Текстови со поука

Discussion in 'Литература и уметност' started by guguence, Apr 19, 2012.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Joined:
    May 2, 2015
    Messages:
    5,211
    Likes Received:
    106,387
    Gender:
    Female
    rain-photography-wallpaper_1433452323.jpg
    Кога ја прочитав оваа приказна, се сетив на сите такви случаи и мисловно се извинив – на сите за кои кажав лош збор и ги осудив без да ја знам вистинската позадина. Оваа приказна ме трогна и ме промени засекогаш. Нема никогаш да ја заборавам.

    Еве ја приказната.

    Возрасен маж патувал во возот со својот 25-годишен син. Двајцата стоеле еден спроти друг во кабината и во молк гледале низ прозорецот. Кога возот тргнал, младиот човек одеднаш почнал радосно да мавта со рацете и извикал ентузијастички:

    – Тато, види, дрвјата се движат наназад!

    Таткото само се насмевнал и продолжил да го набљудува пејзажот надвор.

    Во исто купе патувала и брачна двојка. Двајцата сопружници се загледале и едвај забележливо се насмевнале, очигледно збунети од детската реакција на младиот човек.

    За кратко младичот повторно се насмевнал. Го отворил прозорецот и воодушевено почнал да коментира:

    – Тато, тато, види! Облакот оди заедно со нас! А ова е езеро!
    – Да, сине … – ласкаво се насмевнал таткото.

    Двојката продолжила да набљудува од страна и да дава чудни коментари за целата ситуација, која очигледно за постариот човек била сосема нормална.

    По некое време заврнало дожд. Младиот човек веднаш скокнал и извикал:
    – Тато, ова е дождот! И тој ме допира! Ги гледаш ли капките дожд?

    Брачната двојка не издржала и гласно кажала: Господине, зарем не мислите дека треба да го однесете вашиот син во некоjа болница и да побарате помош од специјалист?

    – Ние токму од таму се враќаме, каде што мојот син имаше комплицирана операција на очите. Денес е првиот ден во неговиот живот, во кој тој гледа … – тивко одговорил постариот маж.
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,886
    Likes Received:
    81,087
    Gender:
    Female
    Приказна за спознанието

    Си беше еден човек познат по својата смиреност и љубов према сé на светот. Секоја работа што ќе ја започнеше, му успеваше одлично. Сите го почитуваа и често доаѓаа кај него за совет.
    Еднаш кај него дојде еден сосед кој му љубомореше за сé и кој беше препотентен и горделив.
    - Имам сé во животот! – му рече соседот на почитуваниот човек. – Живеам во потполна благосостојба. Но, тебе повеќе те почитуваат во градот отколку мене. По твое мислење, на кого ти личам јас?
    Мудриот човек се насмеа и рече:
    - Ми личиш на Бог.
    Љубоморниот сосед задоволно се насмеа. Но, посака да му направи некоја гадост на пријателот и затоа извика:
    - Ти мене ми изгледаш како ѓубре! Не разбирам зошто сите во градов те почитуваат!
    Мудриот човек не одговори ништо, само се насмевна.
    Тоа го налути соседот уште повеќе, па го запраша:
    - Зошто не се навреди на моите зборови, бидејќи ти ме нарече Бог, а јас тебе ѓубре?
    - А, зошто би се навредил? – одговори мудриот човек. – Кој во себе Го спознал Бог, тој Го гледа и во другите. А, тој кој е полн со нечистотија, секој човек го гледа како ѓубре.

    Поука: Човек го гледа во соговорникот тоа што се наоѓа во него самиот.
     
    Elf, guguence and ♡BuBaLe♡ like this.
  3. Elf

    Elf Популарен член

    Joined:
    Dec 9, 2019
    Messages:
    568
    Likes Received:
    2,136
    Gender:
    Female
    Кога стрелецот не стрела за одредена награда, поседува максимална вештина, кога стрела за бронзен медал, веќе го обзема нервоза, кога стрела за златен медал, ја гледа метата двојно, и ја губи главата.
    Вештината останува иста, но наградата го деконцентрира. Го засега! Мисли повеќе на победата одошто на стрелањето, и потребата да победи му ја одзема вештината.

    *Кога не живеете за некаква цел, ги зачувувате сета способност и сета енергија, опуштени сте, не ве засега, не ви е важно дали ќе победите или ќе изгубите.
     
  4. Blazenka.G

    Blazenka.G Популарен член

    Joined:
    Jul 24, 2016
    Messages:
    1,021
    Likes Received:
    4,888
    Gender:
    Female