Имам твитер,го направив уште на времето кога не беше толку познат. Е сега арно ама му го заборавив пасвордот,ако некад ми потреба ќе морам да си направам нов
https://twitter.com/nepishuvam Од пред некоја минута, тазе. Ќе ме направи среќна ако ме follow-не некој, било кој.
Јас имам твитер и порано повеќе користев колку да читам што постираат славните но сега го оставив одам и таму двапати месечно колку да не ми се наљути
Јас пред некој ден си направи Твитер и не ми е баш нај јасно како се работе на тоа.Само знам нели кој ме следат и кој јас следам друго ништо не ми јасно.Ако сака некој нека ми појасне
значи за да добиваш инф. од славните и од други лица ти мора нив да ги следиш а нели ако некој сака од тебе да добива инф. тебе треба да те следат. е сега тука нема лајк и слично како на фб ама тука има retweet и favorite ! retweet значи објавата од личноста која ја следиш да ја ставиш на својот профил т.е. да ја споделиш со твоите следбеници. а favorite значи да ја зачуваш објавата која ти се допаѓа или поради сл. причини и коа ќе ти треба ке ја најдеш во фолдерот favorites кој се наоѓа на твојот профил. Овде нема чет ама затоа има direct messages каде можеш да разговараш со луѓето кои и ти но и они те следат. доколку ти следиш некоко а тој не те следи тебе тогаш ти неможеш да му пратиш порака. Кога некој ќе те ретвитне или ќе те тагне во некоја објава овде нотификациите ти стигаат во @Connect таму одиш и се ќе ти се појави... инаку на твитер срциња и такви ствари не се со истите значи како на фб туку се со други но многу е лесно и едноставно и брзо ќе сватиш се... се надевам дека успеав бар малце да ти разјаснам
читам вака барате комуникација со следачите т.н. фоловери твитер е за споделување кратки информации (според мене најчесто од познатите фацки кои нели лично ги водат профилите а не како на нашиве фан страните на фб и твитерот што им го водат менаџерите -.- ) а не договарање за на кафе или за излегување или незнам ти што уште не. е сеа доколку не следиш луѓе кои твитаат луди ствари нормално досадно ќе ти е али тука треба и во тебе да постои тролаџија и не се жалете на 140 карактери твитер не е за пишување романи туку за споделување информација, шега, досетка и слични ствари. најдете интересни луѓе кои ќе ги следите и воопшто нема да ви биде досадно. толку од мене кој има твитер и сака да се следиме нека ми пиши лп
сосем се сложувам со тебе! мене па твитерот ми е интересен на посебен начин... има нешто што го нема фб и тоаа ми се допаѓа но ете не го сакаат многу луѓе од Македонија но тоа е секој има свој вкус
Си направив пред 5 минути. Чисто онака да си следам некој, ми тражеа по фејсбук некои да ме следеле ако сум имала.
имам твитер интересно ми е скоро сите другарки имаат јакичко е а и плус ги следиш познативе до кај се