"Искрена е и секогаш со отворени карти, знае да простува но подоцна ќе врати. Весела и слободна како птица во лет, таа е оптимист најголем на свет!" Бисерот не помнам што ми беше, а ме мрзи да барам, нешто во врска со камерите знам беше. Инаку за мојот клас јас ги пишував, ама ми беше глупо сама за себе да си напишам па некој друг ми ја напишал. Ни сама не знам кој, само ми ја предадоа.
Ние имавме нешто како хороскоп... Знам дека бев Dance-floor queen (сега кога ќе ми текне, глупости).. Да ме утепаш не ми текнува на цела песна А само си ја памтам реченицата што ми ја напишаа на крај.. "Аа ич не ми е оштетена мене косата " Како тоа да било многу битно, али ги имам отечено сите со косата во средно.. Оф, оф.... Едит-ми текна... Нешто дека ќе идам на факултет кариера ќе терам, љубов ќе баталам.. така нешто.. И би вистина..
Девојки треба да напишам нешто за класната и нзз како да почнам ве замолувам за мала помош. фала ви однапред.
Нашиот текст за алманах е поврзан со фармацијата и лековите. Еве го мојот Име на лекот: (Моето име и презиме) Особини: Мирно и тивко девојче во нашиот клас, но кога се кара со Т ечи нејзиниот глас Индикации: Почитуван лингвист Контраиндикации: Бегање од час Докажување: Составен дел од секој проект Означување: (моето име нагалено)
Еве го моето. Ко прволачешка рима е знам, ама гајле ми е. Теа беше одбојкарка јака, со учењето никогаш си немаше мака. Убавината беше она што ја краси, во незгодните моменти знаеше да не спаси. П.С. Вежбаш на физичко? Прекар: Теа Во иднина: Манекенка Кикс: Востанието почнало на 31 февруари.
Изглед : Wednesday (Adam's Family) Особини : Препознатлива по балот на учењето,имено сака да прави ѓурултии во секоја страна од учебниците.Наликува на изморената мува која се изморила од јадењето на лубеницата и сега посакала да си ти потрие рацете.Поседува огромен капацитет кој Алберт Ајнштајн може и нозете да му ги мие-водата да му пие. Заклучок: Hello Kitty . Ете што ќе ми пишува
дечкии ми треба текст за алманах....ај ве молам за помош кој знае да пишува убаво...фала однапред позздравв..
Пиши ми во ЛП крактеристиките на тој/таа за кој ти треба песничка и ќе пробам да составам нешто. И да, кажи ми во кој стил сакаш.
в.беше многу тивка, англискиот и одеше мн, а за љубовта не збореше. пс.не сум спремна (вака ми беше отприлика)
Оф леле, од основно е цело ше ше ше клиШЕ А од средно вака: Препознатлива по: сјаеви за уста Сон: да има 1л силиконски капки Кога ќе порасне ќе биде: менаџер на мафијашки начин. Кое дебилче
Па ние немавме ваков класичен текст туку имавме nickname: омилен пејач омилена книга омилена песна омилена боја ..такви работи
Ја немам уште алманах, но еве некои интересни. .Ако ви е потребно пудра,крема,огледалце или четка за косата ваша, побарајте во косметичката торба на _____ наша. Шишките и беа најголема окупација, а англискиот за неа најголема рекреација... П.С. - (бла,бла,бла) _______ постојано на часовите касни .. изгледа правилата не и беа јасни. Кога ќе дојде на час отвара тема и со фризурата беше јака шема. Таква е нејзината теорема два часа ја гледаш .а после 2 месеци ја нема. П.С : (бла, бла, бла)
Сега од средно беше нешто како СВОТ анализа... Јаки страни: економија Слаби страни: музичко Закана: шишање на косата Можности: главен извршен директор на Deutsche Bank AG глупости еј!
Прекрасна дама со ангелски лик, незнаеше ни за прекор ни за вик. Таа беше за талентирана, и никогаш нема да ја видиш изнервирана. Позитивна енергија секогаш шири, лошите страсти знае да ги смири. Секогаш нежна мила и фина, 8 години со петки ги мина. Во неа омраза не постои , таа на сите срцата ни ги освои . Со својата става и прекрасна лика, ... заслужува принцеза да се вика. Од ништо во животот не се плаши, затоа остана во срцата наши.
Уште немам завршено средно, ама еве што ми пишуваше во алманахот за основно: Ина секогаш во прва клупа седи и во каратето успеси реди Си плива во заљубени води паметот стално кај некој и оди Обожава да пишува и пее Понекогаш знае откачено да се смее. П.С: како не По десет години: Го наследува тронот на татко и
Ова ми го напишаа : Одсекогаш е свесна за капацитетот наш на facebook стекна најдолг стаж. Со пирсот беше препознатлива, а таа нејзина пасија за професорите е несватлива.
Јуле беше спас за целиот клас се помнеше и ја биеше добар глас во последна клупа со маца седеше и по цел час за Џастин муабети си редеше
Битолчанката **** на било која клупа седи, и со сите муабети реди, Каснењето и беше јака страна. А со оценките си немаше мана
Симона е откачена цура, и стално царски се „фура“. Таа си има своја шема, и за зборување секогаш наоѓа тема. П.С: Офца си. Специјалист за: Филмови. Глупости тешки, ама мора нешто да ти пишува.