Ама колку сме либерални значи, тој може да треска секакви навредливи глупости, ама сепак треба да му го почитуваме неговото мислење и да го оставиме да се дообјасни. Неразбран бил, душичка. За мене е срамота да немаш осет дека нешто што си напишал пред 12к луѓе користејќи ги тие зборови може да повреди некој. Знак за невоспитаност. И не дека е извадено од контекст, затоа што во моментот кога стана твитот популарен, само тоа го пишуваше, плус уште еден одвратен твит. Отпосле дечкото проба да се одбрани.
Епа и јас кај Ина се имам пронајдено во неколку постови, кои биле тешка навреда за мене (и за други). Ама мора да се премолчи, зошто Ина е Ина, иако не е многуфина. И се имам пронајдено и во други постови, и себе и свои блиски, а, за зад грб зборување да не правам муабет. Секој ден читаме и слушаме навреди. Ама мајкиве се како многу осетлива тема, па сите скокнаа. До вчера многумина не си ги ни почитувале мајките, ама сега им смета твитов. До вчера сум слушала од една: деца со еден родител се вакви-онакви, ама сега и таа мудрува на фб по повод твитов. Лицемерни колку сакаш. ИТН.
Некои работи не би се осмелиле да ги помислиме, камо ли јавно да ги постираме или осудиме. Секоја чест на самохраните мајки по било кој основ. Главата горе и не дозволувајте да ве обесхрабруваат такви непромислени твитови или текстови.
Е не треба да бидеме special little snowflake и на секое мислење што не ни се допаѓа да враќаме со навреди. Многу зрело однесување. Кажав еднаш и не сакам да се повторувам по сто пати: за мене, исправно е да се напаѓа изјавата, не е исправно да се напаѓа карактерот на тој што ја кажал.
Аааа да, самохраните мајки се тие што глумат special snowflakes, а никако тој, 20 и нешто годишен маж што се налутил затоа што никој не го прашал што мисли кога пишал дека самохраните мајки се канцер. Зашто како смее некој да го осудува, па тој кутриот има право на слободен говор. Кога се осмелуваш да пишуваш потпишан со своето име и презиме, треба да бидеш спремен дека може да бидеш лично искритикуван.
Што значи да бидеш лично искритикуван објасни ми. Ако речам Бранко, Љупчо и сега Никола се предавници на нацијата и треба да лежат затвор, сигурен сум дека некој газолижач ќе се појави да ми каже дека јас врска немам, нивниот лидер направил за нацијата далеку повеќе од било кој друг, дека јас треба да ќутам зашто врска немам, дека јас сум соросоид итн... Да речеме дека 15-ти век, Италија, ти викаш Земјата не е центар на Универзумот и можам тоа да го докажам. И некој паметен се јавува: што знаеш ти, ти си женско, дали воопшто имаш образование, дали си нормална, сите ние мислиме спротивно, што се замислуваш, мислиш дека си попаметна од сите нас.... Не знам дали се разбираме. Јас не викам да нема последици од тоа што луѓето го зборат. Те прашувам која е поентата на нападите на неговата личност? Offense is not given, offense is taken. Никој не може да те навреди ако не му дозволиш. И спротивно се и секој може да те навреди ако решиш да имаш тенка кожа, што нема баш да ти послужи во животот. И што е соодветен одговор на перцепираната навреда? Контранавреда? Плукање по личноста на „напаѓачот“? Како што кажав, сето тоа е незрело однесување за мене.
Не сфaќaм зoштo тoлкaвa вревa зa твитoв кoгa тукa и нa кaјгaнa имaм прoчитaни мнoгу пoпсихoпaтски мислењa зa жените и oпштo.
Чекај сега. Тој ничим изазван се огласи на твитер. Знаејќи што се може да му се случи. Има свои слики, плус презимето му е корисничко име. Шо се вреѓа толку многу сега. Проблемот не беше тој коментарот за single mothers, туку тоа отпосле што се силеше. Ама кога го собраа сите, го избриша твитот, пак имаше недолични коментари пишувано, за после да избрише цел свој твитер. Тој го фрли првиот удар. Се после е самоодбрана на оние што се најдовме повредени. Тој е тенкокожата плачипи*ка што бара од неговите другари на твитер да го бранат, ќе се објаснувал отпосле, за америките зборел, западњачките жени такви онакви, ама само тие што намерно раѓале деца... Според некои твитерџии, имал закани по живот. Преку 20. Тражили сте, добили сте му е работата.
Детето е сигурно некој ретардос искрено, а реално сакал да испровоцира за да добие на внимание, ама не му држеле јајцата и тоа е Има различни видови на самохрани мајки коишто станале самохрани од различни причини. Не може сите во еден кош да се стават.
