1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телегонија

Дискусија во 'Секс' започната од Bitter-Sweet, 10 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.364
    Допаѓања:
    77.727
    Пол:
    Женски
    Дојде време да се научи и ова. :) Денес, кога менувањето на сексуални партнери се смета за нешто нормално и модерно, добро е да се запознаете со телегонијата, па се надевам ќе подразмислите малку... :)
    Што значи телегонија?
    Феноменот на телегонијата прво бил испитан на животните уште пред 150 години. Научниците Флинт и Феликс Ледантек, како и други научници, го докажале овој ефект на животните. Експериментите се опишани во книгата на Ладентек „Телегонија – влијание на првиот мажјак“. Одгледувачите на кучињата знаат дека ако расно куче, барем еднаш, се спои со нерасно куче, после тоа веќе не може да се смета на расно потомство. Исто така, гулабицата која е расна, се убива ако се спои со гулаб кој не е расен, зошто се знае дека потомството ќе биде без педигре. А што се случува со феноменот на телегонија кај луѓето?
    Телегонијата кај луѓето научно е потврдена после долгогодишни опсежни физиолошки, антрополошки, социолошки и статистички иастражувања и експерименти од страна на неутрални научници. Науката тука категорично изјавила:
    „Да, ефектот на телегонијата се однесува и на луѓето и тоа во многу појасно изразена форма отколку во животинскиот свет“. Тоа значи дека жената која иако не забременила, ги носи во себе јајните ќелии во кои се вградени низи на ДНК на сите нејзини претходни партнери со кои имала сексуални односи. Од порано се знае дека гените на партнерот можат да се вткаат во генетскиот систем на жената. Телегонијата тврди дека на потомството на жената влијаат и нејзините поранешни партнери со кои имала сексуален однос така што, нивни генетски материјал се задржува во недоволно развиените јајце клетки па кога партнерот што ќе ја оплоди, ќе создаде плод кој ќе носи во себе гени од претходниот партнер. Како пример за ова се наведуваат Русинки кои имале авантури со глумци од патувачки театри. Тие подоцна раѓале деца кои не личеле на здравиот бел тен на таткото, туку на тие претходните.
    Не звучи импресивно, нели? :)
    Денес ретко кој е запознаен со ова, затоа отворив тема, да се запознаете сите, тие што имале повеќе партнери да бидат свесни што се случува со нивните репродуктивни органи, а тие што сеуште немале секс, треба да бидат среќни што се чисти и да се чуваат. Телегонијата го дава одговорот на прашањето колку невиноста и еден единствен партнер се навистина важни и значајни.
     
    На Traveler91, melnicanecot, clen1 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.958
    Допаѓања:
    51.362
    Пол:
    Женски
    Кул, добро избирав низ годините, децата ќе испаднат супер.


    Ова е теорија. Не е научно потврдена. Освен ако не си мува.
     
    На Traveler91, WildMk, Читател и 49 други им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Nope. Ниту се направени долгогодишни и опсежни истражувања за ова, ниту оние кои се направени на било каков начин ја потврдиле телегонијата кај луѓето.

    Како што рече @crimson, истражување кое укажува на телегонија постои само за еден вид на муви.

    Телегонијата е само уште еден од многуте псевдонаучни тврдења и недокажани теории, кои одредени групи ги пласираат како вистини, само за да протуркаат и форсираат некоја своја агенда. Како важноста на невиноста, на пример. :)
     
    На WildMk, Читател, CameliaMiller и 36 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.188
    Пол:
    Женски
    Што е следно, детето исто така ќе личи на оние со кои жената посакала да има секс? Мора да се очистат грешни мисли од глава, инаку детето ќе ви личи на холивудски глумец или познат пејач.
     
    На WildMk, Читател, CameliaMiller и 34 други им се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Ооо, па ова би било супер ^_^ Која жена би имала против? :lol:

    Шала на страна, првпат слушам за ова и на сè ми личи само не на наука, многу нелогично. А што е со таткото, и од неговите претходни партнерки да не носи гени детето? :?::D
     
    На WildMk, Читател, CameliaMiller и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Oва генетскиот материјал да ти бил опасна работа бе. :worried:

    Дури сега ми е јасна тезата ,,детето личи на комшијата".
    Оваа пред три години се плеснала со комшијата, путката и запамтила, после на свеченото оплодување од другаров на комшијата се случила магијата, и после комшијата пак крив, а он ни крив ни дужен.

    #ПуткаПамти

    #НеСеКонвертирајтеОдБисексуалкиВоКвазиРелигискиФанатици :smoke:
     
    На WildMk, x.Daisy.x, Читател и 38 други им се допаѓа ова.
  7. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Интересно, али не потврдено до толку.
    За оваа работа со меморија на вагината имам прочитано :!: ама од Куран.
    Во него пишува дека женското тело е способно да зачува дел од семената течност, но тоа трае само 3-4 месеци. :!::!::!: и не треба да се менуваат мажите како чорапи, затоа што се доведува до бунило кај телото што ги прима овие информации и од тука настануваат и преносливите болести. Значи секоја девојка може да си работи со друг после 3-4 месеци од пропаднатата врска 8).
     
