Имав пред некое време па го деактивирав ...Пред некој ден незнам што ми текна да направам нов ...Искрено бетер е од фб за манијачење и не е ниту малку интересен ..Интересен може да им биде на оние што постирааат постојано кога биле во вц , кога и каде јаделе , каде биле итн ... Не е ништо посебно .
Jaс долго време имам твитер, и си се допшувам со луѓе, ама немам слики поставено, имам слика од знаме на Мк ,слика моја му имам пратено само на едно дете со кое стално се пишиме, а сега сме и на фб пријатели, не ми е мн сигурен твитерот, лесно се копираат слики, незнам можда потака ќе ставам слики сеа за сеа не , ама и на твитер има опција да си го заштитиш профилот, и да се гледаат слики и постови само кај тие што взаемно се следите, а други не...
а ако си го прилагодам да не може да ми го гледаат сите, дали ке ми го гледаат тие сто ги следам а не ме следат ?
И јас си имам твитер и редовно си го користам. Како онлајн дневник ми е. И слики си ставам и се, само што малку луѓе го имаат од кај нас.. Погоден е за keeping in touch with celebrities. Јас режисери контактирам преку твитер и сл. Мислам дека ќе може да те гледаат само тие што тебе те следат, без разлика дали ги следиш ти повратно или не.
Во прилагодувања, кај шо се менува име, лозинка и такви работи можеш да го заклучиш да не ти се гледа, а иначе да тие што те следат можеле да ти гледаат се
Имам и јас твитер ама речиси не го ни користам. Мислам не твитувам нешто или такви работи. Туку повеќе ми е за да следам некои фудбалери или познати фацки, за друго нешто не ми баш служи . А и не го разбирам искрено, некако нема баш некои којзнае какви опции. Па од таа причина не разбирам зошто има толку што се заразени со него, иако мислам дека кај нас не е баш популарен.
хахаха Блек, цел тим на Барса и Барса Б, некои играчи од Реал се наоѓаат , шпански репрезентативци, и наши ракометари, кошаркари, фудбалери, омилени пеачи, ама во главно се спортисти , некој ако гледа шо луѓе следам,гарант си има речено оваа мањак за фудбалери :geek: !
Можеш да си направиш да немаат дозвола да те следат сите, т.е прво да треба да ги прифатиш за да те следат. Нешто слично како friend requests на фејсбук.
Имам твитер а го користам само за манијачење на познатите.Во денот морам еднаш да го отворам бидејќи тие познатите фаци што се ни минута не одмараат кога и да отворам слика или пост од нив и така .Тие постираат јас гледам и чекам некој да ме follow (ќе си дочекам).Али интересно ми е
Опседната сум со твитер Редовно си се уклучувам , се допишувам со луѓе, ги следам познативе и чекам follow back ( ама тешко тоа ) , гледам што е ТТ , знам да си прикачам по некоја слика и така
И јас имам твитер, веќе година ипол. Од тогаш до сега дали 10 пати го имам отворено. Многу ретко го користам, од проста причина што многу ретки се луѓето овде што го користат, за разлика од странство. Инаку, ќе може некој да ми каже како да направам да може да ме следи некој без да бара дозвола од мене?
На профилот, над tweets, following, followers ти е Edit your profile => Account => Tweet privacy, одселектирај го Protect my Tweets => Save changes
Твитер имам веќе 3 месеци и искрено станав зависник. Редовно сум си на Твитер се допишувам со повеќе фанови на One Direction ( извинете за латиницава ) и секако манијачам профили на познати.. Супер ми е...
Имам твитер и највеќе го направив поради Џастин за да ги гледам неговите постови. Го користам само кога сум кај сестра ми бидејќи кај мене дома не ми се вклучува :/ .
Јас имам твитер и ништо не сум напишала хахаха не главно само се уклучувам да гледам постовии на познатите и сите шти ги сакам од познатите ги имам на твитер и многу сакам кога објавуваат нивни фотки....
Ништо не е посебно твитер, но не е толку лош. Мене ми е добар, сега нема се, но можеш да следиш славни личности. Ми се допаѓа што нема лајкови, а има опција re-tweet Следам јас за Убави мали лажливки, сите ги следам, некои други серии, пејачи, многу другари и другарки. Популарно ни стана па сите си направија, и се следиме.