Еден 70 годишен старец,изнемоштен,оставен сам на себе немал доволно за јадење.Не му преостанувало ништо друго освен да тропа од врата на врата и да моли за помош. Некогаш ми давале парче леб колку да се засити а пак некои и не отварале врата. Еден ден патот го однел до куќата на еден богат човек,старецот тропнал и кога човекот отворил му рекол: "Добар ден,се извинувам што ве вознемрувам,дали имате нешто за јадење или нешто со што би можеле да ми помогнете"? Човекот на старецот му дал корпа полна со ѓубре,старецот не рекол ништо ја земал корпата и си заминал. После неколку денови старецот отишол повторно кај истиот човек со истата корпа наполнета со цвеќиња,човекот му ја отворил вратата и кога го видел со корпата му паднало чудн и му рекол: "Пред неколку денови корпата што ви ја дадов беше полна со ѓубре,не ми е јасно зошто ми ја враќате полна со свежи цвеќиња'? Старецот се насмевнал и му рекол: "Секој го дава она што го носи во себе "!
Не откривај ја својата душа пред сите Кај еден мудрец дошла млада, убава девојка, целата облеана во солзи. - Што да правам? – низ солзи прашала таа. Секогаш се обидувам да се однесувам добро со луѓето, никого не повредувам, помагам со што можам. И покрај тоа што со сите сум добра, често наместо благодарност и почит, добивам навреди и иронични насмевки. Дури некои се однесуваат отворено непријателски со мене. За ништо не сум виновна и се е толку неправедно и навредливо! Посоветувајте ме што да направам! Мудрецот ја погледнал со насмевка и рекол: - Соблечи се гола и прошетај така низ градот! - Полудевте ли?! - одговорила девојката. - Ете гледаш!- се насмевнал повторно мудрецот. Да го покажеш голото тело пред луѓето се срамиш. Зошто тогаш одиш по светот со гола душа? Таа е отворена како оваа врата. Секој што ќе посака влегува во твојот живот и ако ги гледа твоите добри страни како одраз на сопствените пороци, тој се труди да те навреди, оклевети, понижи. Не секој има храброст да признае дека некој е подобар од него. - Погледни ги овие прекрасни цветови! Многу години се грижам за нив и ги поливам, но ни еднаш не сум видел како распукуваат пупките, макар што после тоа се насладувам на убавината и мирисот на секое од нив. Биди како цвет, откриј го срцето пред луѓето бавно и неприметно. Спојлер Увери се кој е достоен да биде твој пријател и да твори добро, како се полива цвеќе со вода и кој крши ливчиња и го гази цвеќето со нозе. „Не фрлај бисери на свињите!“
Сакам да кажам... многу убаво и точно кажано....Браво за оној кој го напишал ова Еј пријателе освести се! Еј ти се слушаш ли што и велиш на таа што те сака? Еј отвори ги очите и внимавај на зборовите…како би ти било тебе тоа да и го кажат на сестра ти? Боли нели? Те пече одвнатре и не можеш да замолчиш,те боли и не сакаш да слушнеш еден лош зобр нели? А ти да кажуваш можеш нели? Ти да навредуваш можеш? Ти секогаш да бидеш во право можеш? Не оди тоа така брате,не.А ако таа каже еден лош збор веднаш се лутиш нели? Епа вистината боли знам,но подобро е да ја слушнеш вистината одколку да се тешиш со лагата.Само запомни неколку работи пријателе: Се додека ја навредуваш ја губиш! Се додека ја расплакуваш некој друг може да ја насмее до солзи! Се додека ти немаш време за неа некој друг може да и го посвети целото негово време! Се додека на тебе сите други ти се поважни,а неа ја ставаш во последен план,на некој друг може му е најважна од сите други и не му е во последен план туку во прв! Се додека ти и кажуваш да чека,да замолчи запомни дека некој никогаш нема да и дозволи да чека и никогаш нема да ја замолчи туку напротив постојано ќе сака да и го слушне гласот…бидејќи оној кој не сака да ти го слушне гласот тој не те сака ни тебе! Се додека пријателе не ти недостасува,додека можеш да поминеш неколку дена без да ја видиш и да не и го слушнеш гласот запомни дека некој не би пропуштил ден а да не ја види и час без да ја слушне! И ете ќе ја прашаат зошто и покрај се е со тебе,што гледа толку позитивно во тебе? Ќе се насмевне и нема да може да одговори или можеби ќе одговори само:„Јас на сите им давам уште по една шанса,секој човек заслужува уште една шанса.“ Ќе го каже тоа со една ронка надеж дека ќе се подобри,дека ќе се смени,но длабоко во себе ја знае суровата реалност,знае дека подобро не ќе може да биде туку дека полошо и полошо ќе биде. Велат:„Се додека ја игнорираш ја учиш како да живее без тебе“ и имаат право бидејќи колку повеќе не и посветуваш внимание и време,колку повеќе не ја гледаш,не те гледа и колку повеќе не се слушате се повеќе ја учиш како да живее без тебе,ја учиш дека можеби има некој што ќе ги направи сите тие работи кои ти не ги направи,ја учиш да може да те заборави,да се одвикне од тебе.