МАКЕДОНКИ САМОХРАНИ МАЈКИ – НЕ САКАВ ПЕКОЛ, ОДБРАВ БЕДА И МИЛИОН ОСУДИ Доколку самохраните родители, особени оние младите, на секој можен начин се обидуваат да ги усогласат секојдневните обврски и што повеќе време да посветуваат на детето, често се соочуваат со осудување од страна на околината. Додека брзаат за на работа, го оставаат детето на училише и што ли уште не, секогаш се наоѓа некој што ќе каже „ Не мислел/а на време“. Нормално, луѓето често знаат да кажат и нешто за тоа како младите, самохрани родители не ги воспитуваат децата добро, премногу работат, па имаат малку време за своите деца, или дека се кариеристи… Притоа, нема да размислат пред да дофрлат, за тоа со какви проблеми се соочуваат младите и самохрани родители, и дека прават се за да ги изнесат децата на вистинскиот пат. Денес да се биде самохран родител, значи да се соочувате со многу предизвици. Начинот на кој ќе балансирате меѓу животот и работата како самохран родител многу зависи од поддршката која ја добивате – социјална и финансиска. Во секој случај морате да побарате помош од блиските, бидејќи само на тој начин ќе можете да му го олесните на детето прилагодувањето со новата ситуација. Јас сум самохрана мајка, а моето ангелче има девет и пол месеци. Да не ви раскажувам низ каков пекол поминав, затоа што тоа сега веќе и не е битно. Доволно е само да кажам дека истиот момент кога останав бремена, останав и сама, и без работа, и се ви е јасно. Како и да е, низ што се поминував, и се уште поминувам е најмалку битно. Битно ми е само моето ангелче, поради кое се уште сум жива, вели скопјанка Распуштеница“ многу грдо звучи. А, така не нарекуваат нас разведените и самохраните мајки. Никој не прашува дали јас сум херој што на свој грб носам две деца, ги школувам сама, ги носам на одмор сама, симнувам температура сама, заспивам со нив сама… ја раскажува за „Дневник“ Ружица П. од Скопје својата животна приказна. Платата ми е 12.300 денари. Би работела и уште една работа, но како ќе растат децата без родителска грижа и љубов. Морав да избирам меѓу беда и деца и пеколен брак, ќотек, ручек и деца. Ги спасив од татко насилник. Разочарана сум од општеството, немам никаква помош ниту од државата ниту од таткото, кој постојано лаже дека нема плата, а оди на скијање во странство и никој ништо не му може. Ана е мајка на десетгодишно девојче. Разведена е веќе пет години и нема никаков контакт со поранешниот сопруг. Дури и нејзината ќерка нема чести средби со татко си, освен за роденден и за поголемите празници, кога ја носи на ручек кај неговите родители. Вели дека финансиите се најголем проблем со кој се соочува по разводот, зашто со нејзината плата не може да ги намири сите трошоци за одгледување на детето. Згора на тоа, дополнителна мака ѝ задава неодговорното исплаќање на месечната обврска кон детето, која ја има поранешниот сопруг. Алиментацијата не ја исплаќал со месеци, а единственото што можела да го направи е да поведе судска постапка, за што исто така ѝ биле потребни пари, пишува Нова Македонија Скоро 12 год. бев самохрана мајка и морам да кажам дека тоа беа навистина напорни и тешки години…со оглед на тоа дека за се мораш сама да се снајдеш и во ниту еден момент никој од државните институции не најде засходно да помогне,не само мене туку на многу други самохрани родители на кои навистина им е потребна помош.Сега сум во брак 1год. животот потполно ми се смени,но годините зад мене и трагите што ги оставија на мене и на моето дете не верувам дека некогаш ке исчезнат, вели 40 годишна скопјанка Јас сум самохран родител веќе 3 години, навистина е тешко човек да се снајде во таква ситуација, но се се издржа и истрпи – причина се децата, вели Мики Емилија Максимовска, самохран родител на близнаци повеќе од година дена користи постојан паричен надомест. Таа објаснува дека нема кој да се грижи за нејзините децата за да се вработи Не бев запознаена дека ми следуваат пари од државата, бидејќи сум самохрана мајка. Откако наполнија децата шест месеци почнав да земам пари. Имам две машки близначиња и морам да се грижам за нив. Во брак никогаш не сум била. Земам 6500 денари и пола од парите ги трошам за млеко. Со остатокот го купувам потребното за децата. Многу е тешко. – раскажува Максимовска за Kumanovonews. Мојот проблем е што сум самохрана мајка на две малолетни деца со нерешено станбено прашање, живееме под кирија, во многу лоши, нехумани, услови, бидејќи не можам да си дозволам повисока парична сума за кирија.Молам за совет и идеја како да обезбедам покрив над глава! самохрана трудница уште малце и без покрив над глава поради неподршка од родителите и незнам како ке најдам крај со крај и премногу ми е тешко…, 23 годишна македонка Самохрани родители најчесто се жени, односно осум од десет родители што ја преземаат грижата за децата по разводот се мајките. Во најголем број случаи мажите стануваат самохрани родители само ако нивната сопруга почине. Како што бележи Државниот завод за статистика, во земјава е зголемен бројот на разводи и сѐ повеќе родители се соочуваат со проблеми во врска со плаќањето издршка за децата. Висината на алиментацијата се движи од 2.000 денари до 50.000 денари месечно, во зависност од висината на платата што ја има родителот што ја плаќа алиментацијата. Нема податоци за неплаќачите на алиментација Самохраните родители имаат право на надомест за најмногу три деца додека не наполнат три години.Истовремено добиваат и детски додаток.За мајка и дете износот на социјалната помош е 4600 денари, а ако се две деца 6600 денари.
