1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајна (Ронда Бирн)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 12 септември 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Дали сте ја прочитале книгата Тајна од Ронда Бирн,што мислите за книгата во која како и многу други книги говори дека само со позитивна мисла се остваруваат нештата кои ги посакуваме во животот,дали сметате дека има вистина во тоа или пак имате свое лично искуство кое е слично на тоа што е дадено во книгата? :)
     
    На meredith му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тајна од Ронда Бирн

    Ја немам читано.Од тука дознавам дека е добра психолошка книга,па би сакала ако може да се спушти од интернет ако некој знае линк од сајт нека пише.
     
    На meredith му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Тајна од Ронда Бирн

    Најглупо потрошените 600 денари во мојот живот.
    Прво,нема никаква литературна вредност.
    Второ,на женава и текнало да си го средува животот,па собирала податоци од секаде,за да се оправи.Момент на лудост или дали едноставно апчињата почнувале да и дејствуваат и било подобро и си рекла,еееј па ќе направам книга!Книгата е како сликовница и се гледа дека е пишувана од некој кој нема врска од психологија.
    Трето,цело време едно та исто се врти.Значи добиваш впечаток дека книгата нема ниту почеток,ниту крај,а камо ли други елементи.
    Четврто,некои веруваат во оваа тајна,а некои во случајност.Поголема е веројатноста да е случајност.
     
    На bonbonka и unique123 им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Тајна од Ронда Бирн

    Не читам самопомагачки книги.
    Тајна, Калуѓерот со Ферарито и тие од Ог Мандино... не можам да сфатам како се така популарни, кој ги чита бре? :^)
    Освен ако во блиската иднина не налетам на наслов Самоуништете се за 10 секунди! па ќе ја купам во десетина примероци за најблиски пријатели и познаници. :D
     
    На kankus, LittlePinky, aNy-to и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тајна од Ронда Бирн

    Значи не е нешто посебно добра за читање? :^)
     
  6. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Тајна од Ронда Бирн

    Мене ми се допадна, се зависи од тој што ја чита и од неговите погледи кон одредени работи.
     
    На Lora121728 и joy1 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Тајна од Ронда Бирн

    Не е до сфаќањата,до книгата е.Одвратна е.

    Е ова,ако сакате да го читате,во ред.Во цела книга се повторува истотот.

    Женава врска нема.Ниту е научник,ниту е психолог,обична домаќинка на која не и одел животот,прочитала неколку книги за самопомош (како оние што ги спомена Трендафилка) и напишала книга која е мешавина од се што прочитала или како што реков,апчињата почнале да делуваат,па оваа си мислела дека е од книгите и ете ја книгата.Само што ти прави добар маркетинг.Се промовираше кај Опра и тоа е тоа.
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    23.929
    Тајна од Ронда Бирн

    Другарка ми само вакви книги чита.. Ја не ги поднесувам. ја купив Калугерот, ја почнав и на оставив после 10 страни.. катастрофа.. Секој си дава за право да соли памет
     
  9. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Тајна од Ронда Бирн

    Не обожавам книги во тој стил како што е Тајна.Знам што сакам и што треба да правам не ми треба тоа да го прочитам од книга.Сакам да читам нешто интересно,возбудливо.....некој крими роман од агата,некоја љубовна приказна и нешто слично.
     
  10. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Читајќи ја Тајна, Калуѓерот и Демијан на Хесе почнав многу да верувам во моќта на потсвеста. Значи 6 месеца бев зацепена во момче што не му го знам ниту името, ниту од каде е,па потоа на чуден начин испадна јас и тој да се запознаеме и да влеземе во врска и тоа тој мене ме побара. Си мислев дека сум го привлекла со моите мисли. Но сега на друг начин гледам.
    Тајна е роман,што нема поетски вредност,но се гледа дека е потрошено труд, а и на многу луѓе може да и помогне книгата.
     
    На Lily92, ♡BuBaLe♡, wolf4e и 5 други им се допаѓа ова.
  11. VioletButterfly

    VioletButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Мене не ми се допадна ВООПШТО. Иако сакам вакви книги од време на време, не знам, премногу америчка...
     
  12. klaudija90

    klaudija90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Ја имам прочитано книгата, од моја гледна точка ми се допадна (не затоа што ми ја подари дечко ми).
    Не е тешка за разбирање, се работи за нашата потсвест, е сега Бирн сака тоа да ни го претстави и преку лични искуства, многу доктори, психолози со цел да допре до нас, ако навистина сакаме да си го промениме животот на позитивно. Не само Бирн зборува за потсвеста, сум читала и од Ошо и Џозеф Марфи и мн. други, но сепак тие се многу повиско рангирани од нејзе. Сепак треба да и` се оддаде почит за делото, бидејќи имала желба да го пренесе нејзиното лично искуство преку искуствата на другите во врска со Тајната.
    Ако ја прочитате можете повеќе да добиете отколку да изгубите.
     
