1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Текст за покани за свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од od-samrak-do-zori, 22 март 2011.

  1. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    НАПРОТИВ НА МНОГУМИНА БИ ИМ СЕ ДОПАДНАЛО ОВОЈ ВИД НА ТЕКСТ.ТЕКСТОВИТЕ СО ЉУБОВНИ ТЕМАТИКИ ТЕ САКАМ СЕ САКАМЕ ПА ПОРАДИ ТОА ВЕ ПОКАНУВАМЕ... ДРН ДРН ЈАРИЊА СЕ ВЕЌЕ ДЕМОДЕ ОСТАВЕНИ ВО МИНАТИОТ ВЕК.
     
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Љубовта е клуч која кај човекот ги отвара сите врати... Бракот е најубавиот облик на соединување на две единки кои се сакаат.... Момент кој се памети целиот живот...

    Ова е текстот што стои на поканите за свадба на сестра ми.
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.292
    Допаѓања:
    16.695
    Денес добив многу креативна покана.
    Текстот е: Кој ќе каже ДА, а кој можеби НЕ? Кој чие презиме ќе земе? Кој ќе го фати бидермаерот? Дали невестата ќе баце раче за париче? За да ги видете овие случувања....

    Мене лично многу ми се допадна.
    Нешто поразлично од: Има моменти кои траат кратко а се паметат вечно...:D
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    на крај на една ^^ покана како оваа од од горе имаше плус :
    „ да не заборавиме поклони сами ќе си бираме, затоа дајте ни ги пликоата!“

    Според менее не толку убава порака
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Вистинската љубов е дар од бога,сребрена панделка,
    со која срцето со срце и умот со ум во едно тело и душа ги сврзува.

    Вистинските љубовни приказни немаат крај,
    поделете го со нас почетокот.

    Мене овие текстови ми се ептен безвезе, клише. На нашата покана би сакала да стојат само имињата, датум, час, ресторант , доволно е . И така знаат гостите за што се дојдени.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    незнам дали имам кажано за мојата:



    јоелле јоелковска

    и

    петко петковски

    заедно со своите семејства ве покануваат на прослава по повод нивната вечавка

    сабота 24 март 2013 година

    20 часот

    ресторан тој и тој


    нормално со убав фонт и убаво среден текстот
     
    На Philippa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zuzu82

    zuzu82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    108
    еве го текстот од мојата покана за свадба...поканата ми е штосна и е од оној тип на покани со човечињата :D ....гласи вака

    СВАДБА
    Главни улоги. Нашите имиња
    Режија. Приватна
    Музика. Името на групата
    Премиера. Ден,месец година
    Ресторан. Името на ресторанот и цасот на прием
    Продукција. Презимињата на семејствата
    Базирано на вистинска приказна
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Нашата е кратка и јасна....
    Вистинските љубови немаат крај, бидете дел од нашиот почеток
    И надолу останатите податоци
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.387
    Допаѓања:
    5.846
    овие ми се интересни и не како оние класичните (сепак секој со свој избор)

    СВАДБА
    Главни улоги. Нашите имиња
    Режија. Приватна
    Музика. Името на групата
    Премиера. Ден,месец година
    Ресторан. Името на ресторанот и цасот на прием
    Продукција. Презимињата на семејствата
    Базирано на вистинска приказна

    Кој чие презиме ке земе? Кој ке го фати бидермаерот? Дали невестата ке игра по маси? Ова и многу други детали ке ги дознаете ако бидете на правото место во право време!!!

    многу едноставно име + име = СВАДБА
    податоци и под семејствата тел. броеви за да го потврдат присуството

    Причина - Свадба
    На кого - име на младите
    Кога - датум
    Каде - име на ресторан
    Во колку - час од колку до колку е прием
    Зошто - за да славите со нас.
     
  10. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се слушне биењето на камбаните и песната на ангелите, со благослов од Бога во светиот храм пред олтарот на Господ ќе на крунисаат љубовта со брак

    Донна и Г.....

    и надолу дрн дрн деталите.

