Не реков дека е конкретно сарказам. Реков би можело да биде. Не може да се оцени што сакал да каже авторот врз основа на една линија текст. Види не сакам да го бранам. Целата поента ми е дека е пологично наместо да се збори како тој бил глуп ваков и онаков, и сите напади на неговата личност, да се заменат со напади на самата изјава, во смисла: зашто канцер бе друже, сингл мајките се хероини, тие се лавици...на што го темелиш тоа мислење бе друже? Си запознал сингл мајка? Знаеш со што се соочува? Итн.. Тоа би било рационален одговор. Наместо тоа ние имаме thought police. Кажуваш нешто што не се слага со мислењето на мнозинството и одма си ненормален ваков и таков. Слично, ако некој каже дека земјата е рамна плоча откако ќе престанам да се смејам и видам дека е озбилен ќе му докажам кратко и јасно со факти дека не е во право, наместо да му речам дека е ненормален. Ме разбирате што сакам да кажам?
јас мислам дека нема потреба да се коментира муабетот/твитот на некоја вонсериска будала што очигледно го напишала твитот за да стане популарен/на.
Иронија, јок. Damage control? Оуу, колку да! Очаен (и очигледно неуспешен) обид за санирање на штетата, сега откако се рашири твитот по социјалните мрежи. Му отиде репутацијата на дечкото па ај сега некако да ја спасуваме ситуацијата.
Баш тоа е спротивното на тоа што треба да се направи. Секој говор треба да биде дозволен, барем од законот во најмала мера, а и од општеството во целокупниот социјален живот. Зашто, единствено така изумираат тие погрешни гледишта, само кога самото гледиште ќе биде предизвикано, а не кога ќе го заќутиш противникот. Сето тоа што го кажавте на темава за самохраните мајки: дека биле лавици, хероини итн., сето тоа издигање на пиедестал, треба да може да биде предизвикано. Зашто на крајот на краиштата, ако е вистина не треба да се плашите, лесно ќе го докажете тоа. Башка што ова не ни беше говор на омраза. Говор на омраза треба да повикува на насилство. Ако само искажува мржња, не е нелегално.
Дечкото очигледно е нешто многу огорчен во животот ,и незнам што му се придава толкава важност па сега секој психички нормален и НЕнормален има пристап да интернет,што повеќе да се коментира.
Претерани реакции и емоции за не толку битни работи се нешто што често ме одбива а се пренесуваат од еден на друг ко зараза. Сме победиле тим, два или три во кошарка/ракомет, славиме, плачеме, се собираме, пееме, постираме знамиња...нареден ден изгубиле па читаш -глуп, го научил некој дека статива треба да избегнува, што му е, морон, слеп ли е, кој му дал топка...ко мали деца, ко емоционално незрели, ко чкорче лесно запалливо, ко тинејџер со полудени хормони...и бранењето оди во друга крајност што исто не ми се допаѓа. Тука на форумот еден куп слични реченици па се научивме како да решиме по кратка постапка, дали со исмејување составено од една или две кратки реченици или со игнорирање, или еден пишува малку подолг пост со објаснување и завршува приказната, обично оди во канта на крај и толку. Што е сега ова по фејсбуци, форуми, славни личности, секој втор се одзива, уште на клада да се стави. Непотребно, доста беше, ок е, би кул.
Самохраната мајка ја нема таа привилегија да облече убави чизми со штикла и наутро да влезе во загреана кола. Гојзериците и се моден детаљ кој совршено и прилегаат со лопатата со која го рине замрзнатиот снег . Убаво е кога денот кој ти почнува, некој би ти го крстил губитнички, а тој е всушност победнички.
Јас колку што разбрав, типот им беше нафуран на самохраните мајки затоа што раѓале деца само за да земаат помош и да го цицаат буџетот. Е сега, не ми е јасно зошто не им е лут на несамохраните мајки што раѓаат деца само за да земат додаток за трето или четврто дете? Демек ако имаш маж е ок да родиш трето дете за да земаш 10 илјадарки месечно, а ако немаш тогаш си канцер, иако во вториот случај е многу потешко, во секој поглед? Всушност, ако веќе зборуваме за трошење на буџетот, има многу побитни работи, има рамковно и партиски вработени паразити кои земаат огромни плати, а не се ни појавуваат на работа, има злоупотреби на земјоделските субвенции, злоупотреби на социјална помош и инвалидски пензии, односно луѓе кои по ниеден основ не ги заслужуваат, а ги земаат, и на крај имаме фрлање на ооогромно буџетски средства за споменици, односно налудничавиот проект Скопје 2014, а на дотичниот ништо од тоа не му пречи, ама затоа самохраните мајки му се очигледно трн во око. Не ќе да се работи овде за буџетот, нешто друго е во прашање.
Што има ново од овој? Го убедивте да почне да ги почитува и сака самохраните мајки, процесот е уште во тек, или ништо?
