Морам да се самоцитирам ми текна пасвордот од твитерот и сега еве веќе неколку месеци сум активна.Инаку мене искрено ми е позабавен твитеров од фејсбукон.Нема лајкови. Нема тетки,стрини вујни што ќе ми коментираат по твитовите. Ако некој случајно сака да ме следи слободно нека ми пиши ЛП
Твитерот е доста актуелен, и решив и јас да си направам јузер. На почетокот неможев баш да се снајдам, а и не ми се допага некако.Само следиш некого и ништо посебно. Не сум се уклучувала а и пасвордот си го заборавив
Немам и не сакам да имам. Јас на фб не ставам статуси, а не па да смислувам твитови креативни. (a нејќам да ставам безсмислени глупости) Не е тоа за мене. Плус и сите ги пренесуваат твитовите на фб, така да, во тек со настаните сум.
Мене ми е многу интересно секој ден првин твитер па фемина па фејсбук на крај Има доста интересни работи. Се согласувам со Ана дека нејадобро е што нема баби,дедовци,чичковци,стрини...
Значи имам твитер и многу ми е забавно.Но денеска ми се појави еден проблем.Пишува дека профилот е суспендиран и немам ни folowing ниту пак folowers.Тука се само моите твитови и ништо повеќе. Ако може некој да ми објасни што се случува ќе му бидам многу благодарна
LoveIsAllAround суспендиран ти е,ако имаш потврдено имејл адресата можеш да го вратиш ако не прави си нов
Неам ама често отварам од кај други да читнам по некој интересен твит! Има доста креативци меѓу твитерџиите,ама јас искрено неам време да се бафтам со смислување на твитови!
Дефенитивно е подобар од Фејсбукот. Нема лајкови, нема аск , нема коментари, и ги нема останатите Спојлер сра*а на фејсбукот. Ми се здосади да гледам дак фејсови, коментари од типот: најубава си срце мвах , "прашајте ме нешто, досадно ми е, Таа и таа is feeling wonderful ,sad, pretty, excited , и она кога ќе иде некаде, мора да пише на статус "Чао, чао" ... Твитерот е шемата Доста е креативен и можам еден куп кретаивни твитови да си пишувам, а доколку тоа го напишам на фејсбукот, Фејс фаците ќе ме сметаат за чудак. Sad, but true.
Обожавам да твитам и читам твитови има доста креативци. Анонимни се да ама како што рече некој погоре нема миничи , деклотиња само твитчиња и тоааа многу добри , ме нервира само коа ги крадат и ги ставаат на фб
Нова сум на Твитер, пред 5 минути си направив профил Веќе следам околу 50тина познати луѓе, и веројатно само тоа ќе продолжам да го правам, за твитови пишување не ме бидува Ама интересно е, досега можев само да ги гледам твитовите на омилените актери, а сега ќе почнам и да коментирам И да прашам, она favorite е нешто како лајк или ... ?? И каде оди тоа што сум го лајкнала, до профиот ми се покажува или како?? истото и за retweet, се покажува на профилот или не??
favorite се прикажува кај тој а retweet е нешто слично како крадење на статус ама пишува од кого е напишан и од кого е ретвитнат и твоите следбеници може да го видат тоа а и кај него се покажува дека ти си го ретвитнала твитот
Незнам зошто се лутат ако украде некој твит :geek: .А бе човек горд да биде да си го прочита неговиот став и мислење на туѓ фб
The truth has been spoken!! Јас во последно не пишам многу твитчиња, претежно на англиски пишам. @ArashiEmma и секогаш пратам назад. :geek:
Користам твитер, ама само за да следам одредени профили, не за да пишувам. Јас да се изразам во само во 140 карактери? - Невозможно!