1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тајна (Ронда Бирн)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 12 септември 2010.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Баш денеска за книгава ми кажа професорката по филозофија . Имало и документарец , ќе ни го пуштела да го гледаме . Инаку таа ја применила оваа теорија и вистина така испаднало . Залепила слика од нешто , мислела позитивно и и се остварило . А јас морам се да пробам , и ќе го пробам ова :lol: .
    Сакам да ја земам книгава , да ја прочитам :) .
     
  2. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Ја обожавам книгата. Татко ми ме запозна со неа. Претерано ми се допадна, и еве сега на полицата ми стои и „Моќта“ - второ издание на книгата. Баш ми е мило што се појави ваков жанр на книги. Ми помогна многу и бескрајно сум и благодарна на Ронда Бирн. :) :D
    Позз, Феминки :* :D
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Може прашањево ќе ви звучи глупаво, ама јас би го поставила сепак.
    Ја прочитав книгава, и ненормално се пронајдов во секој 5ти ред!
    Очигледно ми стана од каде си навлеков толку маки во последниве 2-3 години :x

    Ја сфатив и пораката на книгава, меѓутоа неможам да си ги контролирам црните мисли, пред се за здравјето.. Само мислам дека имам нешто по разни делови од телото, и ќе си речам доста доста, ама моментално ми е тоа доста, се до следната црна мисла...
    Како да почнам од внатре да ги осеќам тие позитивни чуства и да се отарасам од чудата црни што ги мотам во глава, било здравје, било факултет, било љубов....
    Ако ме сфати некој и знае за совет, кажете, може и лп, да не бидеме офф тука. :)
     
  4. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    незнам за вас на мене ми е досадна ама се зависи и од тоа кој што чита и од која страна гледа на животот и како ги свака работите
     
  5. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Мене ми беше досадна во смисла на тоа што не е стандардна книга со заплет, расплет, туку само се нафрлани мислења на многу стручни лица, и јас скокав страници :)

    А инаку поентата и е добра, иако за теоријава дека ако нешто силно сакаш цел универзум ќе собере сила да ти помогне да ти се оствари, од секогаш сум знаела, па затоа и не ми беше ништо ново книгава :)
     
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Уствари сака да каже "бидете оптимисти"
     
  7. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Јас не би ја потценила оваа книга така лесно како некои од вас.Треба да ја прочиташ на правилен начин,со отворена душа за да ја почувствуваш,не да ја сватиш затоа што оваа не е книга за сваќање!И баш поради тоа мислам дека е далеку подобра од многу други книги.
    И вистина е дека е точно како што некој кажа погоре :lol: и кај мене имаше дејство.Ова не е книга,ова е магичност.........
     
  8. Belieberka666

    Belieberka666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    од која издавачка куќа е книгава?
     
  9. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Јас ја читав книгава иначе преферирам да читам љубовни романи ама не се каам што ја порчитав....се чудев како тоа така се дешава ама би рекла дека има нешто во тоа.....зависи кој како ја сватил книгата мене се на се ми се допаѓа што ја прочитав.
     
  10. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Дарага Душичка книгата е прекрасна а има од истата авторка уште две книги уште поубави Повеке од тајната и другата се вика моќта на тајната прочитај ги и кажи дали ти се допаднале.
     
  11. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    ја имате во сите продавници на ТОПЕР.
     
  12. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Ја немам читано книгата, ниту ја следев дискусијата тука, но го имам гледано документарецот. Фактот дека дел од луѓето кои зборуваат за остварување на сите желби и законски стекнато богатство, луѓето кои наводно се многу трудољубиви и упорни, па универзумот им ги исполнил желбите, е баш тие луѓе кои не уверуваат во релевантноста на книгава и „Тајната“ - завршиле во затвор или под истрага бидејќи должеле пари на луѓе и слично, па дури и ја тужеле авторкава на книгата поради паричниот надоместок кој требало да го добијат со појавувањето во филмот.
    И, за каква тајна зборуваат луѓево?! |(
    Оваа книга, како и сите други книги се ништо друго, туку манипулација со вашата потсвест. Значи вие длабоко во потсвеста си всадувате мисла дека вие можете да имате се и да постигнете се и некои по упорни всушност успеваат во тоа.
    Но, не е се толку едноставно како што тие го прикажуваат, а цитатите на големи мислители ги превртуваат во своја полза и го лажат народот.
    Ако вие успеете во животот и вашиот успех и го препишете на некоја ваква книга, сте се излажале. Сте успеале сами, со тоа што некој ја изманипулирал вашата потсвест. Или поедноставно кажано - ве мотивирал да успеете. Не за џабе велат дека упорноста се исплати. :)
    Никогаш нема да пробам да си го подобрам животот водејќи се по овие книги за самопомош, иако има доста книги кои променуваат животи, но тие се напишани од имиња кои заслужено се нашле на листата на најголеми писатели на сите времиња! :!:
     
    На julie77 и sanjalica им се допаѓа ова.
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Јас пак имам многу различно мислење за книгава. :)
    Си ја сваќам на мој начин, ја обожавам.
    Ми се допаѓа, не можам ништо лошо да кажам за книгата.
    Супер е, ја имам и Моќта вториот дел.