И пријателе ако една ти го свртела грбот,ако една те скршила токму оваа пријателе ќе те направи најсреќен,ќе даде се од себе за да бидеш среќен,но што кога ти постојано ја бркаш од себе? Што кога ти и го вртиш својот грб,кога немаш ни еден час да и го посветиш лично на неа? Што?!? И пријателе не ја цениш и не ја сакаш бидејќи знаеш дека секогаш можеш да ја имаш,дека кога сите ќе ти го свртат грбот знаеш дека таа нема да ти го сврти,знаеш дека никогаш нема да те остави сам,знаеш дека на неа секогаш можеш да се потпреш,знаеш дека кога и да ја побараш ќе дојде,знаеш дека никогаш нема да те изневери и нема да те предаде и токму поради тоа ти си играш со неа,но еден ден кога сето ова лично таа ќе го погази тогаш ќе сфатиш дека никогаш не си ја познавал,тогаш ќе започне да ти недостасува како никоја друга не затоа штоа нема да ја видиш или имаш повторно туку бидејќи таа ќе биде одвикната од тебе и нема да има потреба повеќе од тебе. Токму затоа пријателе внимавај на своите зборови,никогаш не кажувај лош збор кога си нервозен бидејќи се ќе можеш да вратиш,но тој збор никогаш.А не заборавај дека е женско…и се додека те трпи биди среќен,но кога ќе ја прелиеш чашата,кога ќе ги преминеш сите граници тогаш повеќе немој да се чудиш пријателе бидејќи доволно те трпела тогаш ќе дојде времето кога ти ќе треба да ја трпиш неа. Токму затоа додека ја имаш месечинатa во рака не ја губи за ѕвездите,се додека го имаш дијамантот во рака не го губи за неколку ситни камења. Само во едно биди сигурен се додека е со тебе секогаш ќе биде само твоја,никогаш нема да погледне кон некој друг,но биди фраер и задржи ја засекогаш покрај себе бидејќи ако еднаш ја испуштиш можеби ќе ти се врати повторно,но ако ја испуштиш по втор пат е тука нема веќе назад.Затоа биди најголемиот фраер и задржи ја месечината и дијамантот покрај себе…не пријателе задржи ја девојката што те сака само тебе покрај себе!
Платон и учителот Еден ден, Платон го запрашал својот учител: „Што е тоа љубов? Како можам да ја пронајдам?“ Учителот му одговорил: „Пред тебе е едно огромно поле пченица. Тргни напред без да се вртиш назад и собери само едно стебло. Ако го пронајдеш најубавото, тогаш си ја пронашол љубовта.“ Платон тргнал напред и брзо се вратил со празни раце. Учителот го прашал: „Зошто не скина ниту едно стебленце?“ Платон на тоа му одговорил: „Затоа што можев да одберам само едно, но не можев да се вратам назад. Го пронајдов најубавото стебленце, но не знаев дали има уште подобри пред мене, па затоа не го искинав. Како што одев понапред, увидов дека стебленцата кои ги видов не беа толку добри како претходното, и така на крајот не одбрав ниту едно.“ На тоа учителот му рекол: „Е, тоа е љубов.“ Следниот ден Платон го запрашал учителот: „Што е тоа брак? Како можам да го пронајдам?“ Учителот му одговорил на ова вака: „Пред тебе имаш бујна шума. Тргни напред без да се враќаш наназад по истиот пат и собери само едно дрво. Ако го најдеш највисокото, си го пронашол бракот.“ Платон тргнал низ шумата и после кратко време се вратил со едно дрво. Тоа не било бујно, ниту пак високо. Било само обично дрво. Учителот го прашал: „Зошто си земал такво обично дрво?“ Платон одговорил: „Заради моето претходно искуство. Изодев до половина од шумата. Овој пат видов едно дрво и почувствував дека не е толку лошо, па го исеков и го донесов овде. Не сакав да ја пропуштам приликата.“ Учителот тогаш му рекол: „Е, ова е бракот.“
Сакам да кажам... Еден млад брачен пар се доселил на улицата. Следното утро,кога појадувале, жената ја забележала сосетката како закачува алишта. Може им треба нов прашак за перење ,за да ги испере подобро. Мажот молчеливо го набљудувал настанот,но не рекол ништо. Колку нечисти алишта –рекла. Воопшто не знае да пере! Секој пат кога сосетката закачувала алишта, коментарот бил ист... Месец дена покасно, жената се зачудила,кога едно утро видела како алиштата на сосетката се чисти.Му рекла на мажот: Погледни! Конечно научила добро да пере алишта. Кој ли ја научил? Мажот и одговорил: Никој.Јас станав денес порано и ги исчистив прозорците. Така е и во животот. Се зависи од тоа, колку е чист прозорецот низ кој гледаме. Пред да почнеме да критикуваме, можеби е во ред да го провериме квалитетот на нашиот поглед.
