1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Текстот кој ви беше напишан во алманахот

Дискусија во 'Образование' започната од odbojkarka, 4 март 2011.

  1. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Со најубавата насмевка во целиот клас
    Мини не мамеше сите нас
    Со мажките често на час се гиба :$
    но зато од нив многу љубов и комплименти прима :lol:

    Начин на учење:само со рабирање
    Начин на одговарање:со филозофирање :D
    Ке ја памтиме по:убавата насмевка,и долгата љубов со**** :D :rofl:
     
  2. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Ангела на часови
    мирно седи
    и наставата
    будно ја следи.
    Ако некој за неа
    лошо каже
    знајте ќе ве излаже.
    :lol:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Бухаха, не се сеќавам, ама сега ќе го најдам и ќе ја препишам :D

    Еве ја :D

    Од Офи никој немаше мака
    таа да спие на часови најмногу сака
    Архангел се нејзина шема
    Converse патики без дилема

    П.С. Цревата брејк денс ми играат.

    Глупости во боја :D
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cello-PlaYer

    Cello-PlaYer Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    23
    Учењето - на мозокот рана
    ROCK-от најјака страна.
    Вистинска рокерка во нашиот клас
    Во пеење таа е најдобра меѓу нас. :lol:
     
  5. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Затвореник бр.9
    Линн пред фотоапаратот често позираше,
    за музика и фотографирање најмногу се разбираше.
    Предиспозиции за манекенка имаше
    и за пеењето комплименти примаше.
    Осудена за: Гњавење на сите околу себе (26год. и 3 месеци со кауција)

    П.С. Ај се сликаме!
    Кикс: 5:3, на нула ќе ве оставиме!
     
  6. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Смешки ни бил алманахот цел, моето:
    Хепи никогаш на време не доаѓаше
    секогаш по 10 минути каснеше,
    театарот и беше главна тема
    пред табла никогаш немаше трема!
     
  7. BeautyQueen

    BeautyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    32
    Таа секогаш сакаше во најдобро светло да се покаже
    и од својата цел никогаш нема да се откаже..
    Едноставно слаба страна нема
    единствена е *** здивот ни го зема..

    П.С дај малко огледалото :rofl:
     
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Синдром : Insomnia
    Дијагноза : Доцнењето и беше голема маана и за 4 години навика и стана.
    На секого капаче му става и со неа часовите беа лудорија права.
    Обожава да филозофира и на англиски ќе струдира
    Терапија : џин-боровница и Love songs
    P.S. : Ај викендов да одиме Бт.
     
  9. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Во основно на алманахот вака ми пишуваше...
    ".....во шесто дојде кај нас
    и не и се слушаше многу глас.
    Мирна е, до Александра седи
    и добри оценки реди. "
    П.С. Абе не знам :)
    Според мене ова се глупости на кило :) Детски песнички :D
     
  10. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Ме натеравте да го разгледам алманахот неотворен цели 2 години. :D
    Инаку песничката малку глупава ама битно беше да има рима :!:
    "За bunny само едно е важно
    не ја победува расположението тажно.
    Од очите и блеска пријателски сјај
    на секоја расправија и става крај."
    P.s Не си прај филмове! ( фразава беше актуелна тој период ) :rofl:
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Кога некоја песна од училница се лее,
    тогаш Ана-Банана некоја песна пее.
    Глумењето го носеше во душа
    и лаги не сакаше да слуша.
    NickelBack(менето е името на групата)се нејзините идоли,
    и за нивните успеси секогаш збори :D
     
  12. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Aууу сум заборавила дека алманах имам дома , баш сакам и јас да се присетам што пишуваше за мене.

    После 2-3 мин ..... го најдоооов :D еве што ми пишува:

    Мини има една мана
    да касни на прв час традиција и стана.
    И кога ќе ја кренат си нема мака
    одговара она кога сака.
    П.С. Се успав!
    :lol:


    Глупости |( многу креативно ...Ха!
    Добро има мала вистина :?: ( 4 години каснев на првите часови :angel: )
     
  13. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Девојка со убава става
    Xxxxx беше манекенка права
    Имаше памет за сите нас
    И сите од неа бараа спас
    Xxxx има добра душа
    И секој од неа сака совети да слуша
    Наставата со интелегентност ја следеше
    И петки во дневникот редеше
    За мода зборуваше често
    И беше забележана на секое место
    Без неа моден тренд ќе нема
    Таа беше наша главна тема.

