1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телегонија

Дискусија во 'Секс' започната од Bitter-Sweet, 10 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    А зoштo некoјa вистинскa христијaнкa или муслимaнкa би чекaлa oд некoи квaзи нaучници пoлни сo кoмплекси дa и кaжaт декa не требa пред брaк дa се oпшти? Нели е дoвoлнo штo вo сaмите свети книги, Библијaтa и Курaнoт убaвo пишувa декa сaмo венчaни мaж и женa требa дa се oпштaт? :!:
     
    На CameliaMiller, smb asr, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Зашто лошите атеисти се против кога некој се вади на религија додека вреѓа сексуално активни девојки коишто не се во брак, па мора да имаат и некакво научно објаснување.
     
    На CameliaMiller, 1209, blueeparadise и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Срамота е во 21 век на толку достапност до светска литература некој да пропагира вакви глупости.
    Не не изглеав никакво видео, доволни ми се часовите по биологија во средно на кои всушност слушав и научив нешто.
     
    На CameliaMiller, AURUA, Gosh и 12 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Пред некое време една другарка тврдеше дека детето најмногу ќе личи на оној што му е во мислите на таткото, при зачнувањето на детето.

    Значи нема врска ако тие двајца се од бела раса... Ако таткото размислува за некоја црнкиња, тогаш такво ќе се роди детето.

    Какви му се мислите, такво ќе биде детето.
    Е сега малку ќе биде чудно ако детето личи на некој од бабите или дедовците... Значи зетот има настрани мисли... Ама ете...

    Дали ова тврдење е поврзано со оваа теорија?
    Дали може некој нешто повеќе да ни каже?


    П. С. Мора овде да го цитираме и другарот Сашко, пошто ако можеше да пишува, не се соммевавме дека ќе ја употребеше оваа поговорка:
    - Скината вреќа и здрава вреќа, не е исто...така и со жените.

    :)
     
    На CameliaMiller, calliope, 1209 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @Bitter-Sweet извини ама ако имаш оснони познавања од биологија, конкретно генетика и репродукција, нема ни ти да веруваш на теоријава.
    И кои сте бе да кажувате на некоја девојка дали да има односи со еден или повеќе?
     
    На CameliaMiller, oblace1, AURUA и 10 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ако се фокусирам на Момоа, ќе биде ли нешто? ^_^
    Жаба-Момоа комбинација :inlove: најубава на свет.

    Има ли нешто како телегонијопатија, при која, our juicees се мешаат и се поврзуваат телепатски или како и да е научниот назив на тоа?

    [​IMG]

    Туку, кујзнае по колку деца си имам наоколу. Тажно е бе ова.
     
    На CameliaMiller, 1209, sweet-cherry и 15 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дали може на основ на телегонија од нашите претходни партнери да бараме алиментација?
    #ПрашањаКоиМеМачат
     
    На CameliaMiller, calliope, Trxmx и 30 други им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Напротив, вие што сте ги прифатиле сите западни изопачени и ненормални работи мислите дека сте најпаметни и дека се` знаете, а ние божем слепи, загретоа... Да не е обратно?

    Никој нас не не лаже, туку ајде ќе сфатите и вие еден ден.

    Не е нормално.

    А кои сте вие да викате дека е тоа нормално и уште да ги поддржувате да го направат тоа?



    Подобро да се задржиме на темата. :) Ако не ви е јасно за што се работи, не пишувајте глупости. Ќе добиете уште потврди, трпение малку.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Руската православна црква е позната по квази-научните тези, а СПЦ и МПЦ не се живи ако не ископираат од нив, нормално без никаква проверка.