Сакам да ја споделам приказнава, многу ми е убава. На англиски е, верувам повеќето разбираме, се надевам не е проблем. A very poor man lived with his wife. One day, his wife, who had very long hair asked him to buy her a comb for her hair to grow well and to be well-groomed. The man felt very sorry and said no. He explained that he did not even have enough money to fix the strap of his watch he had just broken. She did not insist on her request. The man went to work and passed by a watch shop, sold his damaged watch at a low price and went to buy a comb for his wife. He came home in the evening with the comb in his hand ready to give to his wife. He was surprised when he saw his wife with a very short hair cut. She had sold her hair and was holding a new watch band. Tears flowed simultaneously from their eyes, not for the futility of their actions, but for the reciprocity of their love. MORAL: To love is nothing, to be loved is something but to love and to be loved by the one you love,that is EVERYTHING. Never take love for granted... <3
Прочитајте ја приказната која допре до милиони срца во светот... „Таа е неверојатна девојка. Убава е, паметна, силна и има неверојатна верба во Бог. Сакам да ја носам на вечера, во кино, да излегуваме на кафе и секогаш ѝ кажувам колку е убава. Не можам да се сетам кога последен пат сум ѝ бил лут подолго од 5 минути. Нејзината насмевка знае да ми го разубави денот, без разлика на околностите. Понекогаш доаѓа да ме посети на работа, ненајавено. Ми подготвува неверојатен ручек, а понекогаш ме изненадува и со колачиња кои сама ги направила. Не можам да поверувам колку сум среќен што се состанувам со некоја толку прекрасна, и покрај тоа што сум женет. „Ох, а дали ви спомнав дека девојката со која се состанувам е мојата сопруга? Па, што друго очекувавте? Само затоа што сте венчани, не значи дека вашиот живот со состаноци завршува. Морав да продолжам да се состанувам со мојата сопруга иако се оженив со неа. Заведувањето и освојувањето меѓу нас не смее да престане само затоа што сме рекле „Да“. Често забележувам дека многу љубовни врски умираат затоа што престануваат да се заведуваат и освојуваат. Состанувањето е време кога можеш многу да научиш и да откриеш за другата личност, и тоа на посебен начин. Зошто воопшто би сакале да престане тоа? Не треба. Оние пеперутки кои ги имавте на првиот состанок не треба да одлетаат само затоа што поминале години. Будете се секој ден и заведувајте се меѓусебно како да сте на првите неколку состаноци. Ќе забележите драстична промена на подобро во врската, односот и бракот. Комуникацијата и освојувањето се клучот за успешна врска. Никој не сака да биде во врска со некој што не сака постојано да го заведува и освојува. Ве охрабрувам да почнете да се состанувате со вашите венчани партнери, да се заведувате, грижите и освојувате. Покажувајте ја љубовта секојдневно.“
Еден богат човек имал ЧЕТИРИ ЖЕНИ . Најмногу ја сакал ЧЕТВРТАТА, и и се восхитувал најмногу. Се грижел за неа и и го давал само најдоброто… Исто и ТРЕТАТА ја сакал многу, и сакал да им ја покажува на своите пријатели, но секогаш се плашел да не ја изгуби заради некој друг. И ВТОРАТА ја сакал, таа била многу внимателна, стрплива и секогаш имал доверба во неа. Кога и да имал проблеми, се обраќал кај неа за помош, а таа му помагала да ги преброди и да ги реши сите проблеми. ПРВАТА жена му била секогаш лојален партнер, се грижела за неговото здравје, за бизнисот и за домаќинството, но тој не ја сакал толку многу. И покрај тоа, таа него го сакала толку длабоко што тој и не ги забележувал нејзините знаци. Еден ден