1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Текстови со поука

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од guguence, 19 април 2012.

  1. guguence

    guguence Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Колку што видов ваква тема нема па ако има слободно во канта тука може да ги споделуваме интересни текстови со поука :angel:
    Мудра приказна: Вредноста на времето
    Замисли дека имаш сметка во банка, на која секое утро ти префлаат 86.400 евра. Меѓутоа, на сметката не се пренесува ништо од она што не било...
    ...потрошено и не останува да се користи следниот ден.
    Секое утро, банката го брише оној дел кој не си го потрошил претходниот ден.

    Што би направиле ако го знаете ова? Би потрошиле сè до цент нели?

    Секој од нас има таква сметка во банка. Нејзиното име е „време“.

    Секое утро ти дава 86.400 секунди. Секоја вечер ти се отпишуваат сите оние нешта кои не си ги направил во текот на денот.

    Не се пренесува ништо од претходниот ден. Не дозволува пречекорување.
    Ако не го искористиш својот депозит, загубата е само твоја. Не постои нешто што се вика „утре“. Мораш да живееш во сегашноста од денешниот депозит.

    Вложи го за да извлечеш максимум здравје, среќа и успех.

    Часовникот никогаш не застанува. Затоа искористи го овој ден.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една година, прашај студент кој не фатил услов.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден месец прашај мајка која родила бебе пред време.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една седмица, прашај уредник кој е одговорен за неделник.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на еден час, запрашај некој вљубен пар кој исчекува да се сретне.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една минута, прашај ја личноста која не стигнала да го фати возот на време.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредност на една секунда, прашај некого кој за малку избегнал несреќа.

    Ако сакаш да ја сфатиш вредноста на една мили секунда, прашај ја личноста која освоила сребрен медал на Олимпијада.
    Сигурни сме дека сфати. Искористи го максимално секој момент кој ти стои на располагање. Потроши го со личностите кои се вредни за да бидат дел од твоето време.
     
    На ..Queen..1998, jelena.rozga, fallenangel и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    [СДК] Сакам да кажам...

    Што да се каже повеќе за текстов! :x

    Моја девојко,
    Сега е ноќ, една Божиќна ноќ. Сите невооружени воини во мојата мала тврдина заспаа. Не се будни ниту брат ти, ниту сестра ти. Дури и мајка ти веќе спие. Додека стигнав до оваа полуосветлена соба, за малку ќе ги разбудев заспаните птички.
    Толку сум далеку од тебе! Но, нека ослепам, ако твојата слика не е секогаш пред моите очи. Твојата фотографија е овде на масата, блиску до моето срце. Но, каде си ти? Таму во бајката наречена Париз, танцуваш на величенствената театарска сцена на Шанзелизе. Го знам тоа многу добро, но ми се чини дека во тишината на ноќта слушам чекори, ги гледам твоите очи што сјаат како ѕвезди во зимското небо. Слушнав дека твојата улога во овој празничен спектакал е Персиската убавица, заробена од Тартар Кан. Биди убава и танцувај! Биди ѕвезда и блескај! Но, ако ентузијазмот и благодарноста од публиката те опива, ако аромата на цвеќињата те зашеметува, седни во некој агол и прочитај го моето писмо, слушај го гласот на твоето срце.
    Јас сум твојот татко, Жералдин!
    Јас сум Чарли, Чарли Чаплин!
    Дали знаеш колку многу ноќи седев до твојот кревет додека беше бебе, раскажувајќи ти приказни за „Заспаната убавица“, „Будниот змеј“…? А кога сонот ќе ми натежнеше на очите, му се смеев и му велев: „Оди си! Јас спијам со мечтите на мојата ќерка!“ Ги видов твоите соништа, Жералдин, ја видов твојата иднина, твојата сегашност. Видов девојка која игра на сцената, самовила која танцува во небото. Слушнав како зборува толпата: „Ја гледате ли оваа девојка? Таа е ќерка на една стара будала. Се сеќавате? Неговото име е Чарли.“ Да, јас сум Чарли! И да, јас сум стара будала!
    Денеска е твојот ред. Танцувај! Јас танцував во големи, искинати панталони, а ти танцуваш во свилено фустанче на принцеза. Танците и звукот на аплаузот понекогаш ќе те вивнат до небото. Летај! Полетај таму! Но, врати се на Земјата! Треба да видиш како живеат обичните луѓе, како живеат уличните танчери, кои танцуваат тресејќи се од студ и од глад. Јас бев како нив, Жералдин! Во текот на ноќите, оние магични ноќи кога паѓаше во сон од моите приказни, јас бев буден. Гледав во твоето лице, го слушав отчукувањето на твоето срце и се прашував: „Чарли, дали ова маченце, некогаш ќе те познава?“ Ти не ме познаваш, Жералдин. Сум ти раскажал многу приказни во тие ноќи, но мојата приказна – никогаш. Таа е исто така, многу интересна. Зборува за гладен кловн, кој пее и танцува во сиромашните квартови на Лондон, а потоа собира милостиња… Тоа е мојата приказна! Јас сум го вкусил гладот, знам што значи да бидеш без покрив над главата. И повеќе од тоа, сум ја искусил понижувачката болка на кловнот-скитник, кој во неговите гради имаше бурен океан од гордост, болно повредена од оние кои му фрлаа парички. Но, сè уште сум жив, па ајде да го оставиме тоа.
    Подобро да зборуваме за тебе!

