1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телегонија

Дискусија во 'Секс' започната од Bitter-Sweet, 10 август 2017.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не е генетика, такво нешто во генетиката не постои. Во генетиката сите случаи кои ти ги напиша се објаснуваат со доминантни и рецесивни гени. Има и цели книги на тематиката објавено (не јутјуб видеа), баш за да се побие телегонијата која најрасширена била во 18 век. Во 19 веќе сите сфатиле дека е бессмислена, па популарноста ѝ опаднала. Сега сме 21 век.
     
    На Читател, CameliaMiller, calliope и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    А што е со примерот со Русинките и нивните деца? И еден куп такви случаи?
     
  3. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Скриени гени:yawn:
     
    На Читател, CameliaMiller, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  4. clen1

    clen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    како излегло ждребето со пругите од зебрата ако не е точно ај објасните ако сте умни
     
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Викаат само Руската православна црква и Кју Клукс Кланот веруваат во теоријата. Од кои си ти?
    Има некоја швеѓанка што родила црно бебе?
    Веќе реков, и за ждребето цела книга има, плус не е со зебра вкрстено.
     
    На Читател, CameliaMiller, Bender Rodriguez и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.160
    Пол:
    Женски
    Од Австралија, Америка итн има научни потврди за ова. Не е само Русија.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Bitter-Sweet, ајде вака. Јас не личам ни на мајка ми ни на татко ми туку на едната прабаба (мајка на дедо ми) од мајчина страна. Јас, која сум бела како Каспер, утре може ќе имам дете црно како циганче - гените на баба ми (мајка на мајка ми) и татко ми. Но, може ќе имам и дете со црвена коса и зелени очи (од прабаба ми, мајка на баба ми) или плаво со плави очи (едниот прадедо, татко на дедо ми). На овие гени кои јас ги носам додади го и хаосот од гени кои идниот татица ќе ги додаде во миксот и замисли какви се комбинации на крај се можни :)
     
    На CameliaMiller, Mishela, Lella и 16 други им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Каде? За Австралија ме интересира. За Америка веќе кажав дека теоријата се одржува во живот од Кју Клукс Кланот. Чиста расистичка теорија, желба за чиста бела раса и промискуитетност. Прочитав во русија ги учеле децата да не земаат за жени девојки што не се девици за да бидат сигурни дека детето ќе биде нивно.
    Дали генетски тест на татковство ќе покаже дека биолошкиот татко не е единствен родител на детето? Би требало да покаже дека не му е татко, нели?
     
    На CameliaMiller, Bender Rodriguez, Brojka и 9 други им се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Јас сум плава, со плави очи и руса коса, висока и секогаш ме прашуваат дали сум од Македонија. Моите се со потемна коса и тен. Во Келн странци мислеа дека сум локална и цело време ме прашуваа како да стигнат до разни локации.

    А мајка ми не шетала по патувачки театри ете :D

    Не знам како ова е валиден "доказ".
    "Имало некои Русинки негде, децата им биле со темен тен."
     
    На CameliaMiller, Mishela, Bender Rodriguez и 9 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Дечко ми има руски гени, дали може да очекувам детето да ми биде црно? Јас се надевам на плавооко, ама после се што прочитав страв ме фати. Русите црни деца правеле :worried:
    Ми текна, професорката по биологија ни раскажуваше за случај каде што двајца бели родители имале црно дете. Излегло после дека прапрабаба некоја имала маж црнец, ама со мажот никогаш немале црни деца. Гените се појавиле неколку генерации подоцна.
     
    На Читател, CameliaMiller, Mishela и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @crimson, не ми се верува дека го правиме муабетов во 2017 година :(
    „Теоријава“ ми е еднаква на теориите за заговор дека меѓу нас живеат луѓе-гуштери. Зошто ако изгуглаш, и за нив ќе се појават куп „докази“ и „научни“ видеа на јутјуб.
     
    На CameliaMiller, calliope, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    51.800
    Пол:
    Женски
    Кои се тие "научни потврди", а да се однесуваат на луѓе?
    Бидејќи прилично сум сигурна дека не сум овошна мува.
     
    На CameliaMiller, Mishela, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И кај нив не се генетски особини кои се пренесуваат туку околински. Споредувале големина која ја добиле со различно хранење на мувите, а не некоја специфична генетска карактеристика. Значи не е нешто со што мувата татко е роден, туку нешто што го стекнал како особина после раѓање.
     
