1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Тед Ласо (Ted Lasso) [2020]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 8 октомври 2021.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.503
    Пол:
    Женски
    Одличен крај, забавна ќе е 3та сезона. :D

    Се надевам Keeley и Roy ќе останат заедно, баш се слатки. Nate ауу како ме изнервира, ненаситен човек. Ме потсеќа на оние што не се прва класа а се умислуваат дека се. Толку се уфилма и погреши, да не ти се верува. :envy: Ted мислев со докторката ќе заврши ама и тоа не бидна. Делот со Rebecca и Sam, за мене беше малку грозен, не можам лесно да сварам такви парови со огромна разлика во години. Баш ме интересира како ќе го изведат тој дел и дали ќе останат заедно.

    Едит: 9та и 10та епизода (со погребот, мислам таа беше) непотребни беа, и не ми се допаѓа што ги направија епизодите по 45 мин.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.728
    Пол:
    Машки
    Ја изгледав и јас. Не знам како сум ја пропуштил до сега. :D Ми се допаѓа тој англиски хумор што го фураат низ серијата. Ми се допаѓаат и фудбалските зезанции кои знаат да ги направат, за кои верувам дека само човек кој е упатен во фудбалот ќе ги разбере. Се згазив на некој од нив. :D А и самиот речник е тотално пресликан од тој англиски фудбалски свет: mate, lad, banter. Хахаха.
    Јако е и што знаат некои вистински личности да ги истролаат во серијава, или да дадат саркастична критика за цел тој фудбалски шоу биз кој се одвива моментално. Ги исмеваат сопствениците, тренерите, играчите, пандитите. Е за овие има највеќе за исмевање... :D
    Рој Кент е веројатно лик направен по вистинскиот фудбалер Рој Кин, некогашниот број еден човек на Манчестер Јунајтед. Кој го памти, знае каков беше. :D
    Нејт со белеењето на косата, понашањето и последната сцена во Вест Хем, пљукнат Мурињо. Хахаха. Killin' like a villain. Од омилен лик, до најголемо ѓубре. Одличен пресврт и карактер девелопмент, ако може ова девелопмент да се нарече... може, ама негативен.
    Од друга страна, Џејми Тарт се движи во спротивна линија. :D

    И мене ми беа непотребни 2-3 епизоди од втората сезона, како на сила да ги направиле, без никаква врска ниту конекција со тековните настани на серијата. И да ги немаше, немаше ништо да се изгуби.

    Одлично е што серијата не се врти само околу фудбалот, туку и околу личните животи, менаџирањето, културата на Англија и "културата" во фудбалот. Од една страна цел тој гламур, пари, жени... од друга страна прави вредности кон кои треба секој да се стреми во животот. Лекција за сите.
    Уште една добра работа е тоа што е крајно непредвидлива. Те наведува на една страна, на крај излегува нешто сосема трето. И тоа е тоа што задржува внимание.
    Карактер девелпментот е одличен исто така и се чувствува тој сплотен дух меѓу сите карактери како се развива од епизода во епизода и нивното зближување.
    Толку многу, што дури и кога играа против Арсенал во серијата и изгубија се разочарав.
    Да не беше фиктивен клуб, ќе почнев за нив да навивам. :D :D :D
    Gooo Richmond, Gooo!
     
    На minne992, Mishela, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Одличен осврт. Има за сите по нешто, и за оние кои сакаат фудбал и за оние кои не гледаат сепак има добра приказна, win-win. :D
    Фала ти за Нејт за појаснувањето со косата, имаше секакви работи на нет, ама ова не го прочитав. Имаше многу добра приказна неговиот лик вторава сезона, иако во обратна насока, ама навистина солидна.
    Од ништо го направија нешто и ете ти после. Жозе Мурињо.:rofl:

    Ми се допадна многу ликот на Кили како го развија, како стана толку успешна работејќи и како во списанието не ја објавија сликата со Рој, доволна беше само она.

    Инаку, многу беа добри навивачките „песни“ за Рој и Џејми, ептен catchy.:D
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.728
    Пол:
    Машки
    Нејт излезе пљукнат Мурињо :D Секоја сличност со постоечката личност не е случајна. Хахаха.

    Кили два-три пати беше ставена во искушение, и успеа зрело да го надмине. И Рој од друга страна доста зрело се поставуваше и ги решаваше проблемите, иако ќе видиме како ќе ја решат оваа криза во која се наоѓаат моментално. Дали ќе успеат да ја пребродат, пошто се чини дека е поголема од се претходно.

    Песните кои се користени се исто добро познати во Англија. Посебно таа на Рој. На Џејми Тарт е бејби шарк и мислам дека до сега не е искористена.
    Знаат англичаните да прават овакви забавни песничиња, да ги приспособуваат веќе постоечките. И чудно, ама истите песни, само со различен текст се користени од различни клубови за различни играчи. :D
    Нешто уникатно, а искористено во серијата е химната на Ливерпул, You Will never walk alone. Најдобрата фудбалска песна, и некоја навивачка на Сити, кога играа на Вембли. Прочитав и дека иако нешто беше CGI, имаше и оригинални снимки од Сити, од чарити мечот што го играа пред почетокот на сезоната.
    Инаку, освен на Вембли, стадионот на Ричмонд е Селхурст Парк, на Кристал Палас. Истите бои и на дресови ги имаат. А и првата утакмица против нив ја играа. :D
    Смешно беше кога отидоа во Евертон на гости, а снимката беше од Кревен Котиџ, стадионот на Фулам кој е во Лондон, а Евертон се од Ливерпул. Изгледа не им дозволиле да снимаат таму. :D

    Имаше и познати личности од фудбалскиот свет. Великаните Тјери Анри и Иан Рајт од Арсенал. И Џејмс Дин, судијата, кој е познат p*ss of s*it што би рекол Рој меѓу фудбалската јавност. :D
    Изгледа како расте буџетот и популарноста ќе има и повеќе во иднина.