    Жералдин
    После твоето име, Жералдин, доаѓа моето – Чаплин. Со ова име, повеќе од 40 години сум ги засмејувал луѓето насекаде. Но, јас повеќе плачев, отколку што тие се смееја! Жералдин, во светот во којшто живееш, не постојат само танцување и музика! На полноќ, кога ќе излезеш од огромната сала, можеш да ги заборавиш богатите фанови, но не заборавај да го прашаш таксистот, кој ќе те однесе дома, за неговата сопруга. И ако таа е бремена, а немаат пари за пелени за идното новороденче, стави му малку пари во џебот. И кажав на банката да ги покрие овие трошоци. За сите останати, плаќај исклучиво на сметка. Од време на време користи го метрото или автобус, оди пеш и истражувај го градот. Гледај во луѓето! Погледни ги вдовиците и сирачињата! И барем еднаш кажи си на себе: „Јас сум иста како нив!“ Да, ти си една од нив, моја девојко. Згора на сѐ! Уметноста, пред да му даде крилја на човекот, најпрво му ги крши нозете. И ако некогаш се почувствуваш многу поважно од твојата публика, напушти ја сцената. Качи се на првото такси и посети го соседството во Париз. Јас го познавам многу добро. Таму ќе видиш многу танчери исти како тебе, дури и многу подобри, пограциозни и со повеќе гордост од тебе. Заслепувачкиот сјај на твојот театар нема да биде таму. Месечината е нивниот рефлектор. Погледни! Гледај внимателно! Зарем не танцуваат подобро од тебе? Признај го тоа, моја девојко! Секогаш ќе постои некој, кој танцува подобро од тебе, кој игра подобро од тебе! И запамети, во семејството на Чарли никој не бил толку груб и дрзок за да се потсмева со таксист или да се поигрува со просјак седнат покрај Сена.
    Јас ќе умрам, но ти ќе живееш…Сакам никогаш да не дознаеш што значи сиромаштијата! Заедно со ова писмо ти испраќам и еден празен чек, за да можеш да трошиш колку ќе посакаш. Но, кога ќе потрошиш два франци, не заборавај да се потсетиш дека третата монета не е твоја. Таа мора да му припаѓа на некој странец, на кого навистина му е потребна. А него лесно можеш да го најдеш. Треба само да посакаш да ги видиш тие кутри и сиромашни туѓинци, и ќе ги најдеш насекаде.
    Ти зборувам за пари, бидејќи имав можност да ја запознаам нивната ѓаволска моќ. Знаеш дека поминав долго време во циркусот и секогаш бев многу загрижен за акробатите (кои се движеа по тенко јаже). Морам да ти кажам дека луѓето полесно и почесто паѓаат кога стојат цврсто на земја, отколку акробатите од нестабилното јаже. Можеби некоја вечер блесокот на најскапиот дијамант ќе те измами. Во истата вечер тој дијамант ќе биде твоето нестабилно јаже, од кое со сигурност ќе паднеш. Можеби убавото лице на некој принц ќе те измами. Во истиот ден ти ќе бидеш неискусен акробат, а неискусните акробати секогаш паѓаат. Не си го продавај срцето за злато и накит. Зошто најголемиот дијамант е Сонцето. За среќа, тој блеска на лицето на секој човек. И кога ќе дојде времето и ти ќе се вљубиш, сакај со целото свое срце. Ѝ кажав на мајка ти да ти пишува за тоа. Таа ја разбира љубовта повеќе од мене и затоа е подобро таа да зборува со тебе, за неа.
    Твојата работа е многу комплицирана. Го знам тоа. Твоето тело е покриено само со мало парче свила. Во име на уметноста, на сцената може да се појавиш дури и гол, но оттаму треба да се вратиш не само облечен, туку и почист. Но, никој и ништо на овој свет не заслужува да ги види дури ни ноктите од стапалата на една девојка. Голотијата е болест на нашето време.
    Јас сум стар и моите зборови можеби звучат смешно, но според мене, твоето голо тело би требало да му припаѓа на оној што ќе се вљуби во твојата гола душа. Не плаши се ако твоето убедување на оваа тема е од пред десет години, од времето кое заминува. Не грижи се! Тие десет години нема да те направат постара. Но, како и да е, сакам да бидеш последниот човек, кој ќе стане поданик на островот на голите! Знам дека татковците и децата се во вечна борба! Војувај со моите мисли, моја девојко! Јас не сакам послушни деца.
    Во моите очи нема солзи додека го пишувам ова писмо, сакам да верувам дека оваа Божиќна вечер, ќе биде ноќ на чудата. Посакувам да се случи чудо и навистина да разбереш сè што сакам да ти кажам.
    Чарли е веќе постар, Жералдин! Порано или подоцна, наместо бела свила на сцената, ќе треба да се облечеш во црно за да дојдеш на мојот гроб. Сега не сакам да те вознемирувам. Само од време на време, погледни во огледалото. Таму ќе ги видиш моите карактеристики. Дури и кога крвта во моите вени ќе се излади, не сакам да го заборавиш твојот татко, Чарли. Јас не сум ангел, но секогаш се стремев да бидам човек. Обиди се и ти.
    Те бакнувам, Жералдин.
    Твојот, Чарли

