да не знае некој зошто не можам да го видам мојот tweet replay кога не сум логирана? се надевам дека ме разбравте
Јас вчера направив твитер и се снаоѓам некако али немам врска кого да следам па да ми предложите некои занимливи твитерџии и некои кои би ме следеле секако а И не знам што да твитам па дали би било во ред ако само ретвитам или пак да ми дадете некои примери што би можела да го објавам како твит
Бев одлогирана и отидов на твитот кај што коментирав, ама на тоа место пишуваше tweet unavailable (така нешто), а кога сум логирана можам да си го прочитам, и затоа прашав, да не е работава само ја да си ги читам коментариве, сам пишуваш сам читаш фала на одговорот
Да не ти е private twitter-от? Бидејќи ако ти е, ќе може да ти читаат коментари, твитови итн, само тие кои те следат. А ако ете некој набљудува одлогиран, автоматски тој нема да има пристап да гледа ништо што ти си постирала, коментирала итн.
А може ли да се пријави лажен прфил на твитер, ако некој отвори во твое име на пример, или користи лажни податоци?
Имам твитер, но не го користам често. Многу е испомешано ти се појавуваат твитови од луѓе кои ги следиш и не ги следиш. Го користе кога имаше икс фактор и си кометирав и читав некои коментари за шоуто зошто навистина имаше смешни коментари. Инаку твитер е многу популарен кај славните, бар според мене.
Првиот твитер го направив во 2009 и дека немав поим како се користи и што, го оставив и после 4 години нов акаунт направив. Мнооооогу голема разлика спрема фејзбук и онака тој стана досаден го деактивирав пред некој месец. Фала богу сега немам роднини кои ми манијачат по твитерот ко на фејзбук. Твиташ што сакаш, дали на некој му е галје или не, исто како сам да си збориш . 24/7 сум на него .
Направив Твитер пред неколку месеци но се нервирав со него Потоа го деактивирав и сега пак имам но не го користам баш.
(Ако сеуште го имаш) можеш да следиш познати личности, youtubers, viners итн. Јас порано многу твитав бидејќи ми беше fan account за 1d и 5sos и само нешто за нив lol. Но сега само rt rt rt. Всушност смислата на Твитер e да ги следиш славните и интересно е кога профилот ти е фокусиран на едно нешто, на пр. 1d и username - iloveharrystyles, на профилна niall horan, име - liam payne pls follow me, и цел ден твиташ stuff like 'louis ilysm', 'zayn pls come back', '1d saved my life', и ќе си најдеш такви losers со профили како твојот и ќе си се допишуваш со нив и ќе бидете bffs преку интернет и тоа е тоа. Инаку во ред е ако не твиташ мислам nobody would care if u tweet about ur life. Јас би те следела но не сакам тука да си го 'откријам' профилот soo yep.
Имаше нешто шо не ми одеше во прилог со стариот Твитер профил и затоа ете си напрајв нов: https://twitter.com/Catwoman______ Во првиот не ми штимаше воглавно несредноста шо си ја носат сите овие (многу, многу, -- Јули 2012) години од активно „висење“, ако ме пратите пишете ми во порака кои сте за да си знам да не е кога читкам врска да немам.
Се мислам дали да го активирам пак... додека не поминале 30 дена па да ми го избришат еднаш засекогаш
Јас ич не го користам ниту објавувам ни ниш така ми стој, а на фб ги следам објавите на НАЈДОБРИ ТВИТОВИ и се газам од смеење ..
Одамна ги читам овие поинтересните твитерџии по сајтовиве за твитови на фб, па решив конечно да си напраам акаунт за полесно и попрегледно да си читам, плус и странски славни личности да следам Еве ме... Андромеда, мило ми е https://twitter.com/__andromeda96
Твитеров е океј работа за тепање време и, иако веќе ретко, има ликови што се навистина досетливи. Ама па, колку што има интересни твитови, петкратно има повеќе глупости - твитање на секоја мисла, па колку и да била глупа, патење по внимание, силување на актуелен хаштаг, хејтање без врска, а и делува ко таму 95% да се очајно сингл и се немаат општено уште од палеолитска ера. Го имам од 2009та, ама не го посетувам многу. Немам ни клан да ми е интересно. Лани се активирав на оној „Филм во живо“, ми дадоа и маичка и карти награда, ама не бев во можност да си ги земам. Не ме следат многу, уште помалку па следам, ама има ликови што се нашле на листа уште одамна, а не знам ни јас како и шубе ми е да отследам. Онојпат гледам неотворени пораки од 2013та. Викам, па што бе, ќе речам извини, во вц бев. Пратете пп кој сака, че се пратимо. И ќе ви ги хејтам твитовите после.