1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телегонија

Дискусија во 'Секс' започната од Bitter-Sweet, 10 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    (facepalm)немам ни зборови....
     
    На Brojka и Јаневски им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Еве го оригиналниот текст, http://mvpcsvjk.org/?p=1174, објавен на страната Македонска вистинска православна црква.
    А еве уште еден извадок од текстот, Capture.JPG
    чисто да се знае во кој контекст се разгледува телегонијата :) Чим видиш дека зборот еманципација е пишан во наводници и дека финансиската независност на жената се претставува во негативно светло, јасна е реториката на авторот :)

    Исто, јас лично сметам дека Господ сака ние жените да бидеме многу повеќе од мајки и сопруги :)
     
    Последна измена: 11 август 2017
    На CameliaMiller, calliope, Priroden и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Сега гледам дека "добиваат" излегло "одбиваат".

    Така е кога не се чита тоа што се пиша, а се куца во темница со осветлување од екран каде што светлината е скроз намалена. (facepalm)
     
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Мене ми личи на нешто што го смислиле огорчени, забрадени мажи со длабоки сексуални фрустрации. :D

    Патем, логиката на „теоријава“ е дека жените собираат генетски материјал од претходните партнери преку контакт со спермата, така? Што значи, доволно е човек да практикува заштитен секс (како најголемиот дел нормални, млади луѓе) и целава прича паѓа у вода.

    Освен ако поборниците на телегонијата уствари сакаат да не’ предупредат од опасностите од имање незаштитени односи? :D
     
    Последна измена: 11 август 2017
    На Читател, CameliaMiller, calliope и 24 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не, децата на Русинките не личеле на таткото, оти татковците не биле татко на децата на Русинките. Или таткото е татко на децата на Русинките,ама или таткото или Русинката имале и по некој татко или мајка или баба,дедо... со темен тен, коса итн.
     
    На CameliaMiller, daylight, fallenangel и 11 други им се допаѓа ова.
  6. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    5.517
    Пол:
    Женски

    Ај Рики Мартине, брате сфати ме... не мотај се око њеее!!!
     
    На Читател, CameliaMiller, fallenangel и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Интернетoт и слoбoдaтa нa гoвoр се супер рaбoтa, aмa блaгoдaрение нa нив, денес, рaндoм глупoсти штo ги нaпишaл некoј блoгер или ги рaскaжaл некoј јутубер имaaт истa верoјaтнoст дa им пoверувa прoсечен чoвек кoлку и нaучни истрaжувaњa oбјaвувaни вo ренoмирaни нaучни списaнијa прaвени oд луѓе штo живoтoт гo пoсветиле дa гo изучaт тoј мaл oпсег нa нaукaтa.
    Убaвo е дa се рaзмислувa критички, aмa aкo при тoa се игнoрирaaт oснoвните прaвилa нa физикaтa, биoлoгијaтa, геoгрaфијaтa (штo се учaт вo oснoвнo шкoлo) дoбивaме рaбoти кaкo рaмнa земјa и телегoнијa. :clap:
     
    На Читател, CameliaMiller, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Промискуитет.

    Нема врска, спермата што не оплодува - умира и се распаѓа. Тоа е тоа.
    Инфекција може да перзистира, ама тоа е веќе друга тема.
     
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато...
    Гадничко звучи во секој случај.
     
    На fallenangel и anonimus-mk им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ако останува спермата, како не се ствараат деца од неа?8-|
    #ПрашањаКоиМеМачат
     
    На CameliaMiller, AURUA, fallenangel и 8 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.461
    Пол:
    Женски
    Секој ден е убав ден да сфати човек до каде може да иде човековата глупост и мизерија. Убиќу се.

    Пс. Бројот на сексуални партнери на некој поединец стана поголема филозофска полемика и од тоа што настанало прво, јајцето или кокошката.
     
    На CameliaMiller, sweet-cherry, AURUA и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.161
    Пол:
    Женски
    Не можам да ве цитирам сите што викате дека не било потврдено, дека немало смисла итн но повелете сами видете дали е потврдено или не е.





    Според една нова студија спроведена на Универзитетот во Сиетл и Истражувачкиот центар за канцер Фред Хачинсон, изгледа дека жените задржуваат и носат ДНК од секој маж со кој имале сексуален однос. Научниците сосема случајно ги откриле изненадувачките резултати, додека се обидувале да откријат дали жените што биле бремени со машко дете имаат поголема предиспозиција за одредени невролошки болести што најчесто се појавуваат кај мажите.
    Како што научниците го истражувале женскиот мозок, така нивната студија почнала да се шири и да бега од првичната цел. Тие почнале да откриваат дека женскиот мозок е многу помистериозен одошто претходно се верувале. Студијата открила дека женскиот мозок најчесто содржи „машки микрохимеризми“ или со други зборови, присуство на машка ДНК што потекнува од друга индивидуа и генетски се разликува од клетките што се содржат во самата жена.

    Според студијата, 63% од жените (37 од 59) имале машки микрохимеризми во мозокот. Тие биле присутни во повеќе региони. Тоа значи дека жените носеле машки ДНК клетки што живееле во нивниот мозок. Следниот чекор бил да се докаже од каде дошла оваа ДНК. Можете да погодите?

    Првата претпоставка била дека најверојатно оваа ДНК се задржала во женскиот мозок преку бременоста со машко дете. Но, тоа е далеку од вистината. Откако биле направени аутопсии на жени што никогаш не биле бремени, или пак, не родиле машко дете, машката ДНК повторно била присутна во нивните мозоци.