    :bow:
     
    На Aleks96, Elenuskaa, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Превземено од еден друг сајт

    Приказна: Еден ден или сега?


    Мојот пријател отвори една од кутиите кои припаѓаа на неговата жена. Извади една ќеса завиткана во хартија и рече: "Ова не е било што, ова е нешто специјално". Ја одвитка ќесата од хартијата, и длабоко се загледа во прекрасниот фустан од свила кој беше во неа. Таа го купи фустанот, кога прв пат бевме во Њујорк пред осум години. Никогаш не го употреби. Го чуваше за некој “специјален момент“.

    “Добро...јас мислам дека сега е погоден момент за тоа.“

    Се доближи до креветот и го остави фустанот покрај другата гардероба, што ќе ја има таа на погребот. Неговата жена починала. Се сврте кон мене и ми рече:
    “Не чувај ништо за посебни прилики, секој ден во твојот живот е посебен.“

    Се уште мислам на неговите зборови... тие го променија мојот живот. Јас читам повеќе, чистам помалку. Јас седам на тераса и уживам во пејсажот, и не ми сметаат лисјето во дворот. Поминувам повеќе време со најблиските, отколку на работа. Сфатив дека животот е всушност една целина исполнета со задоволства, а не курс за преживување. Јас не чувам повеќе ништо. Ги употребувам моите кристални чаши секој ден. Го облекувам и моето ново сако кога одам во супермаркет. Јас не го чувам мојот најдобар парфем за посебни излегувања. Фразите “еден ден“ или “еден од овие денови“ скоро изчезнаа од мојот речник. Ако нешто е вредно да се види, прави или слушне, тогаш јас сакам тоа да го видам, правам или слушнам СЕГА. Јас не сум сигурен што би направила жената на мојот пријател, да знаела дека нема да биде овде утре.

    Мислам дека таа би била повеќе во контакт со нејзината фамилија, со нејзините најблиски пријатели. Таа можеби би им се јавила на своите стари пријатели и би ги замолила за прошка за сите недоразбирања, и би се смирила со нив. Верувам дека таа би отишла да јаде во кинески ресторан, тоа е нејзината најомилена храна. Ми смета кога не би им се јавил на пријателите, на кои “еден ден“ би планирал да им се јавам. Ми смета и ме растажува кога не би им рекол на моите родители и пријатели дека ги сакам. Сега се трудам да не задоцнам, и секој ден си кажувам себеси дека секој ден, секој час, секоја минута... Е ПОСЕБЕН.
     
    На MeSofija, Aleks96 и Sara123 им се допаѓа ова.
  4. Ruby.rose

    Ruby.rose Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    127
    И кога ќе ги извадиш шајките од оградата, дупките остануваат

