Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Твит: Самохраните мајки се канцер во општеството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од macencef, 22 јануари 2017.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Да се згрози човек од вакви говеда.

    Изгледа немаат некој поблизок што е самохран родител, па затоа јадат бурек наголемо...ама нели иднината никој не ја знае...Може во иднина токму овие ќе бидат самохрани родители, па нека осетат на своја кожа.

    Туку, тешко на деца со вакви говеда. (ако воопшто ги имаат)
     
  2. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Пред 3 гoдини се зaчленив нa твитер не нaјдoв oпцијa зa чaт и не се ни вклучив веќе. Не знaм ни сеa дaли имa, aли aкo немa чaт ми изгледaaт пoвеќетo кo oсaмени луѓе шo не сaкaaт мнoгу кoнтaкт сo луѓе и си пишувaaт стaтуси пo цел ден

    Сoнце тoa, сaркaзaм терaл. Кoј нoрмaлен седи пo твитер и пишувa сaркaзaм зa вaкви теми.
    Пaзи 10.00 прoсек имaл нa финки |(

    И пoследнaвa сликa видете јa, се прaвдa сoнцетo декa невидливиoт, несериoзниoт и невoзмoжниoт гo хејтaле и чекaле дa гo пoсрaмoтaт.

    Зaмисли, здрaв, прaв 25-26гoдишен и ти седиш пред кoмпјутер, дремиш и твитaш и се зaмaрaш кoј те зaмрaзил и кaквa зaверa скрoич прoтив тебе. Незaмисливo

    Дa зaклучaм, кoa ќе нaпрaиш глупoст, извини се. Кoa ќе пoчнеш дa се прaвдaш кoе фaјде oд извинувaње?

    Screenshot_2017-01-24-00-37-56.png

    Screenshot_2017-01-24-00-38-05.png
    Screenshot_2017-01-24-00-38-29.png
     
    Последна измена: 24 јануари 2017
    На ku4ence, kjukli, lovely97 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.485
    Пол:
    Женски
    Не го знам кое е пичлето, ама имаме заеднички пријател (37 години е) кој му бил цимер. Се надевам дека пичлето не е толку возрасно, затоа што се понаша како 15 годишен. Еве го сега се правда како било сарказам, бла бла.
    Типката што го хејташе Барон, синот на Доналд Трамп, штотуку беше суспендирана од работа, заради изјава на твитер. Сегде по западот ова се смета за говор на омраза, па фило лепо особата си сносува последици.
    Ама не, кај нас ќе проба да се направи немој маажиште, ќе тресне некоја глупост, а после ќе е плачипичка, као вие сте глупите, не разбирате црн хумор, сарказам...

    Баш заради такви идиоти, имаме многу жени што решаваат да се разведат.
    И точно е, на западот не се женат, баш од таа причина. Оти мажите не се доволно спремни и одговорни за семеен живот. Колешка на 29 стана самохрана мајка, затоа што идиотот решил дека сепак сака уште да си тера младешки живот, журки, пиење, трева, дрога...

    Ама ако, кармата е курва.
    Не се вели како сум, туку како ќе сум (иднината носи разни нешта)

    Ќе го барам на нет за 10 години типот...

    П.С. Немам сретнато дете на самохран родител што е толку невоспитано. Овие неговите... немам зборови.
    Вришти за внимание типот на 30+ години. Лечи комплекси
     
    На Ники., kjukli, Jordanovska-K и 9 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    51.996
    Пол:
    Женски
    Еве солзичка пуштам од што ме трогна статусот.
    Никој не го прашал што мисли со твитот и дали е сериозен. Многу ми е гајле мене што мисли со твитот, кога очигледно беше премногу навредлив.
     
    На kjukli, Bender Rodriguez, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Не ми паѓа на памет да го бранам човеков и да се согласувам со тоа што го напишал, да разјаснам тоа од почеток. Сте кажале се’ што има да се каже во врска со тоа. А ваков твит не ми е ни вреден за коментирање, не знам зошто воопшто го земате за сериозна навреда кога се гледа дека е глупост. Не верувам дека во нашево општество, колку и да е заостанато, ваков е погледот кон самохраните мајки. Овие се исклучоци.

