Телевизија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од RainBow, 11 мај 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.802
    Што мислите за телевизијата во глобала? Губење на време, заглупавување или корисен извор на информации и забава?
    Колку време неделно утепувате гледајќи телевизија? Дали има некое шоу, филм или било каква програма која би забраниле да се емитува? Што ве нервира, а што обожавате да гледате?
     
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    58
    Па иако во последно време многу слабо гледам телевизија,мислам дека е супер како средство од кај што можеш да научиш многу работи и квалитетно да го искористиш слободното време.
    Е сега нормално дека зависи што гледаш,ако гледаш Бандини и Шехерезад само,тешко дека ке научиш многу :)
    Јас најмногу гледам VH1 и уште некои други музички програми,Discovery,Travel&living,,Fox Life,Tv1000,FTV,Аnimal Planet од време на време....зависи каде ке начекам нешто интересно.
    Од нашиве гледам а1 најмногу и сител,ама ме нервираат а1,во последно време само турски и шпански серии даваат и реалити шоуа.
     
  3. Oluska

    Oluska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    22
    Ако зборуваме за нашиве телевизии со еден збор Катастрофа :( За љубов на вистината ретко може некоја емисија да ти го привлече вниманието.Според мене нашите телевизии како да ја изгубиле смислата на нивното постоење
    А за шоу кое ме нервира ќе го изберам Браво шоу :) Како причина ќе ги наведам поголемиот број од гостите.Значи кој зинал почнал да пее :D не е важно шо се пее и дали се знае да се пее :rofl: Крај беше кога видов еден тип со суканици растура народно а талент за пеење шта да ти причам кад све знаш :tmi:
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.809
    Пол:
    Женски
    ретко гледам телевизија, некако немам време :D а обично кога гледам, најчесто пратам вести :wasntme: , овие емисииве ексклузив, бекстејџ. или пак некое ептен добро филмче :) ааа да и Шехерезад, обавезно :lol: а и во принцип не баш има што да се гледа по телевизиите, се е едно исто, само на различна програма :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.802
    Јас пред некои години гледав скоро четири саати дневно тв. Сега не знам како сум можела да го правам тоа :puke:
    Мразам шпански серии, посебно овие синхронизираниве не можам да ги смислам и музички шоуа од типот на таленти, фешта и.т.н. Посебно на живци ми идат кулинарските емисии, иако не можам да објаснам зошто, ама некако ми се ептен дебилни.
    Сакам да си гледам ситкоми и да се посмеам малку, некое интересно филмче. Исто ме бендисуваат и вестите, иако порано му се чудев на татко ми како не му се досадни :lol:
    Ама најмногу од се што се прикажува по телевизијава, ме нервираат рекламите. Ајде се наоѓа и по некоја досетлива и интересна, ама таквите се реткост. Доминираат некои дебилни, неиновативни и мислам дека нема веќе што да се каже за ова.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Многу малку време поминувам пред телевизор. Немам време а и ретко затечувам нешто интересно за гледање. Овие сериските филмови ме нервираат и воопшто не ги гледам.Понекогаш гледам вести и тоа на А1. Најсаглам програма ми е.
     
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.440
    Губење време. Особено нашите национални телевизии. Јас не гледџам, никогаш и не сум гледала. Понекогаш си пуштам музички телевизии, или гледам некоја серија на ДВД додека вежбам, иако ми здосадуваат многу брзо.

    Од националните гледам само вести, не по мој избор, туку овој мојов гледа, и само се нервирам кога ги слушам.
    Децата се навлечени на цртани, едвај им ги скратив. Во состојба беа цел ден пред телевизор да дремат, зимата мислам дека едно 5-6 саати во денот гледаа телевизија. Сега гледаат по час и половина дневно. Ќе им го скратам и тоа полека.