    П.С. другарками ми го пишуваше ! :)
     
  14. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    За фудбал е таа луда
    и мрази кога за нешто и судат
    музика на телефончето
    везден си слуша
    и од учење веќе
    и е дојдено до гуша.
    П.С. Кога ќе дојде С`бута?-Ву Среда! |( :D
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Ова ни е воведниот дел за нашиот клас:


    ЗАКОН НА IV-11
    Законот стапи на сила на 01.09.2007. година. Составен од 35 члена, а секој член претставуваше приказна за себе, со уникатна содржина и тема. Секој од нас беше влезен во јака шема. Од испрашување и тестови баравме спас, кој како ќе се снајде, а ако не нема во школо, на кого му требаме во собранието MANGO ќе не најде.

    Првите 2 години, главите на законот не се вклопуваа во секое правило и законска норма, но во трета година на чело со Анета, законот конечно ја доби својата комплетна форма.

    Од година во година спроведувавме се повеќе реформи кои кај уставниот суд (професорите) поминуваа тешко и со мака.Сепак со многу труд, секој од нас го добиваше тоа што го сака.

    Според овој закон четврток беше прогласен за државен празник за кој собраниската седница (клас) имавме многу недоразбирања и разни дебати, но мнозинството гласови беше на наша страна, ако наидувавме на критики и сите ни наоѓаа мана.

    Сега кога по 4 години, кога овој закон ја губи својата сила, и кога сите ние самостојно треба да почне да го учиме тешкиот закон на живот и да се разделиме, ни останува само да си ветиме дека еден со друг вечно ќе се памтиме, а овој закон ќе зазема почесно место во нашите спомени и срца, и ќе биде наш споменар, на кој во животот ќе се навраќаме многу често.
    _______________________________________________________

    А ова е за мене:

    (име и презиме) - LadyD жена пиштол

    _______ беше лидерот наш, најважен беше нејзиниот глас. Прекрасна девојка со многу вештини и високо поставени цели,која секогаш подготвена беше совети да дели.Стрелаштвото и беше најголема страст.А од тестови и испрашувања таа ни беше единствениот спас...., па и затоа го имаше 4 годишниот претседателски мандат.
    P.S. дечки ај да ви кажам нешто...!
    По 11 години: Олимписки шампион во стрелаштво – АС
     
  16. KatWonderland

    KatWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Девојчето со сините очи леташе во височини,си мислеше дека е принцеЗа и сакаше со сите да се ЗеЗа! :D
     
  17. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Ема беше шкорпија оргинал.
    Сите ги вртеше на прстот мал.
    Епитетот разгалена го носи
    со неа никогаш незнаеш на што си.

    Ова ми беше за основно,за средно ќе го напишам тука за неколку месеци. :D
     
  18. Mati333

    Mati333 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Е дајте ми мене предлог мене ми напишаа ама не ми се свиѓа па затоа сама сакам да си напишам е стварно кажете за утре ми е ама да биде нешто уникатно и интересно :))
     
  19. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.240
    не го паметам, беше одамна а и којзнае каде ми ставен ако го најдам ке го в пишам.Знам дека ми се допаѓаше а особено тоа што не го напишаа моите најдобри другарки кои беа со мене во класот туку баш школските, и на тоа сум многу горда....значи дека сум била добра другарка со сите.

    ^^мислам дека е подобро само да го поправиш наместо целосно да си го напишеш сама...зошто цел живот да паметиш дека ти сама си го напишала,..како другите да немале добро мислење за тебе
    седни со некој кажи им дека некој дел не ти се допаѓа и дека сакаш да го поправиш, сигурно ке најдеш на разбирање
     
  20. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Клише. |(

    Насмеана и весела во секој час
    и често и’ се слуша глас.
    Читањето и’ е јака страна,
    а и во учењето си нема мана.

    ПС: Аа, еве сг! ( :^) )
    Втора љубов: Англиски