Самохраните мајки не се канцер на општеството, канцер се оние што на 30 години чекаат уште од мама и тато да појдат до кафич да испијат кафе, да си купат цигари и да стават бензин да повозат некој круг. Тие кои чекаат навечер пари од тато да се излумпаат во некоја дискотека или кафана а преко ден чекаст на мама јадење и чисти алишта. Самохраните мајки се херои на општеството кои мајчински сакаат и воспитуваат, а татковски штитат, се борат и заработуваат.Секоја ни чест
Таквите морони се канцер. Ако израснал со двајца родители дефинитивно не израснал во поволни услови , што самохраниот родител лавовски се бори да му ги пружи на своето дете.
А што ако на пр самохраниот родител е вдовец, треба да се премажи/ прежени за да не е канцер на општеството ? Па подобро ли ќе е детето да расте со фрустрациите на партнерот на неговиот родител,бидејќи не е негово? Или пак подобро е да расте во средина полна со расправии, викање, тепање? Каква личност ќе е тоа дете тогаш? Тоа ќе биде канцер
Дали некој од вас тука знае како Миа остана бремена? Дали знаете дека ина Нефина е разведена со грк? Ова се болни умови зграпчени во канџите на социјалните мрежи,кој се јаки само на тастатура,они се најмалце вредни да се спомнуваат,Господ на нив не им помага а не па некој друг. Се знае што значи самохрана Мајка,а што значи канцер. Го имаат промашено животот овие кутри луѓе. Да сте здрави и живи сите,борете си се за својте права и за својте сонови,а на вакви турете им пепел. Spoiler: Dragan Tanevski Некој ги стави самохраните мајки на тапет. Ги прозва. Се обиде да ги исмее. Да ги омаловажи. Требало од нешто да се срамат. Биле некаков канцер. Немале идентитет. Нема никако да те наречам тебе кој тоа си го изјавил. Јас за многу луѓе како тебе немам имиња. Ама за самохраниве мајки имам. Имам многу имиња, јуначки заслужени. Хероини, урбани амазонки, ангели од месо... по потреба цунами, торнадо и ураган, кога некој ќе им допре во децата, идентитетот и каузата. Тие, иако најчесто биле жртви, не ни помислуваат да живеат како жртви. Правдата ја барале по судови, каде место правда добиле потсмев и ругање. Но кренале глава, пуштиле канџи и го грабнале животот за врат. Јас таков решителен поглед немам видено ниту кај еден воин. Како знам? Ме одгледала таква, самохрана мајка, која ти ја нарекуваш канцер. Да, почина од канцер. Ама не беше канцер. Таа беше лек за канцер. И за сите други болести. Со поглед не лечеше. Со допир не исцелуваше. На себе ги земаше сите наши грижи. И крцкаше грбот од тежината, ама тоа е цената на детската безгрижност и мајките спремно ја плаќаат. Да, тие се лек за своите деца. А нив кој да ги лечи? Не, тие за себе немаат време да одат по лекари. Дека мораат да обезбедат топол, чист и удобен дом за своите деца. Ти рече - да ги ставиме на тапет и да им се смееме. Јас велам - да ги ставиме на билборд и да ги славиме за она што го прават. Што мислиш, некој што работи две-три работи за да им овозможи нормален живот на децата е за потсмев и прекор? Некој што мора да издржува потсмев и омаловажување и пак да остане бескомпромисен заслужува потсмев? Некој што станува и мајка и татко заслужува да го наречеш канцер? Не знам, можеби ти излетало тоа што си го напишал, можеби било непромислено. Ама едно знам. Си се закачил со опасна сорта на суштества.
Очигледно не-самохраната мајка на дотичниот не си ја завршила добро работата, штом пораснала такво говедо. Сега едно сериозно прашање, што точно подразбирате под терминот самохрана мајка? Јас долго време мислев дека самохрана мајка е онаа која родила вонбрачно дете, односно која нема никаква финансиска помош од страна на таткото. Разведените мајки (треба да) добиваат алиментација додека децата не наполнат, децата на вдовиците ја земаат пензијата на починатиот родител додека студираат или додека не наполнат 26 години. Самохрани мајки, разведени мајки, вдовици ми беа три блиски а сепак засебни категории но потоа видов дека повеќето ги ставаат во ист еден кош наречен, нели- „самохрани мајки“. **** Од мое искуство, разведените татковци кои ги знам (освен еден) сите се понесоа по паролата „бивша жена, бившо дете“ и не се воопшто присутни во животот на децата, ни емотивно ни финансиски. Се надевам татковците од твоето опкружување се понеле почовечки кон своите деца
Што сакал да каже авторот. А тоа што со твитот му реплицираше на лик кој им се обраќаше на овдешниве мајки, тоа никому ништо а?! Којзнае колку твитерџии се здружиле за да му помогнат на другарчето да смисли вакво нешто, пошто нАли, слабо IQ... изгаси акаунтот и се скри наместо да даде контрааргумент. ГреФ.