    И да, моментално е до мене затоа што секој ден ги препрочитувам омилените реченици.
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Јас верувам во секој збор 100%. Верувам во моќта на умот, во фреквенцијата на мислата и во енергијата. Ќе ви кажам од мое лично искуство дека сум го тестирала сето тоа што го пишува и е целосна вистина (и тоа на повеќе пати сум тестирала). Само еден пример - се фокусирав позитивно и размислував точно како што наведува таму за една работна позиција за која ниту бев квалификувана, ниту имав врски, ниту ништо. И ќе ви кажам дека од 400 пријавени кандидати, влегов меѓу 10 повикани на интервју, а од тие десет Ј-А-С бев одбрана за работата, така што...ќе повторам-без искуство во таа област и без никаква едукација за таа работа т.е. никаква квалификација и без ниту една врска... Може добро сум се продала на интервјуто, ама пред се да ме повикаат на интервју од 400 кандидати, со мојата биографија која е тотална контра од огласот... Ај рест мај кејс.. :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Има и трет дел Повеќе од тајната.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. katerince.27

    katerince.27 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Дали сте ја прочитале книгата Тајна законот за привлечност? Тоа е нешто како да привлечеш позтитивни работи кои ги сакаш со помош на позитивни мисли.Јас сум ја прочитала и ми се промени животот, не многу ама има разлика, има ако некој ја прочитал нека сподели искуство.
     
  17. FeminkaDoKraj

    FeminkaDoKraj Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    49
    Dali ste ja procitale knigata "TAJNA"zakon za privlecnost

    јас имам прашање: ми звучи како корисна книга,а би сакала да знам од кого e ако може да ми кажеш?
    би сакала да ја прочитам кога ќе имам послободно време, баш ми треба таква книга бидејќи секогаш ја гледам негативната страна на се,морам да почнам да размислувам попозитивно :).
     
  18. anggell

    anggell Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4.763
    Допаѓања:
    8.766
    Пол:
    Женски
    Dali ste ja procitale knigata "TAJNA"zakon za privlecnost

    Книгата е многу добра, многу поучна. Вреди да се има во домашната библиотека. Јас откако ја прочитав веднаш си ја купив за себе. Не еднаш, вреди повеќе пати да се прочита кога ќе ни падне самодовербата, кога мислите ни одат во негативен правец. Накратко книгата не насочува и поучува дека најголемата моќ се наоѓа во самите нас. Всушност мислите се нашата моќ. Она што го замислуваме најчесто тоа ни се случува. Има и филм, не сум го гледала, затоа што мене книгите секогаш на поубав начин ми ја доловуваат суштината и содржината. Книга си е книга ! Книгата е од Ронда Бирн, вреди да се прочита :)
     
    На eliesaab и FeminkaDoKraj им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Dali ste ja procitale knigata "TAJNA"zakon za privlecnost

    книгата е навистина добра
    Јас си визуелизирав настани кои подоцна во остварувањето беа слични на замислените, па одкако ја прочотав книгата ми стана појасно како да си ги привлечам работите што ги сакам, но не секогаш успева. процентуално гледано ми се изполнувале работи до 40%, но и тоа е напредок.
    Книгата вреди да се земе и да се има. Исто добра книга која ми помогнала е и книгата на Лујза Л. Хеј - моќта е во вас, а следна која планирам да ја читам е Како да го излечите својот живот од истата авторка

    Еве мал дел за книгата

    Ако сте заинтересирани за "Тајната" топло ви ја препорачувам оваа книга и ве охрабрувам да ја прочитате ако не поради тоа што е во неа, тогаш од чиста љубопитност ( како и јас што ја прочитав ) за да видите што Ронда Бирн сакала да сподели со нас преку ова дело!!!



    Големата Тајна на животот е законот за привлечност, бидејќи сличностите се привлекуваат, па кога размислувате за нешто тоа нека биде позитивно затоа што истовремено привлекувате слични мисли!
    Мислите ви се преобразуваат во стварност затоа што тоа самите сте го повикале со сопственото упорно размислување!
    Колку е поголема љубовта што ја чувствувате толку поголема ќе ви се врати!
    Ако нешто посакувате треба да верувате и да размислувате како веќе да го имате тоа што сте го посакале!
    Однапред осмислете го својот ден, размислувајќи за тоа каков посакувате да ви биде!
    Очекувањето е моќна привлечна сила. Очекувајте го она што го посакувате, не очекувајте го она што не го посакувате!
    Заблагодарувајте се секој ден!
    За да функционира некоја врска фокусирајте се на она што го цените кај другиот, а не на она што ви пречи!
    Правете го она што сакате. Ако не знаете што ве радува, запрашајте се: "Каде е мојата радост?" .... итн. да не ви пишувам повеќе за да можете да прочитате и откриете и вие нешто ново, па затоа Уживајте!!!

    еве ја во пдф формат но на српски јазик
    http://www.ivantic.net/Ostale_knjiige/B ... _Tajna.pdf

    а веке имало и тема за книгава, па може тамо да се префрли
    knigi/tajna-ronda-birn-t3102/10.html
     
    На FeminkaDoKraj му/ѝ се допаѓа ова.
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Воопшто не ми се допаѓаат вакви книги за т.н.самопомош.
    Сум ги читала (со скокање нормално и не сите) не за друго, да знам што толку фама околу нив.

    Чисто перење мозок...
    Како ќе ми се промени животот освен што ќе ги земам еве да речеме работите здраво за готово и оп од сега позитивно, мхм.. така...
    И мислам позитивно и ме гледаат како фрик бидејќи тој што мисли позитивно замара други дека тоа е од корист и мора сите да знаат што читал и советува луѓе и само за тоа зборува, можеби два три-четри месеци, како прочитал нешто, како му е подобро па и тебе арно да ти направи. (Примери околку мене што ужасно ме нервираат).

    Поубаво ќе земам прозорци да избришам да видите кога ќе ви светне дома каква позитивна енергија ви доаѓа, отколку да бидам подложна на вакви, за мене, трауми.

    Тие што немаат за леб, тие што немаат финансии за да се излечат од некоја болест, децата без родители, која е за нив тајната? Како тие да мислат позитивно? Не е плукни-залепи...
     
    На sanja.burgundy му/ѝ се допаѓа ова.