тој се разболел тешко и бил свесен дека ќе умре наскоро. Погледнал во своето богаство, во своето минато и си рекол во себе: - Имам ЧЕТИРИ ЖЕНИ, а наскоро ќе умрам и ќе немам ниедна, колку ќе бидам осамен! Тогаш ја прашал ЧЕТВРТАТА ЖЕНА : - Ти давав се најдобро, најдобра облека, се грижев за тебе како за никој друга, но наскоро ќе умрам. Ќе ме следиш ли и ќе се грижиш ли за мојата компанија? Таа му одговорила: - Нема шанси! Нејзиниот одговор како нож му го прободел СРЦЕТО. Ја прашал ТРЕТАТА ЖЕНА : - Те сакав и се грижев за тебе, сега тебе ти е ред да го продолжиш моето дело и да ја водиш мојата компанија? Таа му одговорила: - Не, овде ми е подобро, овде секогаш ќе се сеќавам на тебе! Тој се почуствувал ОТФРЛЕНО. Ја прашал ВТОРАТА ЖЕНА: - Секогаш кога имав потреба се обраќав кај тебе и ти несебично ми помагаше. Ќе ми помогнеш ли сега, да ја водиш мојата компанија? Таа му одговорила: - Жалам овој пат не можам да ти помогнам. Јас само можам да те испратам кога ќе заминеш! Тој се почуствува УНИШТЕНО. Во истиот момент милно му се обратил еден глас и му рекол: - Ќе бидам со тебе и ќе одам секаде каде што ќе одиш и ти! Погледнал и ја видел својата ПРВА ЖЕНА, таа била толку слаба и истоштена, како да гладувала долго време. Тој ја погледнал и и рекол: - ТРЕБАШЕ ДА СЕ ГРИЖАМ МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ТЕБЕ, ТОГАШ КОГА МОЖЕВ !!!
Некоја жена плачела. Нејзиното мало синче ја прашало: „Зошто плачеш?” „Бидејќи сум жена” - му одговорила мајката. „Не разбирам” - рекло детето. Мајката го прегрнала и му рекла: „Никогаш и нема да разбереш.” После некое време детето го прашало таткото: „Зошто мама плаче без никаква причина?” „Сите жени плачат без никаква причина” - му рекол неговиот татко, бидејќи само тоа знаел да го каже. Детето пораснало во големо момче, но и понатаму се прашувало зошто жените плачат без никаква причина. Бидејќи не можел да си го одговори прашањето кое толку многу време го мачело, решил да му се обрати на Бог. Најпрво му се помолил а потоа го прашал: „Боже, зошто сите жени многу лесно и без никаква причина можат да заплачат?” Бог му одговорил: „Кога ја создавав жената знаев дека таа треба да биде посебна. Ѝ дадов доволно силни рамена за да може на нив да го носи целиот товар на овој свет, а сепак да биде доволно нежна за да може да пружи утеха. Ѝ дадов внатрешна сила за да може да ги поднесе породилните болки и многубројните одбивања кои многупати стигаат до неа од нејзините деца. Ѝ дадов сила која ќе ѝ овозможи да продолжи понатаму кога другите ќе се откажат и сила која ќе ѝ биде потреба да се грижи за нејзиното семејство кога има болест и кога има проблеми, без никаков приговор. Ѝ дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сѐ, дури и ако нејзиното дете многу силно ја повреди и навреди. Ѝ дадов сила за да може да се носи со сопругот во текот на сите негови грешки и ја направив од реброто на мажот за да биде поблиску до неговото срце, за да може да го штити и заштитува. Ѝ дадов мудрост со која ќе знае дека добриот сопруг никогаш нема да ја навреди својата жена, но и да знае дека тој од време на време ја испитува нејзината сила и одлучност, за да таа стално биде покрај него. И на крајот ѝ дадов солзи за да може да се исплаче. Тие ѝ припаѓаат само нејзе и може да ги користи секогаш кога ќе има потреба за нив. Гледаш мој сине дека убавината не е во облеката која жената ја носи на себе, ниту во нејзиното совршено тело или во начинот на кој ја чешла нејзината коса. Убавината на жената треба да се види во нејзините очи, бидејќи тие се патот кој води до нејзиното срце - местото каде живее љубовта.”