    Ама и оваа Миа со нејзиниот одговор, не е ништо поарна.

    "Латентни педери, воспитувани од простакуши, злоставувани чеда без нималку внимание растени во 'нормални семејства' со сите на број, истрауматизирани комплексаши од едикојси град..."

    Иксќуз ми? Ако може поопширно да се произнесе по муабетов?

    Пак да се разбереме, не ја коментирам ко самохрана мајка. Во тоа е веројатно добра, иако не мора нон-стоп да го истакнува по социјални мрежи. Веќе врапчињата на гранките знаат дека работи на три места, океј е.
    Ама со одговоров, не е ништо подобра од него. Скроз исто ниво на ментален развој.
     
    На mira.mira, ludoto19, sparklie и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Само јас ли не го разбирам сарказмов дури и откако го објасни? :^) Еве баш си размислував, да сакам саркастично да одговорам на твитот на којшто тој одговорил, ќе речам нешто во стилот на „Богами многу е важна пријавата“ или „Да, тоа е најголемиот проблем“.

    Бат детс џаст ми. Можеби јас сум глупа, а тој е попаметен.

    А во Америка се отепаа од пари давање кога ќе се роди дете :rofl:, платено породилно отсуство немаат повеќе од 40 дена, немаат ни здравствено осигурување бесплатно, а не па друго. Ако немаш кој да ти го чува таму... :x или ќе плаќаш градинки по илјада и кусур долари месечно или ќе седиш дома и сам ќе си го чуваш. Веќе ако дава такви примери, нека прогуглне и нека види во кои земји и каде помага државата.
     
    На ludoto19, kjukli, Jordanovska-K и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.816
    Допаѓања:
    8.650
    Пол:
    Женски
    Миа ептен погодена се најде. Штом дојде таа да брани нешто било што немам никаков коментар. Дечкото убаво си кажа дека коментарот бил ироничен, ама мора Миа по некого да плука...
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Неписмениот пишал „чекаЈа“ „имаЈа“
    Што др да се каже.
    Него немало потреба цела тема за некј имбецил.
    Имаме тема за самохрани родители.

    Viktor Jordanoski abe vidi go so im se pravdas [​IMG]:D
    mafni gi tamu napisi hitler was okay i guess, pukanki spremni i smej mu se kako se praet svetici...gleajte go ovoj ne gleaj te me mene se site so si se "pronajdoja"...so to so se natkrenaja samo pokazaja dek TIE se ustvari neizziveani so samo ceket negde rokce za da ne im e NIV zivotot promasen, glup i dosaden, a ne tebe. Poso da ne im bese ke zaboraea na tvitot po 3 sekundi, ko sekoj normalen coek. Ali nareden pat namerno pisi vakvi raboti na umot da im se smejme [​IMG]:D
    P.S. 95% od tie so vregaa ko gjupki se onie so pisea ispovedi na femina na vremeto, i sea nemat pojke pa morat vaka da pisime za da gi trolame xD
    Ми се допаѓа · 1 · пред 8 часа · Изменет
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Stop making stupid people famous.
     
    На ku4ence, Summerlover, biGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Многу е битно што мисли со твитот, всушност тоа е се што е битно.

    Замисли кажеш нешто во муабет со пријателка мислејќи дека зборуваш во доверба и после твојата пријателка пренесе верзија од тоа што ти си го кажала од точка до запирка точно, ама без контекст и без тонот во кој си го кажала. Секако ќе се најде некој што ќе рече не е битно што мислела Crimson кога тоа што го кажала е премногу навредливо.

    На пример, можам да кажам "Хитлер не направил ништо погрешно" сериозно и можам да го кажам саркастично, на заебанција и сл. Самите зборови не значат ништо, тие се само средство за пренесување на тоа што е вистински битно - тоа што си го мислела. Луѓето не комуницираат исклучиво со зборови. Поголемиот дел од комуникацијата е невербален.



    Еве како тие „НЕзаостанатите“ општества реагираат на вакви појави.