Говор на омраза е термин кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина. Тогаш што е расизмот? Дојди во УК и наречи некој дека е црнец/нигер. Го гледаш дека е црн. И да му кажеш, и тој го знае тоа. Ама не смееш да го кажеш, затоа што полицијата ќе ти тропне на врата. И дотичниот имаше 13к следбеници. Затоа и толкава фама се крена. Секој треба да стои зад своите коментари. И да може сам да се одбрани, со факти. За самохраните мајки. Кој познава барем една, ќе се согласи со мене. Тие се лавици и хероини. Дотичниов е искомплексиран до даска. И пизда во душата. Тој ги предизвика самохраните мајки, тие се кренаа да се бранат. Ние (повеќето деца на самохрани мајки) го предизвикавме него, тој избриша твитер. Па се јавија други твитерџии да го бранат. Као добро дете бил. Хаха. Комплекс на мало туле... Ништо повеќе. И ужасно домашно воспитание.
Го уплашивте кутриот... хахах Македонија не може за ништо да се обедини ама против овој сите се обединија. Говор на омраза е релативно нова појава во кривичното право и затоа е доста контроверзна тема. Тоа што е говор на омраза во УК не е во МКД. Така да, што се тиче законот тука, не е говор на омраза да кажеш самохраните мајки се канцер.
Да се надоврзам само на таканаречената одбрана на твитов - дека уствари се работело за сарказам, односно дека мислењево не било озбилно. Ја сум прв кој почитува и сарказам, и црн хумор, па дури и хумор на чувствителни теми - меѓутоа, ова не беше тоа - не беше ни саркастично, ни смешно, ни духовито. Беше едноставно глупо. Ако веќе си решил да бидеш „edgy“ и фураш сопствен тип на хумор, сатира и сарказам, и тоа да го правиш „јавно“, т.е. на твитер, тогаш треба да знаеш на тоа дека не сите ќе ти го доживеат мислењето на ист начин и треба да бидеш спремен на негативни реакции и критики. Искрено, кога почна лавината од критики против него, повеќе ќе го поштував да речеше „Да, тоа е моето мислење, самохраните мајки се канцер - и кој ве ебе!“ неголи со овие трагични обиди за да се извади од глупоста која ја треснал - де сарказам било, де мислењето се однесувало на самохраните мајки од САД. Одбранава му е на ниво на Диме Спасов - само чекам кога ќе каже дека уствари некој друг го пишал твитов од неговиот профил. Да си останеше на своето ќе мислев дека е глуп, но истраен и принципиелен, а вака само мислам дека е глуп.
Абе дури и само во 140 карактери има место да покажел некако дека се работи за сарказам, а и ако е чист сам пред себе дека целта му била да го изруга овој со оригиналниот твит - зошто тогаш го деактивирал и он профилот, наместо да се објасни веднаш? Оваа цела приказна со објаснување прво во пораки на некојси трет твитерџија, па дури после еден ден со статус на фб... баш ми личи на очајно оправдување. А за темава се согласувам дека не е потребна, како и целото внимание што се крена за обични дегутантни твитови на двајца х и у твитерџии за кои барем јас првпат слушам. @malerozna и @Anon, и двајцата сте во право според мене... Малерозна, колку само поубаво место за живеење би бил светов ако како што рече ти - родителите уште од мали ги воспитуваат децата против секаква дискриминација и говор на омраза, I can't agree more Но за голема жал, тоа е далеку од реалноста сѐ уште, и тоа не само кај нас... А со казни ако се воспостават за онлајн говор на омраза, досега и на форумов има доста членови што за слично вака straightforward напишани небулози би требало да одговараат...
Епа тогаш што е проблемот што му се нафрливме сите си ''комплименти''? Ако веќе секој има право да си каже што сака, Махоски е искомплексирано туле, кое пати од комплекси. Затоа и им се нафрлува на послабите (тој мислеше дека се послаби) од него за да се издигне самиот. Секоја акција има реакција. Работата му е, тражили сте, добили сте.
Јас се чудам зошто му придавате важност на некој никој. Што сака нека коментира со вакво размислување е без вреден и никакво внимание не заслужува.
А како ќе стане славен? Еве на пример јас до сега не го знаев, ама сега дури тема му се отвори на фемина
И на твитер кажав и овде ќе кажам, стварно не знам како еден толку глуп твит успеа да стигне на фемина, на фб, на твитер, за со денови да се пишува и у главно сите истото да го кажуваат. Дури беше глупо за лајкови на твитер некои шо се живо и диво хејтаат, баш у тој момент пишуваа одбрани и свашта за самохраните мајки, само за да ги приметат и да ги лајкуваат. 16 годишни станаа самохрани мајки... Да не коментирам па за на Драган Таневски постот, користење ситуација за лајкови и шернувања. Целово ова ми е шта речи, а не заплакати.
Споделувања и гордо прикачување на сопствениот ФБ профил у стил колку е дотичната СИЛНА жена,а стварноста е сосема друга. Ти жено си само разведена жена,кој не е самохран родител,зашто бившиот сопруг ти плаќа дебела алиментација,а при тоа не избираш начин да исклучиш татко на сопствените деца од нивниот живот. Ти не си силна жена Ти си огорчена бивша жена ,која прави освети на штета на сопствените деца.
А самохраните татковци во овој случај шо се? Хемороидот на општеството? -Да знам шо да му пренесам на татко ми, не за друго Епа алал да му е на тој шовинист такви глупости што пишувал, недај боже да остане без тстко од Х причини, тогаш може и лек за ракот ќе измисли. Од вакви си патиме, па уште и без срам јавно си пишуваат... Свака им част