И јас имам твитер, ама не сум "твитерџија". Само шернувам инста фотките на него и читам чат-пат нешто од странските јавни фаци. Од македонскиве слабо следам, само тие што мене ме заследиле, па ај да не бидам лош и да ги игнорирам. Ко што кажа Опи, повеќето се ептен тупаџии.
Се заебав, заразно е. Иако уште го мислам 90% од тоа погоре. Али ево ви профил, дај да се најдеме/дружиме и таму кои сме. Ми треба клан, ја сирак ли сум.
Хахаха, 90% бев сигурна дека си ти, ме заследи и по стилот одма ми асоцираше на тебе, а и те фејвам и ретвитам цело време Супер што барем таму те има и си те читкам, оти тука ми се губиш и ептен ми фали твојот хумор
https://twitter.com/Khalees41163350 еве го мојот твитер. Не користев долго време и сега ми дојде идеа да отворам, но да не биде со лични информации, туку да постирам за тоа што најмногу го сакам. И ете тоа што ми е голема љубов е таа серија.
Ај кој има твитер плиз одговорете ми на анкетава каде би оделе летово на одмор. Фала! Линк до анкетата: https://twitter.com/Buchk0/status/1280872541972836354 п.с. И ако не се следиме на твитер, кажете ми кои сте, па да се заследиме
Ај нека ми помогне некој што се разбира во твитер. Мене ми го направи братучетка ми ама не може изгледа веќе да ме трпи со прашањата. Сакам да го сменам никот, т.е. тој по кој ме пребаруваат. Дали може некако? Сакам да го сменам од причина да има смисла со тоа јас што сакам да го објавувам на твитер. Некако се ми е натрупано и не ми се свиѓа. Сакам сите статуси да си ги склопам од почеток по некој мој редослед како мене ми се свиѓа. Многу се опседнав сега знам. И ми треба некоја инспирација за name на твирет според тоа што иам у план да го постирам. Ако некој сака да ми објасни нека ми пише лп.
Бев активен твитерџија долги години, уште од почетоците на популарноста на Твитер во Македонија. Идев и по твитапи, запознав многу кул луѓе, за жал со ниту еден не дружиме веќе, сите по различни патишта. Немам веќе твитер неколку години, исподојдоа разни луѓе, партиски ботови, плус многу копираа и преведуваа туѓи твитови и така билдаа фоловерси, тоа не ми се допаѓаше. Дополнително, некако го надраснав, и не ми беше јасно како уште има луѓе што со години твитаат и тоа по цели денови, на секои 10 минути имаа нов твит. Доста му беше на Твитер