    Единствено некои од документарците на дискавери, травел, или слични телевизии ми се ок. Ако фатам некој додека гледа саканиот мој, ја изгледувам. Инаку тој без телевизор не живее, да не се карав за тоа и ќе спиеше со вклучен телевизор. Што и да прави, телевизорот мора да е вклучен.
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.354
    Допаѓања:
    14.828
    Пол:
    Женски
    Јас не гледам телевизија, затоа што програмата на телевизииве е катастрофа.
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    4.398
    порано да бев зависник од телевизија, телевизорот гореше 24/7 меѓутоа сеа да ме прашате незнам на кое копче кој канал ни е :lol: толку немам време за тв, демек пораснав и многу поважни работи имам во животов, излишно но вистинито. а и доста време сум на нет и фемина :lol:
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.802
    По некои години мислам дека нетот сосем ќе ја замени телевизијата... Сега и серии и филмови, скоро се може на нет да се гледа...
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Последниве месеци не сум гледала тв воопшто, ниту една наша тв не можам да ја издвојам како омилена.
    :y: + мразам емисии од типот на А1 Ексклузив и Бекстејџ, ми одат на нерви ток шоуа како Опуштено и Жаре и Тротоар и веќе не знам кај да се обратам, ништо од ова не ми се свиѓа :puke: Се' веќе видено и досадно.

    Гледам вести на Канал5 во 17h тогаш ручаме и неминовно е, или тие на Алфа се добри.

    Ако седнам да гледам наменски, тоа е само заради Najslabija karika на HRT, или некоја сериичка на Fox, или Travel&Living.

    P.S. Морам да нагласам дека тв е нон стоп вклучен, гледал или не гледал некој. Мора да си брмчи едноставно, посебно кога сум сама дома. :D
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.802
    Кога си брмчи твто како да не си сама... Битно нешто збори. А пак кога се сите дома пополнува тишина и ја живнува атмосферата :)
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Ете, истомисленик! Баш така ;)
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.258
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    Па гледам телевизија кога сум сама дома, ако ептен немам што да правам. Не ми се допаѓа програмата на националните телевизии, навистина немаат некој избор, ниту пак прават добри емисии. Кога гледам, одбирам тоа да биде некој документарец на Discovery, National Geographic, Travel & Living, Travel, ViaExplorer, ViaHstory. Ако сакам само да се релаксирам си пуштам ФоксЛајф/ФоксКрајм, или пак HBO/HBOComedy.
    Забележав дека кога учев, кога студирав, многу сакав да гледам телевизија. А особено кога спремав испити. Иако морав да учам, јас седев пред телевизорот, зината во него, ко мислиш светот ќе пропадне ако ја пропуштам таа епизода или што и да беше тоа што го гледав. ЦЦЦЦ... а сега,само навечер свети телевизорот... подолго ќе ми трае ако ништо друго :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  15. Malechk0

    Malechk0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    79
    Па од кога имам интернет не гледам многу телевизија !!!
    Ама сепак највеќе сакам да гледам филмчиња на HBO и интересно ми е на кодот на Да Винчи :)
    има интересни емисии за животни, обожаваам тоа да гледам !! :)
    а мразам реклами на сред филм или на сред емисија !!
    А и на телевизија и често слушам песни !! :D :D
     
  16. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    1.119
    Порано многу гледав , неможеа од кревет да ме станат моите ,но сега ја заменив со интернетот . Ако има нешто интересно како добро филмче премиера може да погледнам . Најчесто Сител и А1 ги гледам за филмови петок и сабота ако не излезам надвор .
     
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.611
    Обожавам интересни филмчиња,серии и емисии.Мразам реклами и досадни филмови и опери на мтв кога ќе видам косата ми се ежи,аман... имаш чувство дека секогаш кога највише нема што да се прави тогаш ништо интересно нема :devil: :devil:
     
  18. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    279
    Од кога имам интернет ,многу слабо гледам тв,нема ништо интересно,само некои глупости.Само овие сериите Бандини,Кога лисјата пагаат обавезно ги гледам :lol:
     
  19. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    30
    Обожавам да гледам телевизија посебно некои интересни филмчиња и емисии .. а многу се нервирам кога даваат рекла ми по 12 минути леле :devil: а и ме нервира тоа што 1 филм го даваат реприза по сто пати место да даваат нешото ново и убаво они некој стари филмови од времето на дедо ное и ем што ги дале преку сто пати ]:) :@
    Иначе и некогаш кога сум пред телевизор го утепувам времето.. ехх таа досада иначе у последно време не дале некое убаво филмче незнам се некој глупости даваат :tmi:
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.354
    Допаѓања:
    14.828
    Пол:
    Женски
    Не знам дали некој воопшто гледа телевизија кога има интернет. Јас не ни го уклучувам телевизорот.