Здраво и добредојдовте во светот на Ребека Блумвуд! Овде, сега и со неа започнува една луда, забавна и незаборавна приказна. До сега оваа приказна има 3 дела преведени на македонски, но таа не завршува овде, нови продолженија уште излегуваат бидејќи Софи Кинсела сфати дека светот се заљуби во оваа девојка. Доколку не ви пречи да ја читате на англиски, сите 5 дела можете да ги купите кај нас. Ребека е новинар. Работи како советник за управување со парите, а своето слободно време го поминува во шопинг и трошење на сопствените пари (повеќе отколку што ги има). Confessions of a shopaholicТаа живее во луксузен стан, се дружи со џет сетот, а нејзиниот плакар е преполн со парчиња облека што едноставно „мора“ да ги има. Беки постојано се обидува да смисли начин за да заработува повеќе пари и да намали со трошењето, но тоа едноставно не ѝ оди. Единствена утеха ѝ е да си купи нешто, барем некоја ситница. Ова е една луда девојка каква до сега не сте запознале. Ова е една необична девојка која ќе ја засакате, која ќе Ве натера да се смеете без престан. Ова е првиот дел од една приказна која не смеете да ја пропуштите. Силно Ви ја препорачувам оваа книга со сите нејзини делови, ќе ве насмее до солзи и ќе ве наполни со позитивна енергија која ќе трае со денови... Ако оваа книга едноставно не ви е доволна, тогаш продолжете веднаш со вториот дел, Купохоличарка во странство...
Јас пред два дена ја купив,вчера почнав да ја читам и не можам да ја оставам. Работа не можам да си потерам од книгава Многу е интересна и опушта ептен.Ја препорачувам на сите што сакате да избегате од секојдневните грижи. Софи Кинсела ми е одличен автор на чик литература.
Забавна, пријатна и лесна за читање. Има и филм за Confessions of a shopaholic. И тој е многу интересен.
како што реков ја купив, ја прочитав и сум воодушевена, многу позитивно влијае и те расположува а искрено и си се пронајдво во ликот на Беки многу пати ... сега ќе одам во потрага по уште од позитивната дрога на Софи Кинсела
Го имам цел комплет сите книги на КУПОХОЛИЧАРКА ги купив во Рамстор...1500 ден беа сите заедно спаковани во прекрасна кутија,и ја имам прочитано првата само а за другите кога ќе имам време летово можеби,,,сега имам испити.Ми се допаѓа,за опуштање.
Книгата ја неам читано филмот го гледав ми падна во очи така интересен е па во план ми е да си ја земам
Има и филм според книгата? А како е насловот, на англиски, мислам Упс, го најдов The secret dream world of a shopaholic, ако и некој друг не знаеше
Одлична книга за „перење“ мозок Лесна, забавна и знае да ве опушти. Ја препорачувам на сите оние кои не ја прочитале!!
Книгите ги немам читано, но затоа филмот го имам гледано добри 10-тина пати Беки е закон Планирам да си ги купам и книгите, прочитав подоле сите делови за 1500 денари во Рамстор Каде од Рамстор? едит: Мила насловот е Confessions of a shopaholic со Исла Фишер во главна улога
Планирам да ја купам, само ме интересира колку делови се? Нели беше оваа, па со бебето, па се мажи... Колку се?
Го купив првиот дел во Скопје,и многу ми е криво што не ги земав сите (не живеам во Македонија). Знае ли некој дали и каде можам да ги спуштам по нетов?
Ако можеш да читаш на англиски еве линк од каде да ги даунлоадираш.. Цел серијал се http://sakamknigi.mk/index.php?option=c ... &Itemid=39
Го имам прочитано само вториот дел. Од филмот тотално се разочарав бидејќи во него се измешани многу делови од првиот и вториот дел. Значи додека го гледате филмот вие всушност ги читате двете книги. Инаку книгата е одлична за оние кои имаат повеќе слободно време и сакаат чик литература.
Значи неможам да опишам колку се поврзувам и пронаоѓам во Беки.Софи Кинсела,дефинитивно автор над авторите,секоја чест на креативноста,идејата за ваква книга.Значи читам и не ми се верува.Сите 5 дела ги прочитав за една недела,а имаат по 300-400 страни.Ги имам читано милион пати и секој пат кога ги читам ми е како прв пат.Едноставно такви книги ме оставаат без здив.Секој ден трчам по книжарите да проверам да не искочил и "Мини купохоличарка" . Спуштам капа на Софи, !
Ги обожавам книгите за Купохоличарката Ги имам читано ,, Купохоличарката и нејзината сестра ,, и ,, Купохоличарката и бебето ,, и ми оставија одличен впечаток. Сакам и да купам и другите : 1. Confessions of a shopaholic 2. Shopaholic takes Manhattan 3. Shopaholic ties knot Филмот пак Confessions of a shopaholic го имама гледано мноооогу пати и никогаш нема да ми стане досаден
Тајниот свет на една купохоличарка Купохоличарката во странство Купохоличарката се мажи Купохоличарката и нејзината сестра Купохоличарката и бебето Мини купохоличарка Последниот дел е веќе преведен