    На Traveler91, fallenangel, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Рамна земја, шуплива земја, библиска земја...Телегонија...
     
    На WildMk, Читател, calliope и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    17.459
    Пол:
    Женски
    Нема логика ова што го постирала членката која ја отворила темата. Не е точно и не може да се класифицира како научно.

    Сите јајце клетки, доколку не се оплодат во зигот, изумираат. Затоа жените имаат месечен циклус. Што веднаш ја побива оваа "теза" или "теорија". Освен тоа, се знае по колку хромозоми се одбиваат од двајцата родители по пат на делба со Мејоза. Доколку ова би било точно, а не е, вкупниот број на хромозоми нема да изнесува 46. Ќе зависи од бројот на партнери.
    И ние би биле некои чудовишта мутанти.
     
    На WildMk, Читател, CameliaMiller и 38 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.976
    Допаѓања:
    37.438
    Па ова телеволононнонијава само арно донела - мулатите т.е. расно мешаните луѓе се да не речам најубави луѓе на планетава...

    И само едно прашање, ова другаркава видела дека имам профил на Фемина, па за неа прашувам - дали детето ќе и биде зелено и ќе и горчи, оти се самозадоволувала со селска крастајца еднаш до два пати преку сила?:bandit:
     
    На WildMk, Читател, CameliaMiller и 33 други им се допаѓа ова.
  11. Tamatam

    Tamatam Активен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Имаше напис во весник минатата недела баш за ова.. Ако има некој генетичар на форумов нека елаборира малце подетално. Ние другите само ќе нагаѓаме
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.188
    Пол:
    Женски
    Затоа мајките имаат предност при доделување старателство, едноставно не се знае кај кој од татковците да одат децата.

    Преку телепатија, до телегонија :inlove:
     
    На Gosh, WildMk, CameliaMiller и 19 други им се допаѓа ова.
  13. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    3.258
    Пол:
    Женски
    Овa e некоја т.н. научна теорија & it's clearly nonsense. Секој има право да си верува во што сака да верува. Мене лично ми е nonsense.

    Не менувам сексуални партнери како чорапи од милион причини, ама телегонија не е една од нив.

    Еден мој познаник, (кул, спиритуален тип од Л.А.) кажа нешто интересно. It goes like this: Кога спиеш со една личност, на некој начин превземаш енергија од негови/нејзини претходни сексуални искуства. Поверојатно ми е дека навистина "собираме" таква енергија, но не и дека "собираме" генетика.
     
    На CameliaMiller, AURUA, Sesil и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.097
    Допаѓања:
    163.512
    Пол:
    Женски
    Она што е рамна земја за астрономијата и физиката, така нешто би била и оваа теорија за биологијата и поточно генетиката :D
     
    На Need for Speed, WildMk, Читател и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Значи што повеќе партнери шо поубаво ...Ем ќе се собере интелегенцијата од сите нив и оп алиментација од сите по нешто
     
    На WildMk, Читател, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И нов крај на светот има наредниот месец http://www.telegraph.co.uk/news/0/will-2017-solar-eclipse-cause-secret-planet-called-nibiru-destroy/
    :worried:
    :rofl: Сега се ми е јасно.

    Оти бе така во се и сешто верувате? Биологија не сте учеле за да знаете како се оплодува јајце клетка?
     
    На CameliaMiller, Црна Ружа, blackwave и 6 други им се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.791
    Допаѓања:
    157.202
    Пол:
    Женски
    Еј ај стварно нека фаќа и од актерите нешто, на невидено. :inlove: :rofl: :lol:
    Мојот глас оди ЗА! :lol: :rofl: :inlove:
     
    На CameliaMiller, Brojka, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.175
    Допаѓања:
    199.991
    Пол:
    Женски
    Ова ми личи на некоја теорија за која истражувањата се финансирани од оние кои не поддржуваат секс пред брак. Ниту секс со повеќе партнери, исто пред брак. Just sayin' :wasntme:
     
    На Читател, CameliaMiller, fallenangel и 24 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.076
    Пол:
    Женски
    Ок значи децата ќе ни личат на кондом.
    Just relax...
     
    На Читател, CameliaMiller, Petar80 и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.711
    Пол:
    Женски
    Woooow на толку учење, ја тек сега дознавам дека габичните инфекции се настанати како резултат на бунило во организмот на жената која се мафтосувала со неколкумина?!

    Е Ребека, сТрам да ти е.

    Нејсе, сакав да прашам каков е протоколот за оние што имаат спирала?
     
    На Читател, CameliaMiller, Petar80 и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.