1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Текстилни бои за дизајнирање на облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од simeonasimeona, 25 јули 2013.

  1. simeonasimeona

    simeonasimeona Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Долго време размислувам и имам идии за некои цртежи кои сакам да ги насликам на облека и имам слушнато дека тоа може да се изведе со текстилни бои . Ме интересира дали има некој бробано ,каде можат да се набават и ако може малку да ми долови како и што треба да се прави поточно со тие бои бидејќи навистина нема кој да ме оправи во таа област :(
     
  2. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    simeonasimeona, тоа се бои за текстилни материјали, со кои се слика со четка врз повеќе видови парчиња текстил.Еве пример сакаш да сликаш на марама, сликаш на неа, исто како со четки врз хартија, како да сликаш на прозор или слично.Боите ги имаш во специјализирани продавници на Ул. Ленинова, Про Графика, Академски печат и Pro Image (мислам дека беше :? ). Во некои други продавници за сликарски материјали и алати исто можеш да прашаш за текстилни бои.

    Еве како тоа изгледа :

    http://www.youtube.com/watch?v=KZtaDoxM00w :)