    Си било едно момче кое имало лош карактер. Татко му му дал вреќа полна клинци и му рекол секогаш кога ќе збесни и ја изгуби контролата врз себе, да закова еден клинец во оградата... Првиот ден момчето заковало 37... Во текот на следните неколку месеци тоа научило да го контролира својот бес и бројот на заковани клинци се смалувал. Открило дека е полесно да го контролира својот карактер отколку да кова клинци во оградата. Најпосле осамнал денот кога момчето не заковало ниту еден клинец во оградата. Отишло кај татко му и му кажало дека тој ден не побеснало. Тогаш татко му му рекол : " Секој ден кога ќе успееш да го контролираш своето однесување, извади еден клинец од оградата . " Деновите проаѓале и еден ден момчето му кажало на татка си дека ги извадил сите клинци од оградата. Таткото го зел сина си за рака и го одвел до оградата. Тогаш му рекол : Добро си направил сине мој, но погледај ги сите овие дупки во оградата. Оградата никогаш повеќе нема да биде иста. Кога во бес ќе кажеш некои работи, тие оставаат лузни како што се овие дупки во оградата. Можеш човека да го прободеш со нож и да го извадиш ножот. После тоа не е важно колку пати ќе кажеш дека ти е жал, дупките остануваат. Вербалната рана исто толку боли како и физичката. Пријателите се навистина ретки скапоцени камења, тие те насмеваат, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те сослушаат, да ја споделат твојата болка, имаат убав збор за тебе и секогаш имаат отворено срце за тебе. Животот не е блок за цртање. Грешките не се направени со молив за кои може да се употреби гума за бришење, за да ги снема, како никогаш да не постоеле." Едно убаво нешто во пријателството е сознанието кому можеш да му довериш тајна.
     
    На MaggieTatum, biggirlsdontcry, Aleks96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Наследството на богатиот

    Си бил еден човек од Aмерика кој бил многу богат.Неговото богатство вредело милиони.Тој поседувал куќи,земји,антики и замок.Сепак,иако имал се и изгледал среќен однадвор,одвнатре бил несреќен.Неговата жена стареела а тие немале дете.Тој отсекогаш сакал дете за да ја продолжи семејната лоза.
    За чудо,неговата жена останала бремена во подоцнежните години,и родила мало момче. Mомчето било хендикепирано,но човекот го сакал со сето срце.Кога момчето имало 5 години ,мајка му умрела.Татко му се приврзал многу со момчето. Кога тоа направило 13 години,поради неговите недостатоци кои му го отежнувале животот,таткото наскоро починал од преголема тага и скршено срце.
    Имотот беше на аукција пред илјада понудувачи.Прв предмет кој се понуди беше една слика од момчето.Но никој не даде понуда.Тие чекаа како грабливци на богатството.Конечно,сиромашната куќна помошничка,која помогнала во гледањето на момчето,понудила 5 долари за сликата и лесно ја добила понудата. На шок на сите,аукционерот извади рачно напишан тестамент од позадината на сликата.Во него пишувало:
    “На личноста која мисли доволно на мојот син за да ја купи сликата,и го давам целото наследство.“
    Аукцијата завршила. Алчната толпа се разотишла во шок и срам.

    Многу пати некои работи мислиме дека се богатства а не ја цениме вредноста на вистинските богатства.
     
    На guguence и Aleks96 им се допаѓа ова.
  6. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ако не ви се јавува тоа е затоа што не мисли на вас! Сто проценти од мажите тврдат дека никогаш не се премногу зафатени да и се јават на жената која им е важна. Зафатен е само друг збор за КРЕТЕН. Кретен е називот за типот со кој се забавувате!
    Сте го заслужиле проклетиот повик!!!
    - „Не му едноставно не си му важна“ book by Грег Берент и Лиз Тучило.
     
    На Adi888 и anichka94 им се допаѓа ова.
  7. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Низ животот секој поединец се соочува со многу падови и подеми. Еден голем ум рекол "Ако нема падови и подеми тогаш тоа не е живот".
    Додека сме доле пропаднати сме и изнервирани од секојдневното живеење кое не полни со негативна енергија, се чуствуваме како целиот свет да е срушен. Постојано живееме со чувстото како дека нема излез од таа ситуација и како патот до среќата воопшто да не постои.
    Навистина е тежок и макотрпен излезот од дното, затоа секогаш внимавајте како и колку ги цените материјални и духовните вредност на луѓето. Секој човек е нешто посебно!
    Деновите поминувајте ги броeјќи ги своите успеси, а не своите грижи и проблеми. Немојте никогаш да се плашите да пробате нешто ново. Само така ќе успеете.
     
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Доброто со добро се враќа

    Еден ден, Хауард Кели, сиромашно момче кое продавало роба од една на друга врата за да си го плати школувањето, сфатил дека му останало само еден долар, а било многу гладно.



    Па одлучило на следната врата што ќе тропне да побара храна, но, се премислил кога на следната врата му отворила некоја млада жена. Па, наместо храна побарал вода, но жената претпоставила дека е гладен и му дала една голема чаша млеко. Тој ја испил бавно и прашал колку е должен, а жената му одговорила „мајка ми ме учеше никогаш да не прифаќаме пари за добрина“ и момчето се заблагодарило од сè срце.

