На македонските телевизиски програми веќе нема ништо квалитетно, се е катастрофа, додека на странските може да се најде квалитетно и поучно нешто.
Само и само македонија го достигна дното веќе и по телевизиските програми. Немаат пари ниту за една "асална" и поучна серија или филм, поучна емисија пак е научна фантастика. Со овие турски серии го отупеа и го стигнаа дното, веќе стварно се досадни и иритирачки по 10 серии дневно со глупости и малограѓанштина да се пуштаат бе, немаат ни осет ни усул дека го отупеа народот. Не се наоѓа ниту филм некој нов поучен интересен ниту пак серија бидејки таа "инвестиција" им е премногу за нивните можности нели, а никој не го интересира да превземе нешто и да го слушне народот. За вестите шта речи, дно дна и карневали препукување и цуркузи за нивни потреби. И вестите веќе станаа коперација и малограѓанштина. А да не зборуваме за репортерите и нивните глупости.
На κоја наша пρогρаша да свρтиш се туρсκи и индисκи сеρии. И да κога и да се најавува нова туρсκа сеρија таа е сеκогаш најгледана и најдобρа -.-, дајте веќе нешто асално и поучно за сите генеρации. Наместо κаκо на цρтаните да си игρаат децата тие глумат долина на волците, стρашно што целата оваа пρогρама најлошо влијае вρз најмладите.
Ааа да нема што да се гледа веќе само песни слушам а и нема ни саглам песни ништо нема ништо буквално
На нашиве телевизии ништо паметно нема освен еден куп турски серии со кој го заразија народов. Од нашиве телевизии еднаш дневно пуштам Сител кога има "Сè или нешто" - единствената светла точка на таа телевизија и Канал 5 кога ќе фатам дел од утринската програма "Здраво Македонијо" и кога гледам македонски народни приказни. Повеќе ги пратам странските канали, како TLC, ID и National Geographic Channel каде што може нешто повеќе да се научи од нивните емисии, за разлика од турскиве серии.
Doma se gledaat edino sportski kanali i vesti. I ako se nacheka nekoj film vecherno vreme. Mnogu sakam i kvizovi, ama znam samo za onoj eden na Alfa.
Сама кога сум дома, не гледам телевизија, дури и го исклучувам телевизорот да не трошам струја. Понекогаш можам да се одлучам да гледам нешто од 24Kitchen или Viasat History.
Често ми се случува да вртам канали на ТВ и да не најдам ништо интересно за гледање. Од таа причина немам дигитална телевизија. И таму нема ништо интересно за гледање. На нашиве телевизии им фалат филмови, забавни емисии и квизови. А не само да прикажуваат турски серии. Претераа со тоа. Што се однесува до дигиталнат телевизија, тоа што го прикажуваат таму не ми се допаѓа. Не сум по спортот, документарни емисии не гледам, а филмовите не се по мој вкус. Ретко гледам телевизија.
Јас Тв престанав да гледам одамна. Сега само си ги знам бројките за каналите CN & Boomerang. Доволно ми е, поретко да разлистам шо има и веројатно ќе останам само на Fox crime или нешто слично.
Не гледам многу тв, најчесто гледам музички канали, знам да слушнам и вести, заедно со временска прогноза, понекогаш и по некој филм, но летниов период програмата ептен им е тапа, така што од Септември би требало да емитуваат и нешто поинтересно.
Мислам дека дното го допреа телевизиите. Ништо нема веќе асално, само шунд програми. Не се ни трудат да има.
Многу ретко гледам тв ,најчесто некој музички канал ,спортскиве или ако начекам некој филм . Ама од македонскиве апсолутно ништо ,со години веќе имам одбивност кон сите нив ,одкако почнаа да се емитуваат турски серии по цели денови
Секој ден гледам телевизија.Тоа е едно од нештата кои најмногу ме опуштаат.Повеќе ги гледам странските канали.