1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајната зад Мона Лиза

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од QueenElena, 21 септември 2013.

  1. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Здраво!
    http://upload.wikimedia.org/wikipedia/c ... ouched.jpg

    Има многу теории за тоа што е тајната околу Мона Лиза. Што мислите вие? Дали верувате дека има некоја тајна зад Мона Лиза?
    Овде можете да пишувате некои факти за Мона Лиза.

    Ајде прво јас...
    Јас верувам дека има некоја тајна или загатка околу Мона Лиза. Да Винчи бил премногу умен за да не направи некоја загатка.

    Ако не ви се допаѓа темата, канта. :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Била крадена неколку пати од Лувр и денес не се знае сигурно дали тоа е оригиналната слика. Инаку, најпозната кражба е кражбата извршена од вработен во музејот, кој ја украл и ја чувал дома под душекот, односно спиел врз неа (кој знае што правеле кога биле сами :lol: :lol: ). Инаку, сигурно постои некоја тајна, имам читано многу претпоставки. Една од нив - во еден дел од устата на Мона Лиза е насликан самиот Да Винчи.

    Малку офтопик - пред да влезам во Лувр очекував да видам голема слика, а тоа да ти била сликичка. Навистина не очекував дека ги има тие димензии.
     

    Прикачени фајлови:

    На Dancewere, elimkd и лала ана им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Скриените броеви, пр. под мостот од нејзината лева страна. Мостот пак од друга страна е мостот Понте Буриано.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    За какви теории и загатки станува збор околу Мона Лиза?

    Инаку, нема некоја посебна загатка или тајна околу ова, а ниту пак Леонардо нешто посебно се трудел да остава некакви траги кои би претставувале некаква мистерија во индина.Прво, едноставна слика, направена за Мона Лиза Џаконда ( некаде како Џоконда, запишана, зависи од превод и сл.) направена по нарачка на богат трговец Џаконда, односно маж на Мона Лиза.Тука нема никаква мистерија.
    Скоро, мислам дека е откриен нејзиниот гроб, каде ќе се вршат анализи за нејзиното постоење или пак само станува за измислен портрет.Сега, дали се веќе направени или ќе се направат анализи, не ми текнува точно, но се пишуваше за тоа дека бил пронајден скелет за кој се претпоставува дека припаѓа на Мона Лиза, а останува само да се потврди истото.
    Тоа е тоа, околу типкава :D
     
    На ohana и Emotional123 им се допаѓа ова.
  5. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Јас имам слушнато дека Да Винчи мотивот од сликата го ставал во триаголник, ако ја погледене убаво сликата ќе приметите дека Мона Лиза формира еден триаголник. Во уметноста триаголникот дава чувство на смиреност и спокој.
     
    На Dancewere, cresa-jagoda и xnotyourbabex им се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.289
    Мислам на теории како тоа која е девојката на сликата, теории за некои делови од сликата...
    П.С Сум слушнала дека има уште една Мона Лиза која е исто така нацртана од Да Винчи...
     
    На New York13 и elimkd им се допаѓа ова.
  7. anelchylola

    anelchylola Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Leonardo da Vinchi bil genij.
    Osobeno mu gi obozavam anatomskite crtezi. :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Мона Лиза најпознатиот портрет маестрално дело на Да Винчи, има премногу материјал за истражување, од положбата на телото кое е благо накривено а главата центрирана, таинствениот поглед, изразот на ликот каде остава простор да се замислиш дали е насмеана, сериозна или исплашена.

    Сликата низ историјата ја следат бројни скандали, неколку пати украдена па повторно вратена, што лично сметам дека оригиналната е закачена на некој приватен имот :)

    Слика полна со шифри и броеви, мистична, уникатна, а која е вистинската вистината за Мона Лиза само сликарот си знае
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    794
    Нема тајна. Постојат такви луѓе што кога ќе ги видиш делуваат смирено, смело и мистериозно. Имал човекот талент и го насликал така, да може да го почувствува било кој што гледа на сликава.
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Има некоја мистерија, ама мислам дека не се работи за ништо од особена важност.