    Кога ја напуштил куќата, тој не само што се почувствувал физички посилно, туку му се зацврстила и вербата во Бога, токму во моментот кога сакал да се откаже.

    По неколку години жената се разболеа критично. Локалните доктори не знаеле што да прават со неа, па ја испратиле во големиот околен град за да ја прегледаат специјалисти. Еден од нив бил и д-р Хауард кој веднаш го препознал името на гратчето, а кога отишол во собата и ја видел жената која му помогнала, решил дека ќе направи сè што може да ја спаси.

    По тешка борба, жената оздравела. Д-р Кели побарал сметката за лекувањето на жената да му ја дадат него. Тој ја погледнал, напишал нешто на неа и ја испратил до нејзината соба. Жената не сакала да ја отвори, бидејќи си велела дека ќе треба да ја плаќа цел живот. На крај ја отворила, а кога ја погледнала вниманието и го привлекла една реченица на врвот од сметката:

    „Платено со една чаша млеко“.

    Потпис,

    Д-р Хауард Кели
     
    На guguence, Stoimenovska, MeSofija и 2 други им се допаѓа ова.
  9. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Човек стар 70 години кој целиот живот се занимавал со сточарство, поточно овчарство, добил пензија од државата како подарок, доволна за да преживува.
    Една новинарка на доделувањето го замолила да и раскаже еден дел од својот живот, кој нема никогаш да го заборави и кој ќе му остане засекогаш во сеќавање.

    Старецот ја започнал приказната: „Имав 20 години и наидов на куче во шумата. Го земав со себе и си го присвоив. Поминуваа месеци, а комшиите почнаа да ми зборуваат дека сè повеќе личи на волк и дека треба да се ослободам од неа. Бев млад и не сакав никого да слушам, таа ми беше многу приврзана, каде и да одев, одеше со мене и ме чекаше. И така поминуваа годините...

    Еден ден прилегнав да се одморам, кога низ сон слушнав некаква бука, ржење и викање. Додека дојдов на себе и станав, се беше стишило. Излегов надвор и го видов целото стадо овци заклано, а волчицата цела во крв седи и гледа право кон мене, малку од страв малку од бес.

    Се стрчав во куќата, ја зедов пушката и ја убив тука на лице место.

    Не знаев што да правам со овците па ги викнав комшиите да ги однесат додека месото не се расипало и усмрдело. Како што ги собираа овците, меѓу нив пронајдоа три заклани возрасни волци.
    Дури тогаш сфатив што направив...


    ~
    Крвта ми смрзна кога го прочитав крајот .. :doh:
     
    На MaggieTatum, JessicaJJ96, biggirlsdontcry и 5 други им се допаѓа ова.
  10. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    - незнаев каде да го вметнам па затоа овде..~ се надевам дека ќе го прочитате , ќе ја сфатите вредноста на животот и ќе поправите некои лоши особини кај вас..Никогаш НЕ Е ДОЦНА за ништо!