    Со дополнителни истражувања, научниците успеале да направат листа на можни извори преку кои се насобираат живи клетки од машка ДНК во мозоците на жените:

    • од абортус за кој жената не била свесна
    • од исчезнат брат близнак
    • од постар брат префрлен преку мајчинска циркулација
    • сексуален однос
    Со оглед на тоа што 64% од жените имале машка ДНК во нивните мозоци, научниците заклучиле дека првите три опции можат да се однесуваат на многу помал процент жени. Но четвртата опција – таа е најчестата причина за овој феномен!

    Ова е нешто што секоја жена треба да го знае. Преку спермата на мажите, тие стануваат жив дел од вас до крајот на животот. Некои од жените на кои била направена аутопсија за оваа студија биле постари и се заклучило дека имале жива машка ДНК во нив, постара од 50 години.

    Спермата е жива. Таа е составена од живи клетки. Кога ќе влезе во вас, таа плива и плива сè додека не се судри со ѕид, каде што се закачува и потоа навлегува уште подлабоко. Ако е во вашата уста, плива и се искачува низ назалните патишта, внатрешното уво и зад очите. Потоа навлегува во крвниот систем и се насобира во мозокот и ‘рбетот.

    Ова е знак дека само што почнува да го разбираме сексуалниот однос и начинот на кој ни влијае…
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda и Petra777 им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    ,,Спермата е жива. Таа е составена од живи клетки. Кога ќе влезе во вас, таа плива и плива сè додека не се судри со ѕид, каде што се закачува и потоа навлегува уште подлабоко. Ако е во вашата уста, плива и се искачува низ назалните патишта, внатрешното уво и зад очите. Потоа навлегува во крвниот систем и се насобира во мозокот и ‘рбетот.,,

    Или што би рекла Цеца ,, moje suze padaju na gore ,, ...

    Значи сперма било тоа што го гледам кога ги притискам очите додека ми се затворени?!:o

    П.с. Жени, не се е*авајте со (да се изразам најутчиво ) прости мажи, оти после нивнана ДНК што ќе ви остане у носот и у ушето, ќе влијае врз вас, па и вие ќе верувате во вакви глупости...
     
    На Читател, CameliaMiller, Sara123 и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Слабо генетикава за тој што ја поставил теоријава. Не ги глеав видеата ама самото објаснување не ми има смисла.
    Или нос коа ни тече, уствари сеа знаеме што е тоа. 8-|:wasntme:
     
    На Читател, CameliaMiller, calliope и 15 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.438
    Допаѓања:
    165.397
    Пол:
    Женски
    Оваа е добра теорија за промовирање контрацептиви, особено кондомите. :lol:
     
    На Читател, CameliaMiller, daylight и 10 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Она погоре не знаеш дали е научен документарец, или епизода на Прељубници.
    Руси и Срби... Се подразбира, кој друг инаку...
     
    На CameliaMiller, daylight, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Не знам од кога нискобуџетни документарци на јутуб станаа потврда за некоја научна теорија.

    Во научните списанија, од друга страна, каде што научниците всушност ги објавуваат своите откритија, нема ниту еден труд кој потврдува или докажува телегонија кај луѓе.

    Ако на страната на NCBI или во Wiley Online Library, кои се мислам мааалце поверодостојни за научни откритија од Youtube, го пребаруваш зборот „telegony“, добиваш смешно мал број на трудови, од кои единствен прифатен и објавен научен труд кој ја докажува телегонијата е оној за мувите.

    И пак ќе речам, дури и за оние кои веруваат во квази-научните тези за телегонија, кои инаку ги пласира Руската православна црква во соработка со квази-научници, нема никаква опасност од „контаминирање“ на генетскиот материјал од страна на партнерот ако се практикуваа заштитен секс.

    А оние кои практикуваат незаштитени односи со повеќе партнери би требало многу повеќе да бидат загрижени за СПБ, а не за последиците од телегонијата.
     
    На Читател, CameliaMiller, daylight и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Брате фати ме и телегонирајмо се обострано! :inlove::inlove::inlove:
    Да си го закажам Том Круз со време, слушам долга била листата на чекање. :mm:

    Телегонија, или „еманципирана“ пропаганда против полово општење. Вау, импресивна финта и многу очаен обид да се оцрнат оние кои не се „чуваат“ до брак, барем во овој контекст во кој се пишани статиите и сличните содржини кои ги погледнав низ изминатите неколку страници. :)
    Патем, ретко кои млади имаат незаштитен секс, па макар биле и во врска. И еве не знам како ќе „исконтактира“ спермата која завршила во кондом. Можеби ја пробива заштитата, а сепак дедо Боже нè чува и не остануваме бремени. Навистина импресивно!
    По законите на биологијата и по начинот на функционирање на дигестивниот тракт, не ќе да оди нагоре нагоре наогре и спермата која дошла во контакт со усната шуплина...или сум избегала од тој час во трета средно, а не се сеќавам. :^)
     
    На CameliaMiller, sweet-cherry, AURUA и 16 други им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    А што ако па и постои ова телевологононијава кај луѓето ?

    И така сите сме создадени од Адам и Ева, сите сме си братчиња и сесричиња... :inlove:

    У фамилија останува,чиста крв и такви работи...
     
    На CameliaMiller, Ketchup, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Еднаш одамна си живеела... не не нее
    Еднаш уште поодамна бев со еден кој денес е фаца и често патев дека од нас не бидна ништо.
    Сега знам дека не е се изгубено.
    Материјал негов чувам во мене.

    Убаво викаат - никогаш не вели никогаш :!:
     
    На CameliaMiller, Bozica1980, Someday и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.