    Ова го пишува на моите покани
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.812
    Пол:
    Женски
    Се двоумам помеѓу два текста, па би сакала да чујам мислења околу нив :)

    Во Сабота на 3 Мај
    Ние,
    Анастасијаки и Ханито
    Сакаме нешто важно да споделиме со Вас
    Разубавете ни го денот со Вашето присуство
    и тука останатите податоци...


    Јас/ Таа ( во моите покани ќе стои јас, во неговите таа)
    веќе кажа(в) ДА, време е за забава„
    Насмејте се, дотерајте се и бидете со нас на
    3 Мај 2014 година
    тука податоците
    Анастасијаки и Ханито
     
    На Simona999, Veki4kaa и Nati.P им се допаѓа ова.
  12. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Вториот текст ми се допаѓа повеќе :)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    и мене вториот текст повеќе ме бендиса :)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Второто ми е поштосно ;)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.146
    Допаѓања:
    46.812
    Пол:
    Женски
    Фала ви девојки и мене ми се допаѓа тој повеќе :)
    Туку осмислив јас уште нешто..

    Ханито праша , Анастасијаки кажа ДА .
    Насмејте се, дотерајте се и бидете со нас на...
    Како звучи ова? :$
     
  16. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Јас мислам овој е подобар:
    Јас/ Таа ( во моите покани ќе стои јас, во неговите таа)
    веќе кажа(в) ДА, време е за забава„
    Насмејте се, дотерајте се и бидете со нас на
    3 Мај 2014 година
    тука податоците
    Анастасијаки и Ханито

    :)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Поканата која сте ја одбрале е феноменална, мене лично многу ми се допаѓа и мислам дека за таков модел треба некој по поетски текст или како јас што го викам „поромантичен“ ;)
    Можеш да седнеш и да си измислиш текст во кој ќе преовладува вашата љубов.
    Јас текстот за нашата покана го смислив буквално во 2 секунди. Седнав и го напишав :)
     
    На anastasijaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Вториот текст е поинтересен, плус можеш и сама нешто да смислиш и да додадеш. :)
     
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Нека љубовта биде на крилјата на зората
    љубовта нека биде длабоко море
    голема како милион универзуми
    нежна и тивка, без немири
    и ќе се посвети да го украде срцето на секого
    дека секој сака на свој начин, различен од другите.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Бидејќи сте дел од нашите животи,
    поради вашата љубов и пријателство,
    со задоволство Ве покануваме заедно да го прославиме.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Вистинската љубов е дар од бога,сребрена панделка,
    со која срцето со срце и умот со ум во едно тело и душа ги сврзува.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Со особена чест и задоволство ве покануваме
    да ги споделите најсреќните мигови со нас
    и да бидете дел од нашата свадбена веселба.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    За мигот што вечност значи
    во светиот храм со благослов од Бога
    пред олтарот негов ке ја крунисаат љубовта со брак.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Има денови кои траат неколку часа,
    а вечно остануваат во сеќавањата.
    Во името на љубовта,среќата и новиот живот бидете со нас на ….
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Во овој миг кога животот ни ги спои судбините
    ние двајца ке станеме едно и во сон и на јаве,
    за навек со благослов од Бога ке ја крунисаме нашата љубов.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Вистинските љубовни приказни немаат крај,
    поделете го со нас почетокот.
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Кога ке се слуште биењето на камбаните
    и песната на ангелите,
    со благослов од Бога во Светиот храм
    пред олтарот љубовта ке ја крунисаат со брак…
    * * * * * * * * * * * * * * * * * * *
    Има денови кои траат кратко,
    но се паметат вечно,
    Ве покануваме заедно да ги запишеме спомените
    за еден таков ден.

    Превземено :)
     
  20. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Јас имам ваква замисла...Сакам да пишува една мисла...Која веројатно ќе ја чувам во тајност...Ако ништо друго сакам да си ги задржам авторските права :) после октомври ќе ви ја напишам, и се надевам ќе ви се допадне :) После мислата ќе ги има нашите имиња и денот и датумот Ч)