    Седиш сама во твојата соба, вратат е заклучена со пенкало и лист пред тебе. Ти се тресе раката и почнуваш да плачеш, по трет пат во последните саат време. Почнуваш да пишуваш "За моето семејство", и одеднаш сфаќаш дека тоа е многу лош начин да почнеш да пишуваш самоубиствено писмо. Пробуваш одново, еднаш и уште еднаш, но не знаеш како да започнеш. Никој не те сфаќа, никој не сфаќа низ што се поминуваш, сама си, или барем така мислиш. На никого не му е битно дали си жива или мртва. Ноќ е, легнуваш во креветот, поминуваш со жилетот по својата кожа, и и шепнуваш "Збогум" на светлината. Го земаш последниот здив и завршуваш со се. На никого не му е битно, нели? Вторник е, следното утро. Во 7:00 сабајлето, мајка ти доаѓа пред вратата од твојата соба за да те пробуди да одиш во школо. Но, таа не знае дека не можеш да ја слушнеш, не знае дека нејзината мала принцеза го напуштила овој свет. Тропа на вратата уште неколку пати, и потоа исплашена го вика татко ти да влезе во твојата соба. Ја крши вратата, мајка ти влегува и почнува да вриска. Татко ти не знае што да прави. Сестра ти е на екскурзија, уште неколку дена нема да знае ништо. Твојата слаба мајка ги собира последните сили за да може да ја напушти твојата соба во која зидовите се испрскани со крв. Татко ти те гушка, и почнува да вика: "Врати се, те молам врати се, ветувам дека ќе биде подобро". И почнува да плаче, твојот татко што никогаш во животот не си го видела да плаче, го држи твоето мртво тело во своите прегратки и ги пушта солзите една по една да се лизгаат по неговите образи. Се обвинува самиот себе, поради тоа колку пати ти се развикал, колку пати нешто ти забранил, поради тоа колку пати те избркал да одиш во својата соба. Мајка ти исто така се обвинува, си мисли колку пати ти викала за глупости, те терала да учиш, колку пати си и побарала помош а таа не можела да ти помогне бидејќи "имала работа". На никого не му е битно така? 8:34. Некој тропа кај тебе на врата, директорката е. Дошла да праша зошто веќе неколку дена те нема во училиште, а твоите родители не се јавуваат. И таа дознава дека ученичката на која често и викала и ја бркала од час си го одземала сопствениот живот. Утредента, на часот ја прашуваат учениците зошто те нема. Чудно како им е битно сега. Таа им кажува дека ти си го напуштила овој свет. Одеднаш популарната девојка во школото се кае бидејќи те понижувала секојдневно, нарекувајќи те грда и дебела. "Фраерот" во школото се кае бидејќи ти се потсмевал со неговите другари, само за да испадне "фаца". Момчето што седело позади тебе, се кае за тоа што те малтретирал и те тепал. Сестра ти се враќа дома, и твоите родители и цоопштуваат што се случило. И таа почнува да се обвинува самата себе за тоа колку пати ти кажала дека те мрази, за тоа колку пати си и рекла да не ги зема твоите работи, а таа упорно ги земала. Си мисли, "за се сум јас виновна". Почнува да мава во зидот, да фрла работи и да плаче. Секој ден очекува да тропнеш на врата, да се вратиш од училиште, и да почнете да се закачате. И сфаќа, тоа повеќе никогаш нема да се случи. Татко ти е во депресија, мајка ти не спие со ноќи и плаче. Не се осмелува да влезе во твојата соба за да ја исчисти крвта која ја има насекаде. После неколку дена се осмелува да влезе за да ги собере твоите алишта и твоите работи. Но, не може. Не може да се збогува со тебе, сеуште не, не сега. Никогаш. Доаѓа твојот погреб. Многу е голем, сите доаѓаат. Никој не знае што да каже сите се во шок. Убавата девојка со преубавата насмевка си замина. Сите плачат, на сите им недостигаш. Сите сакаат да се вратиш, но не можеш. Сеуште мислиш дека на никого не му недостигаш? Размисли уште еднаш. Иако луѓето не го покажуваат тоа, те сакаат, им значиш. Самоубиството е лесен начин на завршиш се, но не е вистинскиот начин. Животот е прекрасен. Има свои искачувања и падови, сите имаат лоши денови. Понекогаш луѓето поминуваат низ моменти кои што се многу тешки, како што ти е најверојатно на тебе сега, но лошите времиња доаѓаат и си одат.
    :x :'(
     
    На Zaljubena11, Stoimenovska, Nobadys.Perfect и 5 други им се допаѓа ова.
  11. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Денес за момент застанете.
    И физички и психички. Застанете!
    Излезете некаде од каде можете убаво да го видите небото.
    Излезете загледајте се и побарајте ја месечината.
    Има нешто посебно во неа, токму вечерва, зар не?!
    Вечерва и најмалку очекуваните соништа се исполнуваат.
    И кога најмалку очекувате,
    надежта последна умира... ♥
     
    На biggirlsdontcry и fallenangel им се допаѓа ова.
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Мудра приказна: Белата и црната кутија

    Некогаш одамна, живеел некој многу сиромашен човек што имал само еден син со кој бил многу пиврзан. Го научил да чита и да пишyва, а во тоа време, ретки биле тие што знаеле да читаат и пишyваат.



    На денот пред да си умре, старецот го повикал синот и му дал две мали кутии – една бела и една врна, и му рекол:

    - За жал, синко, немам ништо друго да ти оставам освен овие две кyтии. Кога ќе ти биде многу тешко во животот, кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија, а црната отвори ја тогаш кога ќе ти биде добро во животот.

    Младото момче достојно го испратило татка си, го спакувал она малку што го поседувал и тргнал по работа во белиот свет и во потрага по сопствената среќа. Работел секакви работи, спиел под отворено небо, но ништо не му останувало и никако не можел да се спастри на едно место.

    Со тек на време станал многу уморен и очаен. Го печело сонцето, го тресел студот, го носеле водите. Рацете му огрубеле, лицето му се наполнило со брчки. Не можејќи повеќе да издржи, решил да се убие. Легнал на земјата, ги склопил рацете да му се помоли на Бога, и тoгаш од под појасот, зашиени за пантолоните, ги осетил двете мали кyтии што му ги дал татко му и се потсетил на татковите зборови:

    „Кога ќе ти биде најтешко во животот и кога ќе мислиш дека повеќе не можеш да издржиш, отворија белата кyтија“.