     
    На supertoasty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Не ве ни исчитав до крај, само првата и делумно втората страна и не ми е јасно како не ве мрзи да коментирате на вакви твитерски будали.
    Се чудам дали тие воопшто имаат свој живот надвор од твитер и фејсбук.
    Таква опседнатост од твитер, фејсбук па и форум се болест на ова модерно општество, болест која тешко се лекува.
    Мене ми е жал за таквите твитерџии кои подалеку од носот не виделе а се прават некои филозофи и јадните неизживеани душички постојано исмејуваат, се прават интересни, коментираат нечиј живот.
    Да да, таквите ко Инаабеептенмногуфина, еве овој нездравиов и таа некоја помаранџа, а и слични на нив чии твитови шернуваат на фб и цело време ги бришам или блокирам.
    Еден совет од мене, кој искрено се надевам дека ќе го прочитаат и применат-Почнете да живеете! Своите компјутери и таблети донирајте ги на сиромашни или деца без родители, кои за разлика од вас ќе ги употребат за нешто корисно, да научат некој јазик, некоја програма, бесплатно да го прошетаат светот, а не како вас искомплексирани будали со широки газови од седење пред пц и по цел ден твитање и следење кој ви лајкнал на твитот.

    И прво нека станат мајки па после нека коментираат како е да се биде мајка кога си сам и без помош од било кој !!!
     
    На 1209 и kjukli им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    По не знам кој пат, ќе го поставам прашањево на новоотворена тема – Која е поентата? Која е поентата на отварање на нова тема на која всушност не може да се дискутира? За да се сложиме сите дека типот што го напишал твитов е морон? Или за да се натпреваруваме кој повеќе и посочно ќе го извреѓа? Стварно не разбирам.

    Секој кој поминува барем по некој саат дневно на интернет се соочува со барем 10 различни глупости од овој калибар секој ден. Дали секоја од нив заслужува посебна тема на дискусија на форумов? Нормално дека не.

    Од друга страна, многу ме изненадува фактот што толку внимание му се придава на некој рандом анонимен тип од твитер и стварите што ги пишува. Да беше барем некоја медиумска личност, политичар или естраден лик, па да дискутираме за неговата глупост вака колективно. Иако, и у тој случај, ќе можевме тоа да го направиме у темата „Македонските јавни фаци“, без да има потреба да се отвара посебна тема.

    Искрено, не знам од што сум повеќе разочаран – од тоа што се дигна толкава прашина и воопшто му се придаде толкаво значење на моронски твит од рандом анонимус или од тоа што квази-селебрити фаци од интернет сферата ја искористија глупоста на твитерџијава за да собираат поени. Фала многу, Драган Таневски, да не те прочитавме, самите немаше да ја сфатиме ноторната глупост на твитов. И фала што ги нарече самохраните мајки „опасна сорта на суштества“, because that’s not offensive at all.

    Патем, ме чуди зошто никој не се осврна на твитот на кој овој спорниов твит му беше реплика – оној, „Што ќе му речат самохраните мајки на детето кога ќе треба да напише татково име и презиме?“ Овој твит, според мене, по својата глупост е еднаков на оној на Махоски, а и по навредливоста на содржината не заостанува многу.

    Дали самохраните мајки се виновни за тоа што нашиов систем е заглавен некаде во 19-ти век, и сеуште се бара татково име на одредени пријави, наместо едноставно да стои „име на еден од родителите“.

    Што ли ќе каже твитерџијава тогаш за децата без родители, израснати во дом? Чие име ќе стават тие на пријава, кога немаат ниту еден родител? Хахахаха, какви лузери значи, ај ако не да напишеме еден твит и за децата од дом и да им се изнасмееме и на нив. (facepalm) Пошто нели, што ќе се напише на некоја мочана пријава е од круцијална важност за животот на една индивидуа. Зашто очигледно, нечиј ограничен мозок функционира на овој начин.

    Наместо да се запрашаме зошто сме толку заостанати како општество и сеуште инсистираме на татковото и исклучиво татковото име на некојси таму пријавни листови, ние се прашуваме што ќе му каже самохраната мајка на своето чедо кога ќе треба да пополнува ваква небулозна пријава.

    Што се однесува до самохраните мајки пак, ќе си земам за слобода да речам дека нивните чувства и сензибилности воопшто не се навредени од твитот на некојси тупав, непознат твитерџија. Најверојатно, повеќето не ни чуле ни за него, ни за твитов.