    На CameliaMiller, Lella, Brojka и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Леле темава, очи ме заболеа од вртење. Све е гени бре. Баба ми и дедо ми (мајката и таткото на мама) имаат плави очи, а ниту вујче, ниту, мама, ни тета немаат плави, сите имаат кафени. Ете, ќерката на тета има плави очи, поради гените од баба, а и тетин има кафени очи. А ете замисли и на баба и на тета им се први и единствени сопрузите, како што е и нормално за тоа време кога се земале :) Истото е и со мајка ми. Тато е црн, црни веѓи, коса, тен, а зелени очи, мама е па со бел тен, но потемна коса и очи. Јас и брат ми, сме со пребел тен, до пред пубертет имав многу плава коса и веѓи плави, сега малку отемнев, но веѓите ми се доста светли и косата, за разлика од моите, исто и на брат ми. А, ете на сонце па, покрај тоа што сме бели, во нас носиме црн ген и веднаш потемнуваме. Мама се сонча со саати, а јас за само 1ч потемнувам поради гените од тато. И на мама тато и е единствен, си имаме разговарано и со глава потпишувам за тоа.
    И сеа каква телегонија глеаш тука, кога се е гени, само од родителите и нивните роднини.
     
    На CameliaMiller, Tan4ence, Brojka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
  16. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.220
    Пол:
    Женски
    @Dust а зошто воопшто не ја префрлиш негде темава? За во подфорум Секс дефинитивно не е.

    И не, нема врска ни со генетика, туку повеќе има врска со суптилни верски пропаганди.
    Жално е колку млади луѓе на сила пробуваат да се прават глупави кога всушност се паметни, но ете, мора некој насила да пробува да изиграва кул црна овца, кога за истото нема никаква потреба.
    Сперматозоидите изумирале, но нивната ДНК излегувала и останувала. ОК, уште ова не го бев чула. А каде тоа воопшто останува? Во воведниот пост или таму негде на прва страна пишуваше демек влегувала во (сѐ уште несозреаните) јајце клетки во овариумите? Па се слушате/читате ли кои глупости ги зборувате?
    Ниту ДНК излегува од сперматозоиди во изумирање, ниту нешто влегува во фоликулите во овариумите.
    Апсурдно е да се коментира било што повеќе, а најмалку да се категоризира ова како генетика.
     
    На CameliaMiller, Annath, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Затоа што не знам на кого би му префрлила ваква "одговорност" ...
    Реална да бидам, ова е толку чудна тема, ем научно неподдржана ем еден куп "факти" изнесовте, што сеуште не знам дали да ја префрлам во другата наука или во насмевка.. или во општи муабети..
    А сепак се збори за секс... имањето секс со некого до што би довело. Па затоа љубоморно си ја чувам и не давам никој да ми ја чепка темава:rofl:
     
    На CameliaMiller, Annath, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.102
    Допаѓања:
    163.577
    Пол:
    Женски
    Да веруваш сериозно во ова во 21 век, мене искрено ми е потрагично и поголема брука дури и од оние бесмислените прашања во Дали сум бремена. Овие вториве (ако не тролаат) се неинформирани оти ко што викаат Сноу стар и Евангелос, бегале, си скролале на инста или не знам што правеле на часови по биологија... а ова е свесно отфрлање на науката и одбирање од сите достапни информации на интернет да се верува на вакви глупости. Да се верува дека во сите потврдени научни факти што нѐ учеле во училиште, намерно ни криеле ваква ,,дупка“ во корист на ,,западните изопачени вредности“, а вистинската вистина ја знаат само некои си таму сомнителни српски јутјубери. Па уште и самоуверено ширење на таа ,,вистина“ за да се просветлат сите...
    Трагикомично и страшно во секој случај...
     
    На CameliaMiller, Tan4ence, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Насловот неоддоливо потсетува на:



    Јас мислам луѓето да престанат да се перат и чешлаат е најсигурно, никој нема да ве погледне, вие никого нема да погледнувате... Дефинитивно мнозинството ќе се откаже од секс. Така пред 300 години девојките на запад биле воспитувани дека бањањето е за проститутки и моралот царувал во воздухот. И реа и чуми разни, ама што има везе.
    Кога спомнав веќе чуми разни, Битерсвит, ако сакаш да ги исплашиш луѓето од нивните сексуални апетити, пишувај за сидата. На кој му дошло до секс после читање муабети за таа опака болест, паѓа либидо. Ама ти што правиш, сам себе убијал. Тоа е, и за пропаганда треба талент.
     
    На CameliaMiller, blueeparadise и blackwave им се допаѓа ова.
  20. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168

    Да се префрли во `Смешни мислења`. :D
     
    На CameliaMiller, Tan4ence, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.