Како прво почетниот твит беше нешто во стил: Уште не ми е јасно како пополнуваат документи децата на самохрани родители. И овој Махоски за да се покаже имаше искоментирано тоа што искоментирал, а некои други имаа коментирано и дури и поодвратни работи од типот на: Во наше време ги викавме деца на незнаен јунак или копиле итн итн. И мене не ми е јасно оти баш на него толку му се закачија, го имало и во емисијата бекстејџ неговиот статус и добивал дури и закани по живот. Сметам дека ситуацијата отиде предалеку и можно е дури и да поднесе тужба поради тоа што со име и презиме го дале во емисијата.
Не знаеме за каков вид самохрани мајки мислел. Премногу бргу носиме заклучок. 1) Вдовици? 2) Разведени по не нивна вина? 3) Што биле шитнати од страна на потенцијалните сопрузи кога дознале дека ќе бидат татковци? 4) Тие што не можат да го утврдат кој е таткото на детето?
Е и? И едни и други и трети и четврти се самохрани мајки Каков канцер се? Некој го празнел ( освен прва точка) и не е осуден, ажената е курва, распуштеница, вдовица канцер итн. Да се јават сите мажи што не знаат кај им се копилињата, па да нема самохрани мајки. Јас на таквите како овој махоски би им забранила да имаат деца. Гнида.
7 збора му биле доволни на типот да засере тоа што го градел 20+ години. 7 fucking words човече! Никој не е канцер на општеството. Секој се бори колку може. Животот сервира срања за сите. Има паразити во општеството ама тоа е друга тема. Башка паразит е полесна класификација од канцер. Ако е канцер значи дека се шири и ги зафаќа другите “органи“ (луѓе). Дека го разнебитува и уништува општеството. Самохраните мајки сигурно не се такви. И никој човек не е cancer of society. Може да биде паразит, мрзлив, да чека од другите или сите 3 во 1. Тоа не е навреда, пошто има такви. И е нешто што се надминува ако се сака! Да си канцер на општеството значи да си терминален и да ти нема спас, што и да правиш залудно да е. Е сега треба да се јави нова легенда што ќе го надмине овој рекорд и ќе успее во 6 или помалку збора да си навлече ваков гнев of society. Твитот на типот би го крстил во how to commit a suicide in 7 words.
@Mr.Awesome Политичката елита кај нас е канцер на општеството. Комотно можам да го кажам тоа. Искрено, тоа што му замерам на дечкото е што не останал на твитер да се брани и ако увиди дека згрешил да се извини.
Одлична поента. Тоа е канцер кој никогаш нема да умре. Само метастазира и го зафаќа целото општество и не го пушта да диши и да се развива слободно! Добро е што канцерот наречен вмро полека ама сигурно го отстрануваме. Сдсм се покажа како одлична хемотерапија. Spoiler Нема тема, а да не се замеша политиката. Дечкото е кукавица искрено. На негово место јас би се дообјаснил што сакав да кажам. Немаше да го изгасам твитерот. Ќе уживав во кратката и неславна популарност. Ќе стекнев обожавател(к)и како резултат на моето дообјаснување, извинување и што сум сакал да поентирам. Он сакал да поентира за самохраните мајки во Америка. Уствари сакал да поентира дека во Америка има жени кои се закачуваат за машкото и го цицаат до последен $. Уствари и он немал појма што сакал да каже, битно да се твитне нешто. Епа кога твитнуваш, имај му*а и остани активен до крај и одбрани го ставот. Вака кукавички испаѓа - удараш и бегаш!
Како можете за дете да кажете копиле и после да приповедате морал или то ја знам што уште, а можеби утре ден баш ваше дете и без да знаете некој некаде ќе го вика копиле зш мајка му и татко му биолошките де, не мислеле што прават туку го живееле моментот, де.