    Самохраните мајки се всушност многу повеќе повредени од односот на средината кон нив, затоа што, парадоксално, многумина од тие што застанаа во нивна одбрана против „страшниот“ твитерџија и неговите неумесни коментари, се оние истите кои ги покажуваат на улица, им шушкаат зад грб, им делат епитети како „оставена“ и „распуштеница“ (затоа што кога брачен пар ќе се разведе, мажот е едноставно разведен, ама жената е оставена, нели) и генерално, не ги оставаат да си го живеат животот на раат. Тука е секако и општеството, кое не нуди буквално никакви привилегии за вработените самохрани мајки со мали деца (ниту финансиски надомест, ниту право на почесто отсуство од работа), туку згора на целата нивна мака, сеуште печатат формулари и пријави на кои се бара исклучиво татковото име.

    Мислам дека самохраните мајки би биле благодарни кога сите ние би биле помалку загрижени и револтирани од напишаното од страна на некој небитен лик на твитер за нив, а посвесни и посовесни во нашиот однос кон нив, и како индивидуи, и како општество.
     
    Последна измена: 24 јануари 2017
    На supertoasty, Silver.E, 1209 и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Не е битнo, aмa ич не е битнo. Единственo е битнo декa изгубил време терaјќи сaркaзaм нa oсетливa темa, сaмoтo тoa е глупoст кo првo.

    Зoштo дa кoментирaш нештo шo и дa не гo мислиш знaеш декa ќе предизвикa реaкции. Нели е пoпaметнo дa преќутиш?
    O чекaј, пa тoa му беше пoентaтa негo. Гледaм не е нештo пoпулaрен нa фб пa мислел декa ќе нaдoкнaди нa твитер.

    И уште се прaвдa декa некoи oд твитер се свртеле прoтив негo и сеa гo нaчекaле. :hug:
     
  14. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Не е попаметно да преќутиш зашто цел твитер е губење време. Тој што го напишал самиот твит губел време, тие што него го коментираат губеле време, ние сега губиме време...
    Ако е попаметно да преќутиш подобро да го изгаснам интернетов, што ќе ми е.

    Глупост е да мислиш дека тролал ради внимание зашто тој само изгубил од целата оваа ситуација.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    51.996
    Пол:
    Женски
    Па добро, ама тој бил свесен за ова се кога го напишал твитот.
    Како поинаку би протолкувал "самохраните мајки се канцер"?
     
    На kjukli, Priroden, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Имаше слика поназад во темата кај што објаснува дека зборел за тоа како во западните земји имало класа на жени што забременувале без намера да се мажат и со единствена цел да добиваат помош од државата.
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.016
    Допаѓања:
    51.996
    Пол:
    Женски
    Тоа беше скриншот од приватна порака со скриени имиња и ништо од тоа не го пишуваше во твитот.
     
  18. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Знам. И? Човекот беше ставен на столбот на срамот и осуден од цело општество, со име и презиме обележан, без можност да се одбрани, само врз основа на една реченица ставена на твитер.
    Можда грешам ама за мене е претерана реакцијата.
     
    На supertoasty му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.222
    Допаѓања:
    56.910
    Пол:
    Женски
    Епа сега сарказам е или за Американците зборувал?

    Воопшто не е ни тоа ни тоа, само се обидува да се извади после глупоста.
     
    На okcenzi и sanjaeva им се допаѓа ова.
  20. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.208
    Допаѓања:
    77.485
    Пол:
    Женски
    Се додека такви имбецили можат да ''коментираат и да останат живи'', ќе живееме во такво општество. Треба да се донесе закон со кој секој говор на омраза ке се санкционира. И децата треба да се воспитуваат од мали. Очигледно многу родители потфрлиле.
    Као напиша на твитер, ха ха пресмешен сум, а после се укака брзо брзо и почна да се правда, твитерот го избриша, бргу и без фб ке остане.

    А тој ако сака да коментира за западот, прво нека дојде да живее овде, па после нека коментира како што се дешава овде.

    Повеќето самохрани мајки што ги знам, се такви заради неодговорни мажи, и овој е типичен пример.
     
    На black-angel и okcenzi им се допаѓа ова.