     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    За бејби шарк верувај, ептен ми е добро позната песната. :D (lalala) Ми се допадна како ја искористиле за Џејми Тарт тртртрт Џејми Тарт тртртрт Џејми Таааарт.:rofl: За Рој не знаев дека постоела, ама баш е добра.
    Одлични податоци, ете, се снаоѓале како можеле очигледно со локациите.:D Требаше да прочитам нешто прво, баш ќе ми беше поинтересно да ја гледам знаејќи ги фудбалскиве работи. Ќе го терам маж ми заедно пак да ја гледаме и попатно да објаснува фудбалскиве работи.:smirk:

    Инаку, само три сезони биле планирани. Третава требало да е последна. Е сега, со популарноста, нормално, се размислува што понатаму, ама како да ќе било со други ликови. Ќе видиме што ќе испадне.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    10.127
    Серијава е вистинско освежување, тоа што најмногу ми се допадна е што не е слична на веќе популарните серии последниве години. Прво ликот на Тед Ласо е интересен заради неподносливиот американски ентузијазам, интелигентниот хумор и мудрите пораки и приказни што ги пренесува секоја епизода. Ми се допадна што серијата барем за мене немаше предвидлив тек и ликовите неочекувано се развиваа и добиваа нови аспекти на личноста, што не се случува во серии често. Исто така приказната на Нејт е доста впечатлива, интересната поврзаност на Тед со Трент Крим… и има многу детали во серијата што се вклопуваат совршено како во слагалица. Единствено Рој ми беше малку како карикатура претставен и врската со Кили не ми беа доволно уверливи.
    Омилени моменти:
    Ребека кога ја пее Let it go- Frozen
    Тед кога ќе победи во пикадо
    Рој кога прифаќа да биде тренер
    Рој заедно со жените од јога
    Тед и газираната вода
    И секој момент кој го користеше за да каже колку мрази чај
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Ах, денес ја изгледав првата сезона.

    Многу интересна серија. Навивам за клуб кој не постои. :D Ликовите се стварно likeable. Омилена ми е Keeley.

    Омилена сцена мислам дека ми е дефинитивно кога го промовираа Nathan да биде тренер. :inlove:

    Едвај чекам да ја изгледам и другата сезона, па ќе пишам пак. Мило ми е што ја почнав серијата, за која инаку никад немам слушнато пред да ја видам темава.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    За 16 дена излегува новата сезона, конечно.:party:
     
    На Ano и Billy Idol им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Предобар почетокот, на вторава епизода се изнасмеав.
    И хумор и емоции...
    Рој и Кили(wtf) Мораше ли да ги раскинат, не е фер значи, се надевам до крај ќе си дојдат при себе.
    Трент Крим, баш ми е мило што има поголема улога сезонава, се вклопува некако.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.728
    Пол:
    Машки
    Новата сезона е предобра. Сите сличности, со постоечките личности, не се само сличности. :D

    Зава ли е, Златан ли е. :D

    Screenshot_20230330_154543_TV Time~2.jpg
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.645
    Пол:
    Женски
    И маж ми истото го прокоментира. Јас врска немав како изгледа па потоа го гуглав да видам дали навистина си личат. Плукнати ептен. :D
    Читав некоја статија што ми излезе низ фб, се изнасмеав кога дојдов до еден дел кај што пишуваше дека и Ибрахимовиќ си зборел за себе во трето лице еднина, исто ко Зава. :D
     
    На RainBow и Billy Idol им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.383
    Допаѓања:
    40.728
    Пол:
    Машки
    Гледај му интервјуа, на тикток кратки ако треба, не само физички, мимики, и потези, головите што ги има постигнато, туку и карактерно исти се. Его до облаци. :D

    Џејми е плукнат Grealish :D
     
    На Mishela и RainBow им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Па и името тука негде е, Зава. :D
    Ептен ми е жал што е последна оваа сезона, не е фер што вака добри серии толку кратки се.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    9.300
    Пол:
    Женски
    Јас тек сега најдов време за серијава да ја изгледам и не жалам, навистина убава серија. Посебно ми се свиѓа што не ми го оптоварува мозокот туку онака баш ме опушта.

    Научив и многу специфични изрази кои ги користеле англичаниве во секојдевен говор. Ајде можеби некогаш ќе ми се најдат.
    Како човек што ништо друго не знае освен имињата на клубовите од Англија ми требаше 3-4 минутки да разберам што си пишал.

    Ама I made it :muscle:
     
    На marsilia и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Викендов ја почнав и криво ми е што не сум ја почнала порано серијава. Не можам да прекинам да гледам, денес само не знам колку епизоди изгледав веќе, сигурно ќе ја завршам до крај на неделава.
    Одличен хумор, добра актерска екипа, предобра серија. (y)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Beautyyou

    Beautyyou Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2022
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Колку епизоди има? Долга серија ли е?
     
  17. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    3 сезони, 34 епизоди.
    Многу брзо се гледа, ја завршив јас за околу 6 дена. :tmi:
     
    На Beautyyou му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.618
    Пол:
    Женски
    Јас многу доцнам, ама само што ја изгледав последната сезона. Дојдов само да кажам дека цела сезона имав нагони да си го гушкам лаптопот од што ми беше убаво на душата. Добра сезона, феноменална серија. Потопла серија мислам немам гледано, скроз да се поврзеш со ликовите, нивните односи, со се. Ќе ми фали. :l:
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.