Во поглед на состојки за тестото и нема некоја разлика со нашите јуфки. Во поглед на дебелина и сечење на резанките, има. Кај италијанските таљатели резанките се подебели и подолги. И исто така во поглед на подготовката се подготвуваат al dente (ниту премногу, ниту премалку варени, со идеална цврстина), а јуфките бидејќи се потенки обично се преварени и губат од форма.
Нас ни излегоа 5 убаво големки порции, па ги замрзнавме две со две и последната 5та сама, во кесиња за замрзнување пред подготовка. Инаку можеш да ги чуваш колку сакаш во замрзнувач се до подготовката. Се одмрзнуваат ептен брзо и доколку не ги ставиш после 5 минути од вадењето од замрзнувач може да се одмрзнат и залепат и.. и.. после нема таљатели, каша чорба
Може, само сеуште немаме пробано, инаку посните се прават со брашно и вода/гриз и вода. Сепак на 500гр брашно мислам дека би одговарало ептен малку вода, тестото треба да биде ептен тврдо, па после 'одмарањето' во фрижидер (пред сукање) да се сече лесно со нож без да се лепи
Јуфките се со млеко, јајца, брашно, се сукат танки кори кои покасно пукат. Во италијанските пасти немаш ни вода ни млеко, само брашно и јајца, и сол се подразбира. Поздрав
Во следна прилика, после Богородичните пости правам и сликам. Се варат 7-8 минути оние домашните. Додека има една тенка бела линија на средина од таљатели, пене, шпагети итн. се доволно варени
Па и не баш е лесно ако јадеш два пати задолжително во неделата, два пати да сукаш, тешка е обработката