    Ја отворил белата кyтија, и од неа, извадил оризова хартија на која пишувало:

    ОВА ЌЕ ПОМИНЕ!

    Момчето тогаш ја разбрало пораката. Се предомислил и прибрал со мислите, станал и тргнал кон најблискиот град. Таму, пред големите порти на градот, стоел насобран многу народ, многу луѓе кои не можеле да влезат внатре, бидејќи никој од нив не знаел да прочита што пишyва на вратата.

    Момчето се доближило до портата, ја прочитал на глас пораката и поминале. По него поминала и останатата група на луѓе. Неколку денови лyтал низ градот, барајќи работа, кога му пришол некој човек:

    - На мојот газда му треба писар. Селаните ми рекоа дека си знаел да читаш и да пишуваш.

    Така момчето добило работа како градски писар. Работело вредно и чесно, но многу напорно. Со тек на време станал познат и признат писар. Се стекнал со имот, се оженил со млада и убава девојка со која создал свое семејство. Станал навистина среќен човек.

    И тогаш се сетил на својот татко, и на двете кутии. Ја извадил црната кутија. Во неа, повторно ливче, со ракописот од татко му:

    И ова ќе помине!
     
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    So TRUE...READ !!!

    Додека човекот го полираше својот нов автомобил, неговиот четиригодишен син зеде камче и изгреба неколку линии од една страна на автомобилот.

    Човекот се налути, ја зеде раката на детето и многу пати го удри со големиот клуч, не размислувајќи што прави. Во болницата, детето ги изгуби сите негови прсти на раката како последица на многут ескршеници.

    Кога го посети детето во болницата, со болни очи тоа го праша: "Тато, кога моите прсти ќе пораснат повторно?"

    Човекот беше многу повреден и без зборови, со солзи во очите тргна назад кон автомобилот и многу пати го удри со ногата. Уништен од своите постапки... седна пред автомобилот.

    Во тој момент ги виде гребнатинките. Детето имаше напишано:

    "ТЕ САКАМ ТАТО".

    Внимавајте:

    Животот минува, а времето никогаш не се враќа. Моментите посветени на своите најблиски се најдобро искористено време во животот. Децата растат, а животот поминува.
     
    На guguence и richgirl998 им се допаѓа ова.
  14. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    [СДК] Сакам да кажам...

    Си биле четири свеќи кои полека гореле и во меѓувреме разговарале.
    Првата свеќа рекла: Јас сум МИР ... луѓето не успеваат да ме сочуваат, нема потреба да горам понатака... мислам дека ќе се угасаm и веднаш се угасила.
    Втората свеќа рекла: Јас сум ВЕРА ... за жал многу луѓе имаат самоповршна вера и јас не ги интересирам, нема смисла да горам понатаму.
    Само што ги изрекла овие зборови, дувнало ветерче и свеќата се угасила.
    Третата свеќа жално проговорила: Јас сум ЉУБОВ ... немам повеќе сила, луѓето често забораваат на мене. и истиот момент се угасила.
    По кратко време во собата влегло дете:
    Што е ова ? Запрашало детето. Требаше да горите до крај. и почнало да плаче.
    Тогаш се огласила четвртата свеќа: Не плаши се, додека јас горам ќе може да ги запалиме повторно сите свеќи. Јас сум НАДЕЖ.

    Како се рекло..Надежта последна умира :)
     
  15. Sani4e91

    Sani4e91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    65
    Тебе ќе ти кажам,како што говорев и порано:
    „не брзај,вистинскиот маж ќе дојде на крајот„


    Џејн Остин..
     
    На Adi888, kikav, richgirl998 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    „Дамата треба да биде чекана од одреденото лице, но не и таа него, иако покрај издржливите нерви таа со тоа може да ја постигне својата посакувана цел и амбиција. Дамските манири се за почит, но успешната дама знае дека посакуваните нешта не паѓаат од небо.“
     
  17. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    8) 8) 8)
    Приказна: Ќерките се подарок од Бога
    Сите деца се прекрасни, особено сопствените, без разлика на нивниот пол. Но, сепак постои разлика од син до ќерка. Не дека едното е подобро од другото, среќата која може да ви ја донесе ќерка, не може синот и обратно.
    По прекрасната свадба млад брачен пар на првиот ден од нивниот брак одлучиле никому да не му отвораат врата. направиле договор – не се отвора вратата за никого по никоја цена – ќе бидат сами првиот ден од бракот!