Кутија со бакнежи Честопати го истураме бесот врз своите најблиски, потоа се каеме што сме ги повредиле. Едно семејство било во многу тешка финансиска ситуација. Се ближеле празниците, а таткото забележал дека неговата ќерка ја потрошила целата украсна хартија за подароци. Нервозно почнал да вика по малото девојче. Наредниот ден девојчето му донело подарок на својот татко, завиткан во украсната хартија. Таткото ја наведнал главата поради својата претходна реакција. Но, кога ја отворил кутијата, забележал дека во неа нема ништо. Се свртел кон девојчето и почнал да вика: „Зарем не знаеш дека кога даваш подарок внатре треба да има нешто?“ На ова девојчето возвратило: „Па тато, тоа не е празна кутија. Нели гледаш колку бакнежи имам ставено во неа?“. Таткото се засрамил од своите постапки. Неговата малечка ќерка, која едвај имала 5 години, знаела повеќе за вистинските вредности во животот од него самиот.
Еднаш, една жена ги полеваше цвеќињата во градината, кога виде тројца старци пред градината. Не ги познаваше, но им рече: - „Мислам дека не ве познавам, но ми се чини дека сте гладни. Повелете внатре ќе ви подготвам нешто да каснете. “ Старците прашаа: - „Дали е дома маж ти?“ „Не“ - одговори жената. - „Тогаш мора да си одиме“ - ѝ рекоа. Вечерта, кога мажот ѝ се врати дома, жената му раскажа што ѝ се случи. - „Сега можеш да им кажеш дека сум се вратил и покани ги внатре“ - рече мажот. Жената замина да ги повика старците на вечера. - „За жал, не можеме сите да го прифатиме вашата љубезна покана“ - ѝ рекоа старците. - „Зошто не?“ - запраша изненадено жената. Еден од старците покажа со прстот: - „Неговото име е БОГАТСТВО.“ Потоа покажа на другиот: - „Неговото име е УСПЕХ.“ - „Моето име е ЉУБОВ.“ - „Сега појди кај мажот ти и заедно одлучете кого од нас тројца ќе повикате внатре.“ Жената се врати во куќата и му раскажа на мажот што ѝ се случи. Мажот пресреќен рече: - „Супер! повикај го БОГАТСТВО да ја наполни куќата со сѐ и сешто.“ Жената пак не беше задоволна со неговиот предлог: - „Зошто да не го повикаме УСПЕХ?“ Разговорот меѓу нив го слушаше нивната ќерка и, полна со воодушевување, рече: - „Зар не би било најдобро да биде повикан ЉУБОВ? Нашиот дом би бил исполнет со љубов!“ Родителите го послушаа советот од нивната ќерка. - „Појди и замоли го ЉУБОВ да биде наш гостин“ - ѝ рече мажот на жената. - „Кој е од вас ЉУБОВ? Ве молам нека тој биде наш гостин.“ ЉУБОВ седеше мирно во својата инвалидска количка и жената го однесе во својот дом. Другите двајца старци тргнаа по нив. Зачудената жена запраша зошто сега идат и БОГАТСТВО и УСПЕХ, кога таа го повика само ЉУБОВ? Старците во еден глас одговорија: - „Да ги повикаше БОГАТСТВО или УСПЕХ, другите двајца ќе заминеа. Но, ти го повика ЉУБОВ. Каде оди ЉУБОВТА ние ја следиме насекаде.“ Поука:Таму каде има љубов, таму секогаш доаѓаат богатството и успехот.
Студенти почнале да го прашуваат нивниот професор: „Професоре, вие сте толку мудри и искрени. Сите ве почитуваат, ве обожаваат и сакаат да ги стекнат вашите квалитети. Но сепак сите нас не интересира една работа а таа е зошто сѐ уште не сте оженет?” Професорот изненаден од прашањето, на почетокот се мислел дали да им одговори, но полека почнал да се отвора пред студентите и им го дал следниот одговор: „Видете, јас секогаш барав Совршена Жена!!! Во таа потрага пропатував низ многу земји. Еднаш многу сакав една преубава девојка. Беше неверојатно убава. Ниту едно момче не можеше да ѝ одолее на нејзината убавина. Но за жал нејзината душа не беше исто толку убава како нејзиниот изглед, па затоа после кратко време се разделивме. После тоа сретнав уште една млада девојка. Таа беше и убава и паметна и образована. Но за жал карактерите ни беа сосема различни и моравме да ја прекинеме нашата врска. Од тогаш па наваму сретнував многу убави жени, но сѐ уште трагав по мојата Совршена Жена. „И што се случило понатаму, зарем никогаш не ја сретнавте вашата Совршена Жена?” - љубезно прашаа студентите. „Да, ја сретнав. Еден ден се појави баш таква жена за каква што со години сонував. Совршена Жена - паметна, убава, волшебна, духовна, елегантна, добра ... едноставно кажано СОВРШЕНА!” „И тогаш се оженивте со неа, така?” - воодушевени и нестрпливо прашаа студентите. „Не! На мое големо разочарување излезе дека таа го бара нејзиниот СОВРШЕН МАЖ!!!” Голем дел од нас бараат од другите да бидат совршени во секој поглед, при тоа заборавајќи дека и тие самите не се толку многу совршени. За да успееме во нашата потрага, треба прво да поработиме на нас самите, да стекнуваме нови вештини и знаења, да се надградуваме како личности, да стануваме подобри луѓе па дури после тоа да почнеме кај другите луѓе да ги бараме сите овие квалитети. Животот е еден и е многу краток, затоа треба многу паметно и мудро да го искористиме.
