Јас гледам ТВ само кога јадам и кога ќе почне некоја серија. Кога сум во дневната дома или на работа, пуштам VH1 и си слушам музиче. Порано почесто, а сега ретко да седнам да изгледам некоја документарка. Ќе ми се случеше со часови да гледам Discovery, сите емисии на памет ги знаев во колку почнуваат. Инаку не го ни погледнувам телевизорот
На МТВ ќе даваат турска серија од 16-ти Август. Видоа дека турските серии им донесоа огромна гледаност на А1 и на Сител, па и кај нив сакаат да биде така. Се сомневам дека некој ќе ја гледа серијата. Скоро никој не гледа МТВ.
Па ќе научиш што е добра муэика на Vh1, эа раэлика од ужасната муэика на Бандини, ако може да се нарече муэика. А на Дискавери,Анимал Планет и сл. можеш многу да научиш
Самр Грл во една тема имаш пишано дека гледаш Не дај се Нина , а викаш не уклучуваш телевизор, чудно . ___________________ Телевизија гледам ретко, и кај мене телевизорот си е секогаш приклучен(освен кога не сме дома), мора да работи, ако не е приклучен како да фали нешто, навика ќе да е . Најмногу гледам Vh1, Discavery и чат-пат HBO ,вести на А1 гледам инаку имам во компјутер инсталирано програма и можам преку нет да гледам телевизија, ама тука повеќето се странски(и троши многу нет), од нив гледам едукативни и за забава.На тие има и светска камера што прикажува одредени делови во светот во живо.
Ми инсталира вујко ми, не знам дали е баш програм, на мозила го имам се вика Live TV by Country се наоѓа над прозорчињата (табулатроите).
табулаторите* Нема проблем Криси се надевам дека ќе се снајдеш ПС а што правеле порано кога немале телевизија и интернет? Како им било ним?
Телевизија ретко кога гледам, посебно не некои шпански или турски сапуници, тоа ми е само губење на време. Секаде истата приказна, ништо ново не можеш да научиш. Секогаш ми е вклучен телевизорот на VH1 додека седам пред комјутер, а понекогаш гледам и Discovery, Travel and living, Fox Life, а и Mtv, иако поретко, само кога има The Osbournes, South Park или ако начекам некоја добра песна. Во последно време гледам и Не дај се Нина кога ќе фатам, ама само кога ми е досадно и е зафатен компјутерот.
Јас не уклучувам телевизор, ама сестра ми да. И кога е уклучен телевизорот ако начекам нешто интересно на телевизија, гледам.
Па за летниов период поретко гледам телевизија, поради интернетот. Телевизорот е вклучен кога доаѓаат моите дома после работа, за да погледнат вести, јас да свртам неколку програми или ако има некој интересен филм/серија за гледање. И обично пред спиење гледам телевизија за да ме успие, а после сам се исклучува. Омилени канали ми се: А1, MTV, Discovery, Fox Life и Nova (додека ја имаше).
Телевизијата би требало да биде средство за информирање и проширување на хоризонтите. Во минатото имала и те како голема улога( не постоел Интернетот, па тоа бил еден од најбрзите начини на ефективно распространување на информациите). Подоцна, телевизијата станува бизнис, огромен извор на пари и моќ, затоа што дозволува манипулирање со јавното мислење. За жал, денес кај нас телевизијата е само средство за лесно и брзо затупавување. Кога ќе ги видам реалнине шоуа, дебилните квизови и самопрогласените забавни емисии ми се плаче. На моменти мислам дека турскиве и шпанскиве сапуници и не се толку за никаде во споредба со домашнава програма. Ми се повраќа кога треба да седнам и да гледам како некој што себеси се нарекува новинар го уништува македонскиот јазик. Затоа ретко гледам телевизија, а ако веќе сум решила да гледам нешто барам програми од типот на анимал планет , дискавери и сл. на нив. Барем ќе научам нешто за светот. И ако ништо друго ќе си го подобрам англискиот. Извинете за долгиот пост, ама од кожа излегувам кога ќе слушнам некој дека знае да прераскаже од збор до збор како се вреѓале во некое реално шоу, а мисли дека Земјата е плоча.
Телевизија ретко гледав до пред некој ден кога ми наместија во дневна макс тв.Има интересни програмчиња.Кај мене во соба си гледам најчесто пинк-шпански серии. Инаку има интересни серии и филмови на фокс лајф,фокс крајм и на хбо.Посебно интересни ми се grey's anatomy и монк.Најчесто нив ги гледам...
Порано многу гледав ТВ посебно кога имав за учење, баш тогаш ќе почнеше некое интересно филмче, а кога е досадно баш тогаш ништо нема... А и освен овие досадниве шпански, турски, индиски и не знам уште какви ли серии нема ништо друго Откако ставив Интернет многу помалку гледам ТВ. Иначе нон стоп ТВ мора да биде уклучен и да брмчи. Најчесто е на некој музички канал или Fox, Super movies, HBO, TV 1000...
Според мене е главно губење на време.. едино што гледам е Бандини не се смејте И тоа е се!! Ептен некад ако начекам некој филм па да го изгледам,инаку вака друго ништо =)
Кога имам слободно време гледам ТВ, а исто така ужасна ми е емисијана Браво шоу.а гледам Очајни Домакинки ,слушам музика,некогаш некое филмче.
Не гледам многу ТВ, а кога гледам гледам само Фокс Лајф и Фокс Крајм, многу ретко нешто на другите...
Телевизија гледам или посабајле (9-12) или навечер (9-12) . Вака преку денот ептен ретко седнувам, а и кога ќе седнам нема ништо асално да гледам. Најчесто си гледам Fox Life, Travel&Living, Mtv Adria, Mtv hits & dance, на А1 лисјата, на Сител ако нема ништо Вб кога ќе фатам или Сељаци многу ми е смешно . И Време на дождови гледав кога ќе фатам чат-пат ама заврши и евентуално некое добро филмче. Мутави ми се Браво шоу, Кој те шиша и другите слични вакви шоуа, 4 сезони, Малечката невеста, Огнови на љубовта, Ѓулпаре и другите индиски серии, оние емисии каде што гатаат, бајаат и што ти ја знам.