    Денес е познат целиот процец на забременување кај човекот. Никаде нема ни простор за копирање гени од бивши сексуални партнери. Дури и да не е заштитен сексот, сперматозоидот кој влегол во во матката има две судбини: Или ќе ја оплоди евентуално созреаната и подготвена јајце клетката или ќе умре. Ако ја оплоди јајце клетката, се зема една нишка од неговата ДНК (мажот) и се спојува со една нишка од ДНК на јајце клетката (жената). Оплодената јајце клетка се нарекува зигот. Таа сподржи пола од генетскиот материјал на мажот и пола од жената. Ова е милион пати научно докажано. Вакви тестирања редовно се прават низ светот за докажување родителство на децата и ова е дури и во комеријална примена, што би значело милион пати потврдено :)

    Едноставно нема простор за некакво складирање на сперматозоиди од бившиот и нивно копирање на ДНК во јајце клетката. Сперматозоидот може да опстои во матката само 2-3 дена и потоа умира. Спермата е алкална, а во матката има кисела непогодна средина и тоа е, од милионите сперматозодини само десетина преживуваат и пристигнуваат до јајце клетката со надеж дека ќе ја оплодат. Ако не, и тие умираат. И крај е со нив. Јајце клетката ако не е оплодена, таа ќе се исфрли при следната менструација. Кога наредната јајце клетка ќе дојде, јово на ново.

    Прашање за размислување: Што ќе праиме со оваа генерација што на часови по биологија и други предмети дремат на фејсбук и стискаат срциња на инстаграм? :)
     
    На Читател, CameliaMiller, calliope и 21 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Никој не прифаќа и не поддржува изопачени и ненормални работи (според овие мислења на форумов), туку секој лично си прави што сака со својот живот и тело.

    Ако некоја решила да има 10 партнери пред брак, тоа е нејзин проблем, а не на комшијата.
    Друга решила да нема односи пред брак, исто тоа е нејзина работа, а не на небитни луѓе на анонимен форум.

    Многу млади девојки го читаат форумов, затоа еве нека прочитаат за да прават како сакаат со својот живот.
    Нека се свесни за работите и последиците што ги прават, но нека уживаат како сакаат а не да читаат се и сешто по интернет.

    Изопачени работи се силувања, педофилија, и слични пореметени мозоци, а не дали некоја била невина или имала 5 партнери.
     
    На CameliaMiller, Mrs.Brain, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Не, не е обратно.
    И секс не е изопачена работа.

    Само да те поздравам со ова:
     
    На CameliaMiller, oblace1, Priroden и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)

    Се читаш ли што пишуваш бе девојко? Западни изопачени и ненормални работи? Значи генетиката со сите нејзини научни потврдени тези и докази е западна, модерна, изопачена и ненормална ствар?
    Остај ти пропагандата што ја тераш, ние од научен аспект ти се чудиме на темава.

    Која дрскост, пишуваш работи што се косат на логиката, па уште на другите велиш да не пишуваат глупости. Не се мачи да бараш „доказни“ видеа пошто нема ни да ги пуштиме, а камоли да нè убедиш во ова, пошто сме сигурни во науката со која се запознаваме уште од 5 одделение. Ни со 100 видеа нема да нè убедиш, како што ни другарчето твое нема да нè убеди дека Земјата е рамна.

    Језиво е колку сте оддалечени од реалноста... :x
     
    На Читател, CameliaMiller, calliope и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet, а со „морален пресврт“ како твојот и „враќање на вистинскиот пат“, се брише таа „меморија и пренесување на гени“? :D :drunk: Нели „наука“ е ова, па и да претпоставиме дека у некој паралелен универзум е точна, не би функционирало така мислам :wasntme: ]:)

    [​IMG]
     
    На Читател, CameliaMiller, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Ама ништо не си разбрала.
    Не се брише, таа си ја научила лекцијата па дошла да спасува туѓи животи.
     
    На CameliaMiller, Annath, AURUA и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.511
    Допаѓања:
    17.523
    Пол:
    Женски
    Сироти ние, производ на нешто ненормално сме. :worried:

    Е затоа не се бега од часови во средно предвидени за изучување на природните науки. Основни работи не се знаат.
     
    На Читател, CameliaMiller, Annath и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Ако де, смејте се вие ама кој последен се смее... знаете тоа нели. ;)
    Патем, не, со морален пресврт не се брише таа ,,меморија``.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Па ќе се смеам ако постои телегонија, кога ќе родам чудо од дете за некоја година.
     