    На Lora121728 и seksi им се допаѓа ова.
  13. Warning

    Warning Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    си ја прочитала не си ни пробала да ја применуваш и викаш дека се најглупо потрошени 600 денари ,ко прво незнам зашто на книгата не ставиле забрането за идиоти најверојатно немало даи ма вакви коментари али книгата е одлична и претставува прирачник како преку мокниот процес на визуелизација да се ставиме на иста фрекфенција со работите кој ги сакаме и со тоа да ги привлечеме кон нас ,ова не се глупости кој ги напишала некоја домакинка ова се работи кој пред да бидат напишани од ронда бирн биле казани од најголемите умови на светото ајнстајн,платон,буда да не набројувам има многу .До сите останати кој ке го прочитаат коментаров верувајте му на ајнстајн на буда или на платон кој рекле дека мислите стануваат реалност или верувајте и на некоја која дреме на форум и нема нисто повеке у зивотот Ч)
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Де бре ворнинг не мораш толку да бидеш наострена.
    Секој со своето мислење.

    Инаку не очекував толку негативен став за книгата. :) Јас ја прочитав и што знам .. не е многу лоша. Си ја земав од Топер 400 денари или така нешто. Ми се допадна. Можеби не навлегов кој знае колку во книгата ама ако ништо друго барем ме поттикна малку позитивно да размислувам и кога нешто стварно сакам си замислувам како да си го имам а после поубаво се чувствувам па и заборавам што сум сакала :D И онака кога ќе ми дојдат некои лоши мисли ми текнува нешто од книгичето и си викам ајдеее ма мечко немаш ти потреба од олку негативни размислувања и си ги вртам мислите накај нешто позитивно.

    А во тоа Ајнштајн рекол. овој рекол оној рекол - во ништо не верувам. Ниту Ајнштајн ми бил другар па ми кажал ниту некој друг па тоа не го перцепирам премногу. :D
     
  15. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Може некој да ми каже отприлика за што се зборува во книгава? :)
     
  16. LennaF

    LennaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Тајната, Мокта на потсвеста на Џозеф Марфи и книгите на Ог Мандино, не се такви дела кои ги прочиташ и ги ставаш во фиока како романите, ги разберш и толку , ги помтиш. Ваквите книги кои не учат за позитивната мисла и мокта на човечкиот ум се повеке прирачници. треба да научите како да ги користите. Луѓе сме сите губиме мотивација, се повредуваме, не повредуваат, паѓаме во некоја депресија, во таквите мигови се потпираме на тие книги, во таквите мигови ке ја видите нивната мок и ке разберете дека тие се вистинко богатство.
    "Мислите стануваат Нешта "- Тајната
    "Можеш да зготвиш вечера за мажот со помош на електрична енергија, а можеш да зготвиш и маж" :)



    Lenna
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  17. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Ја немам читано книгата, ама како што прочитав од вашите коментари, се работи за книга за самопомош. Ги спомнавте погоре книгите на Ог Мандино и морам да кажам дека јас го обожавам тој автор.
    Точно дека многу од тие книги за самопомош можат да бидат досадни и да се повторуваат, со оглед на тоа што денес секој втор станува автор за самопош па дури и познатите деловни луѓе почнаа да пишуваат книги за како да станете успешни, но сепак според мене книгите на Ог Мандино не се потрошено време, многу се поучни ако тоа што го читате почнете и да го применувате.
    И тоа не се книги што се читаат само еднаш и толку веќе, туку треба да се потсетувате повеќе пати.

    А тоа дека треба да веруваме во сопствените мисли и во својата потсвест, е убаво опишано во книгата Моќта на потсвеста, барем ја има пишувано стручњак.
     
    На LennaF му/ѝ се допаѓа ова.
  18. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Точно така само ја земала и ништо понатака, или си само бендисана или неможеш да ја разбереш книгата, Зашто одма со негативно мислење за писателката па како викаат старите послушај паталец а не гаталец значи писталеката ти кажува како надминала некои тешкотии во животот. Мене книгата многу ми помогна, ме смени, има сега и нова книга од неа и уште подобра е се вика Повеке за Тајната исто ја има во Топе и поефтина е него првта некаде оклу 300 денари мислам.
     
    На Rubiii и seksi им се допаѓа ова.
  19. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Книгата е прекрасна. Не ја применувам многу, но се надевам ќе почнам. Има многу вистина и многу корист од неа. Секој си има свое мислење, но ако сте ја прочитале треба да гледате малку попозитивно, од она што некои напишале. Но, добро. Ако имате верба, љубов, мислите позитивно, се' се постигнува. Сето тоа добро си го знаеме. Но писателката добро ни го има објаснето. Да, секогаш може уште да се пишува на тоа, но секако е вложено труд и е добро реализирано.
    Но, тие неубави мисли, е навистина тешко да се отргнат. Мислам ќе ги отргнеш, но ете постоеле. Јас која премногу размислувам, не знам дали е можно постојано да испраќам позитивни мисли, но ќе се потрудам. Има големи вистини во книгата. Се повеќе ја сфаќам книгата и се трудам да и се навраќам и да ја применам.
     
  20. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Бирн преку " Тајна " си ја остварува нејзината си тајна ... Кој знае колку милиони си замислила Ронда од книгата да си добие :D :D :D Како почнаа турбо со преводи , може и се надминала себе :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.