Маж и жена поминале заедно шеесет години во брак и ниту еден од нив во текот на заедничкиот живот ништо не криел пред неговиот брачен другар. Заедно биле многу среќни, неизмерно се сакале, разговарале за сѐ и сешто и си помагале ден на друг. Помеѓу нив не постоеле никакви тајни. Сопругата која била веќе бабичка, чувала една кутија во плакарот во нивниот дом и неколку пати го опоменувала и потсетувала сопругот дека не смее да ја отвори кутијата и да не ја прашува што има во неа. Мажот ја почитувал нејзината желба, па затоа никогаш не прашал што се наоѓа во таа кутија сѐ до денот кога докторот го известил дека деновите на неговата сопруга веќе се избројани. Сопругот бил многу тажен и несреќен. Почнал да размислува за тоа дека наскоро ќе стане вдовец и почнал да разгледува наоколу во нивната куќа кои работи ќе останат од неговата сопруга кои ќе го потсетуваат на неа кога неа ќе ја нема. Разгледувајќи ја забележал кутијата која се наоѓала во плакарот. Без размислување ја зел и ја однел до креветот на кој лежела неговата сакана сопруга. Таа кога забележала дека тој ја носи кутијата се насмевнала. Со насолзени очи гледајќи го нејзиниот сакан сопруг, била свесна дека ќе го напушти за скоро време па затоа му рекла: „Сега можеш да ја отвориш кутијата”. Мажот ја отворил кутијата и во неа здогледал две мали кукли сошиени од крпчиња, игли и конци за шиење, парчиња материјали и 25.000 долари. Веднаш ја прашал сопругата зошто тие работи ги криела од него сите години. Жената со шепотење му одговорила: „Кога се омажив мојата мајка ми кажа дека тајната за добар и успешен брак е да се избегнуваат кавги и расправии. Исто таа ме посоветува дека секој пат кога ќе се налутам на тебе да земам игла и конец и од разни парчиња материјал да сошијам една кукла.” Мажот кога ги слушнал зборовите од неговата сакана сопруга скоро и да заплакал. Ѝ рекол: „Само две кукли?! Значи дека за сите овие заеднички поминати шеесет години брак ти само два пати ми се налути?!” Иако бил тажен затоа што неговата сопруга била на смртна постела, истовремено се почувствувал и среќен бидејќи си помислил дека само два пати во текот на животот ја налутил неговата сопруга. „Добро, сега ми е јасно за куклите, но што е со овие 25.000 долари?” - ја прашал. Жената криејќи ги нејзините солзи за да не го натажи уште повеќе, со последни сили му рекла: „Во текот на целиот наш заеднички живот толку пари успеав да соберам, продавајќи ги куклите кои ги шиев.”
По пат... Три жени пешачат низ шума, кога одеднаш наидуваат на голема и брза река. Бидејќи морале да минат на другата страна, првата жена почнала да се моли: "Боже, те молам, дај ми сила да ја поминам реката!" И Господ и дал големи раце и силни нозе за да може да ја преплива реката. По 2 часа пливање таа успева да пристигне на другиот брег, но притоа два пати за малку ќе се удавела. Откако видела што ќе се случело, втората жена почнала да се моли: "Боже, те молам, дај ми сила и средства за да ја поминам реката." И Господ и дал сплав, големи раце и силни нозе за да може да весла преку реката. По половина час таа стигнала на другиот брег, меѓутоа по пат за малку ќе се превртела. Гледајќи што се случило со првите две жени, третата се молела: "Боже, те молам, дај ми сила, средства и интелигенција да ја поминам реката." И Господ ја претворил во маж. Тој отворил мапа, пешачел уште 500 метри нагоре по реката и ја минал преку мост.