Ааааа, тоа дечкото всушност ја оправал социјалната и буџетска политика на Америка а не тресел зелени од што е глупо говедо. Он фин и загрижен за Америка а ние останатите кои реагиравме сме ем тапи па погрешно сваќаме ем сме лоши и нетолерантни, така? А сакам да прашам, следејќи му ја логиката- што е со оние девојки кои дечковците ги оставиле во моментот кога останале бремени? Ете, не биле сингл пред ама станале сингл откако забремениле, зошто забремениле. Кој е тука вистинскиот рак на општеството, ммм? Не џабе рекле „кога ќе се роди женско, и стреата плаче“. Мислам, феноменално е да си жена - остани бремена па или ќе абортираш и ќе те прогласат за убиец, или ќе родиш па ќе те прогласат за рак на општестово. Извините ама- еб*те општеството...
Мислам дека никој не треба да се нарече канцер на општеството кога не му ја знаете причата. Ни самохраните мајки, ни дечково со ставот, ни тие по 30 години дома што седат и чекаат од мајка и татко, ни татковците кои оставиле самохрани мајки. Морализирање на сите страни, а да си во чевлите на тој некој... потешко. Под содржината има длабоко јака структура. Ни таткото е морон, ни мајката е канцер. Се десило дете, најубавата работа на светот и како такво треба да постои и расте најдобро, неговата мајка да има поддршка од државата. А луѓето? Луѓето ќе зборат. Некогаш ќе има што да се каже, некогаш ќе нема, ама тоа е тоа. Мајка на крајот од денот секако е херој. Тој идентитет секако е на пиедесталот, а сега каква е како пријател, човек, партнер, колешка, другарка, познаничка, љубовница, сопруга, може да биде широка палетата, ама за улогата мајка, не смее ни збор да се каже. Му нагрнаа гнев за напластени работи. Он бил сакам кажам, не знам речам, тоа е работата. Колку самохрани родители има во брак и тоа функционален брак, јер другиот е глуп. Они се све супер, ама за се друго што треба... едниот влече баш за се. Разведени и вдовци и вдовици па воопшто не смеат да се вбројат во ваков контекст, тоа е ужасно. Па тие не ни имале избор човече, па уште и некој да ги навредува?! Иако во разводите многу често се манипулира и мести во споровите да го добие старателството едниот родител, па другиот покажува револт, па не ни плаќа алиментација. Тоа веќе се спорови не за родителство туку љубовни расправии. Нема врска со родителство, они влезени се во филмот да се светат и себично едниот да ги ГРАБНЕ децата. Тука се расправаат како љубовници, а не како родители. Ви викам во Македонија немаме психички и ментално здраво општество и крај.
Јас мислам дека од самохраните мајки нема поголеми борци и посилни луѓе(секако има и исклучоци)....ако грешам исправете ме
Сaмoхрaнa мaјкa е тaa кoјa летa пo зaледени скaли и лaзи 20 метри пo плoчникoт вo сред грaд, не зaтoa штo се плaши зa себе туку зaтoa штo сooчувaјќи се сo реaлнoстa мисли сaмo нa еднo - штo ќе прaви oвa дете без мене? И oвa не е хрaнење нa егoтo и пoпулaризирaње нa некoј твит, oвa е мoмент кoгa се мaвa шaмaр нa oпштествoтo и се прaќa силнa пoрaкa: пoстoиме и мoжеме.
OUUU I TE KAKO MOZEME !!!!!!!!!!! UBAVO NAPISAL NEKOJ, KOJ SE ZAKACA SO NAS NEMA DA MU E LESNO, NIE SME OPASNA SORTA !!! STO BI SE REKLO NE SI IGRAJ SO VOLCHICI TIE SAMI LOVAT I GOZBUVAAT.
Нема поголеми борци од самохраните мајки..Само нивно жртвување и борење..снаоѓање ..Сами во секоја ситуација..Сами со сите силе се борат да му обезбедат се на детето.Од јадење,пиење,облека,пари за одмор,пари за искачање,родендени,(шминки+ накит)поклони и уште што се не..Поинаку е кога имаш 2ца родители,а друго е кога станува збор само за еден..Тие жени не се канцер..ТИЕ СЕ ЛАВИЦИ..
Да бидеме реални, твитов е дебилен без мера, ама дека така се гледа во нашето црвливо општество на жените кои сами одгледуваат дете (со исклучок на вдовиците), така се гледа и тоа е жалната вистина. Можеби мал процент од нашето население размислува попрогресивно во однос на оваа проблематика, ама се останато гледа понижувачки на жените кои се наоѓаат во ваква незавидна положба. Мажите оставени сами со дете/деца се херои, жените расипнички кои ако не му чинеле на тој некој, нема да му чинат и на друг. Затоа и толку се ''заштитени'' истите. Затоа и немаат ни 1000 ден сигурен приход од бедната ни држава. Оти така им се програмирани закржлавените мозоци на оние кои живеат во неа и оние кои ја раководат.
Кога една ина многуфина и ред други како неа се прославуваат со исмевање на луѓе и собираат лајкови, више нека не ве чудат ни вакви како овој .. Особи без мозок.