа. Сума сумарум нема доволно добар аргумент кој би го оправдал Тајзи како музичар. Заедно со тој Скипи,смешни се,многу.
Го сакав порано само затоа што е од мојот град, па го имам видувано и фин е. После на одмор едни дечки од Србија ја слушаа Моментот и ја бев :geek: Па после стварно ја ислушав Грев и тие некои сл, и јасно ми е, ова е 74789352674 боље од shitoт in color на Врчак и слични ропаци. Знае убаво да пренесе мисла во римуван текст и има искрени lyrics. Затоа го сакам.
Не слушам рап, значи многу ретко, па затоа и не му ги знам песните! Ја знам само "Моментот" бидејќи стварно стана хит, и мене лично ми се допаѓа песната. Не е кој знае што, ама е голем напредок од песните што ги имаше со неговата група. Е тоа да го слушнете- тоа се стварно живи глупости. Сега пее со Скипи, ама дечките си ги става во спотови. А да, знам уште една песна. Сега не ми текнува како се вика, ама ја знам, другарка ми им го пееше рефренот. А вака како човек не е лош Тајзи, многу е пријатен и со кратка коса е поубав. Сепак се сложувам дека веќе секој стана рапер и досадно е стварно.
Супер што се отвориле тема за него.Се проби дечково на естрадава ваков таков си дојде до некоја слава што се вика.Додуше на нашава естрада неможе многу да се просперира ама ај... Мене ми се допаѓаат неговите песни,има малку специфичен глас според мене така да си кулира дечково.. Јако му е спотчево за Regenton,инаку најдобра песна ми е Љубов