Една жена си дошла дома од работа доцна, уморна и иритирана, наоѓајки го нејзиниот 5-годишен син како ја чека на вратата. СИНОТ: “Мамo, може ли да ти поставам едно прашање?” МАЈКАТА: “Секако, што е сине?” СИНОТ: “Мамо, колку заработуваш за еден час?” МАЈКАТА: “Тоа не е твоја работа. Зошто ме прашуваш такво нешто?” одговорила налутено. СИНОТ: “Јас само сакам да знам. Те молам кажи ми, колку заработуваш за еден час?” МАЈКАТА: “Ако веќе мораш да знаеш, за еден час заработувам 20 $. ‘ СИНОТ: “Ох”, одговорило малото момче, со главата наведната надолу. СИНОТ: “Мамо, те молам може ли да ми позајмиш 5 $?” Мајката се налутила, “Ако единствена причина за твоето прашање е да можеш позајмиш пари за да купиш глупава играчка или некоја друга бесмислица, тогаш марш директно во својата соба и оди во кревет. Размисли зошто си толку себичен. Јас не работам напорно, секојдневно за такви детски лекоумни работи”. Момчето тивко заминало во својата соба и ја затворило вратата … Жената седнала и почнала уште повеќе да се лути заради прашањето на малото момче. Како се осмелува да ми постави такво прашање само за да добие малку пари? По некое време жената се смирила, и почнала да размислува: Можеби има нешто што навистина му е потребно за тие 5 $, а и тој навистина не бара пари многу често. Тогаш таа отишла до вратата на собата на момчето и ја отворила. МАЈКАТА: “Дали спиеш, сине?” СИНОТ: “Не Мамо, буден сум.” МАЈКАТА: “Размислував, можеби бев премногу строга кон тебе. Имав тежок ден и го искалив мојот бес врз тебе. Еве ги тие 5$, што ги побара”. Момчето седнало, со насмевка на лицето. “О, ти благодарам мамо!” Потоа, посегнало под негова перница и извадило стуткани пари. Жената кога видела дека момчето веќе има пари, почнала да се лути повторно. Момчето полека ги изборило своите пари, а потоа погледнало нагоре кон неговата мајка. МАЈКАТА: “Зошто сакаше повеќе пари, ако веќе ги имаш?” СИНОТ: “Бидејќи немав доволно, но сега имам.” “Мамо, сега имам 20$. Можам ли да купам еден час од твоето време? Те молам утре да дојдеш порано дома. Би сакал да вечераме заедно.” Мајката била скршена. Таа го ставила рацете околу нејзиниот мал син, и го замолила за прошка. ..Без Зборови. Добра Ноќ.
Нељубезност Жан излегол на прошетка низ Париз со неговиот дедо. Додека шетале по улиците, на едно место слушнале како еден муштерија го навредува својот чевлар. Тој тврдел дека нешто не е во ред со неговите чевли. Чевларот смирено ги слушал забелешките, се извинил и ветил дека ќе ја поправи својата грешка. Потоа Жан и неговиот дедо отишле на кафе. Келнерот замолил еден човек кој седел на соседната маса малку да се помести за да може да помине. Човекот бурно изреагирал и одбил да се помести. „Никогаш не го заборавај ова што го виде“- му рекол дедото на Жан. Чевларот ја прифати жалбата на својот муштерија, а овој човек не сакаше воопшто да се помести. На луѓето кои извршуваат корисни задачи не им пречи кога ќе слушнат критика за својата работа, додека пак оние кои немаат никаква корисна работа мислат дека се многу важни и својата неспособност ја кријат позади авторитетот.