    На тој ден прво дошле родителите на мажот – сакале да го видат синот и снаата. Зазвонеле на вратата зад која биле сопружниците, но никој не отворал. Заѕвонеле повторно – мажот сакаше да ја отвори вратата, се двоумеше но поради цврстиот договор кој го направи со жената – не ја отвори вратата, родителите тажни си заминаа.

    Набргу потоа повторно некој заѕвонел на вратата – родителите на жената. младенците повторно стоеа зад вратата се гледаа додека ѕвоното ечеше низ куќата. Жената го прегрна мажот и со солзи на очите му шепна, не можам ова да им го направам на моите родители, и таа ја отвори вратата .

    Сопругот не кажа ништо, години поминаа и тие добија 4 сина, а петтото дете беше девојче. Таткото, за раѓањето на синовите прославил, но за раѓањето на ќерката направил невидена фешта – ги поканил сите што ги познава и потрошил неброени пари за забавата.

    Подоцна таа ноќ неговата сопруга го праша што е причината за таквата голема прослава за ова бебе додека за 4 сина претходно имале поскромни забави -

    Мажот одговорил со една реченица – бидејќи таа е таа која ќе ја отвори вратата за мене!
    :clap: :clap: :clap:
     
  18. MeSofija

    MeSofija Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    90
    Еден ден разбојници киднапирале петгодишно момче и го запалиле селото во кое живеел. Кога татко му се вратил видел јагленисани остатоци и му се чинеше дека јагленосаното тело е неговиот син. Плачејки и корнејќи си ја косата го запалил телото, а пепелта ја собрал во мала вреќа и секогаш ја носел со него.
    Меѓутоа еден ден неговиот вистински син успеал да се ослободи од разбојниците и се вратил во татковата куќа. Затропал на татковата врата. Таткото кој сеуште плачел по него и ја носел пепелта со себе прашал: Кој е таму?
    Јас сум татко,твојот син. Отвори ја вратата.
    Таткото помисли дека некое несвесно дете се шегува со него. Му свикал да си замине и продолжил да плаче. Детето упорно тропало, но таткото не ја отварал вратата. После некое време детето си заминало. Таткото и синот повеќе никогаш не се виделе.

    На крајот мудрецот додал: Ако сметаш дека нешто е вистина и ако силно веруваш во тоа, кога самата вистина ќе дојде на твојата врата, нема да и отвориш.
     
  19. Nobadys.Perfect

    Nobadys.Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    526
    Пол:
    Женски
    Поучна приказна:
    Некој младич отишол на одмор со неговите другари. Последниот ден на плажата здогледал девојка која му го одзела здивот, меѓутоа не и го видел лицето. Не можејќи да се соземи не отрчал кон неа и таа заминала...
    Поминале неколку години но човекот постојано размислувал на личноста од одморот... Човекот се оженил и оформил фамилија, но секоја вечер кога и велел на сопругата дека ја сака и самиот не бил сигурен во тоа бидеќи му се вртела во главата сликата на онаа девојка од одморот.
    После 20 години тој се уште размислувал за девојката во бело. Во меѓувреме решиле со својата сопруга да заминат на втор меден месец, случајно неговата жена ја избрала истата локација каде тој ја видел девојката на која постојано мислел. Тој повторно на последниот ден од одморот решил да се искради од собата на својата сопруга и да замини на истото место каде ја видел девојката во бело. Изминало пладне и кога човекот решил да стани и да си замини покрај него поминала дејвојката од пред 20 години, исто облечена во бело. Но овај пат тој отрчал кон неа и ја фатил за рака. Девојката во бело се свртила и се погледнале во лице... Човекот останал запрепастен кога видел дека тоа всушност била неговата жена.
    Поуката оставам вие да си ја извлечите :rofl:
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Сакам да кажам...

    Посакав малку да прошетам...Одејки по патот здогледав превртена
    желка како лежи на грб.Веднаш се обидов да ја свртам,кога таа ме замоли да не го правам тоа..Изненадена од нејзината молба,ја запрашав:
    -Што е,што ти се случило?
    -Се случи несрекен случај,ме удрија и еве сега лежам вака превртена !
    -Па зошто тогаш,несакаш да те превртам?-ја прашав
    -Сакам уште малку да уживам во гледката,СРЕКНА сум што можам
    и јас барем еднаш во ЖИВОТОТ да го здогледам небото...
    Така е и со нас ЛУГЕТО...
    ...НЕКОГАШ ТРЕБА ДА НИ СЕ СЛУЧИ НЕСРЕКА ,ЗА ДА НИ СЕ ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ НА ПОУБАВО !!!
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.