    На CameliaMiller, calliope, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Тоа е таа пропаганда, дека истокот (на чело со Руска православна црква) се добрите, оние правите, а се што е лошо или се спротиставува на нивните квази-теории и верувања доаѓа од ѓаволскиот запад (западна Европа, Америка) каде што владее ѓаволот нели, а кај нас и во Русија мислиш по рајот газиш, сегде морал и етика, светост на ниво :D Не е ова измислица на битер-свит, таква пропаганда се фура низ МПЦ и другите православни цркви. Дури и за бомбите на Заев се велеше дека се дело на „странски служби“, а не дека нашиве „источни“ политичари што палат свеќи за Велигден се толку покварени, никако тоа. Се што е неморално доаѓа од дивиот запат. И затоа бидејќи живееме со ваков менталитет, можеме да сањаме за развој и напредок. Путуј Европо, немој чекати нас! :hai:
    И затоа после протестантите од западот ќе имаат 60% од сите Нобелови награди, а православните, како и муслиманите, само десетина од кои повеќето по литература, а не сум ни сигурен дали имаат за наука.
     
    На CameliaMiller, Annath, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.780
    Пол:
    Машки
    Убаво е кога човек има желба да научи нешто ново и истото да го сподели со други. Не е убаво кога со нови знаења се стекнува преку рандом видеа, блогови, форуми и сајтови, на кои се пласирааат непроверени и неточни информации.

    Моето искуство со вакви луѓе ми кажува дека работите одат вака некако:

    Човек ќе наиде на видео на јутуб кое искажува ставови многу блиски до неговите и по автоматизам, го прифаќа како вистина. Уште ако во видеото се нафрлени научни фрази, се појави лик на кој до името му стои „д-р“ или нешто слично - тоа е тоа, значи ова мора да е научно докажано.

    Откако други луѓе ќе го соочат со факти кои ја оспоруваат „научната“ теорија и ќе му презентираат научни докази кои се во целосна спротивност со неговото мислење, се случуваат две можни ствари:
    1. Одбраната е „Научната заедница ве лаже и ја крие вистината од вас“, односно само јас и рандом Русин кој направил второкласен документарец од јутуб ја знаеме правата вистина, а сите други живеат во заблуда.
    2. Се избегнува директен одговор на контрааргументите и дискусијата се насочува во целосно друга насока.
    Нема потреба на темава да дискутираме дали е добро или лошо да се имаат повеќе сексуални партнери, од морален и етички аспект. Причини „за“ и „против“ имање секс има безброј, но телегонијата и нејзините „опасности“ не се една од нив.

    Во четирите страни кои се напишани на темава за телегонија, јас друг аргумент во прилог на оваа теорија освен ископираниот текст од портал на МПЦ и две јутуб видеа не видов. Има ли потреба да кажувам дека во нив нема ни „н“ од научен доказ?

    Во оваа тема не збориме за лични ставови и мислења, па да можеме да спориме и да се убедуваме - тука се работи за научна теорија, која или е точна и докажана или е неточна и недокажана - место за лични ставови и мислења нема.

    А телегонијата кај луѓето не е ниту откриена, ниту потврдена, ниту докажана - plain and simple.

    Убаво е што си го сменила животниот стил и што сега си посреќна и позадоволна со себе. И убаво е што сакаш и на други да им помогнеш да го постигнат тоа. Само не е убаво што во своето поучување на другите се служиш со измислици, невистини и псевдонаука. :)
     
    На Читател, CameliaMiller, Annath и 26 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.905
    Допаѓања:
    81.175
    Пол:
    Женски
    Јас мислам најпаметно да ги собереме сите блудници, да ги врземе за тестисите од споменикот на коњот на плоштад (за да има симболика нели) и да ги палиме. Како така блудници да се размножуваат и да оставаат некакво си сомнително потомство по светов бел...недозволиво!!!!!
    А да, да ги вратиме и гаќите со катанец во употреба, за секој случај. (fingers)

    Хормоните и сексуалните нагони не се ништо гадно и не се ненормална појава за да сексот се класифицира како „девијантно“ однесување. Напротив, тоа е биологија и процес на развој и полово созревање кај секоја единка.
     
    На CameliaMiller, calliope, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.