Монахиња Валентина Друмева ВИД НА МАГИЈА Надја многу си ја сакаше постарата сестричка, којашто беше студентка по медицина. Таа се гордееше дека сестра ѝ ќе стане лекар. Но многу ја сожалуваше, бидејќи многу се заморуваше читајќи дебели книги. Особено ја сожалуваше кога требаше да појде на испит. Еднаш испитот на сестрата ѝ ѝ се видел многу тежок. Пред да тргне, таа се обратила кон мајка си: - Мамо, денес испитот ми е многу тежок. - Ќе стискам палци – одговори мајка ѝ со сочувство. Таа замина, а Надја почна да се распрашува. - Мамо, што е тоа стискање палци? И јас сакам да ѝ помогнам на сестра ми, но не знам како да го направам тоа. - Наде, ни јас не го разбирам тоа, но луѓето така прават, па решив и јас. Само е важно да помогне. - Многу ми е чудно како тоа ќе помогне. Јас ќе ги стискам палците дома, а сестра ми лесно ќе го помине испитот. Тоа не можам да го разберам. Баба ѝ го слушаше нивниот разговор и се вмеша: - Вие христијанки ли сте или маѓепснички? - Зошто? – запраша Надја. - Зарем не ви текнува дека со стискањето на палците се верува во некаква сила, којашто дејствува преку палците. Таа сила е демонска. Стискањето палци е еден вид магија. Со тоа вие ѝ наштетувате на сестра ти, затоа што го повикувате ѓаволот. - А што да направиме за да помогнеме? Баба ѝ објасни дека Бог ја создал раката на човекот не за да прави магии, туку за да се прекрстува. Крстот ги изгонува злите сили. Со него се изгонуваат стравот, немирот и вознемиреноста на испитите. Се разбира, крсниот знак е поврзан со молитвичка. Таа уште објасни дека Бог помага, но нема да те стави во кошницата, како што вели народот. Човекот треба да се потруди, а Бог ќе му помогне спокојно да си го покаже своето знаење. Надја и мајка ѝ ја сфатија заблудата со стискањето на палци. Тие се прекрстија и се помолија. Попладнето сестрата се врати весела. Таа го поминала испитот со одлична оценка. На почетокот се вознемирила, но потоа откако ги извлекла прашањата, одеднаш во неа настапило големо спокојство. - Сестричке, мама прво ги стискаше палците, со што го повика ѓаволот и тој внел немир во твојата душа. Но по советот на баба, ние се прекрстивме и се помоливме за тебе. Тогаш ти си добила спокојство. Тие повеќе никогаш не постапуваа според оние, коишто ги повикуваат злите сили преку стискање на палци. Разбраа дека тоа е еден вид магија. Спојлер: превземено http://www.spe.org.mk/index.php?opt...4-11-26-19-51-40&catid=41:katihizis&Itemid=84
Се потсетив утрово на една поучна приказна која ми е запишана во нотесот кој го разлистувам често и ми е душевна храна. Сакам да ја споделам со вас: Татко на смртна постела, му подава на синот инструкции каде му остава закопани две ковчежиња. Едното да го побара и отвори кога ќе му биде најтешко во животот, а другото кога ќе му биде најубаво. Кратко време по смртта, синот останал сам, во беда, сиромаштија,глад..се осетил дека му е најтешко и го отворил едното ковчеже. Во него имало ливче на кое било запишано *нема да биде секогаш вака* . Поминале години и синот се оженил, создал семејство, живеел убав, луксузен живот и сметал дека дошло неговото најубаво време и посегнал по другото ковчеже. И во него стоела порака која гласела * нема да биде секогаш ни вака* . Поуката ме одржува низ тешките моменти, нема да е секогаш вака и очекувањето на поубави времиња е полесно. Исто и во убавите моменти, се трудам максимално да уживам додека траат. Каков и момент да имате вие, запомнете *нема да биде вака секогаш*
Што е тоа? Родителите се наша заштита, наши пријатели и советници, чекорат заедно со нас во животот и нѐ упатуваат кон вистинските патишта. Но дали секогаш правилно ја вреднуваме нивната љубов, дали секогаш соодветно им возвраќаме за нивната грижа? Еден постар човек заедно со својот син седел во дворот на еден старечки дом, каде што тој бил згрижен. Одеднаш на една гранка слетало врапче. Покажувајќи кон врапчето, стариот човек го прашал синот „Што е тоа на дрвото?“ Синот му одговорил: „Татко, тоа е врапче“ Не минало долго време, а таткото повторно го прашал синот: „Што е она?“ На ова синот повторно му одговорил: „Тоа е врапче“. По некое време таткото го поставил истото прашање. На ова синот нервозно одговорил: „Врапче е татко, тоа е врапче!“ Поминале неколку минути кога таткото повторно прашал: „Што е она на дрвото?“ Синот започнал да вика: „Колку пати треба да ти повторам дека тоа е врапче!“ Таткото смирено заминал во својата соба и по неколку минути излегол држејќи стар дневник. Отворил една страница и почнал да чита: „Денес мојот малечок син наполни 4 години. Седевме заедно во дворот од нашата куќа, кога на една гранка слета врапче. Мојот син 20 пати ме праша каква е таа птица, а јас 20 пати смирено му одговорив дека тоа е врапче. Бидејќи чувствував искрена љубов и грижа за својот син, ќе му повторев и уште 20 пати ако ме прашаше.“