1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телема

Дискусија во 'Религија' започната од falconseeker, 12 јануари 2020.

  1. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    [​IMG]
    Мене ме интересира само, ако платам членство, еве ова најголемото, четврти степен, плус тоа долното...
    Дали ќе може дома без гаќи да шетам после?
     
    На hardtodealwith му/ѝ се допаѓа ова.
  2. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Лошо е што денес жената е рамноправна со мажот? Лошо е што хомосексуалците не се прогонувани и затворани? Лошо е што секој има право да мисли, пишува, твори како му е волја? Лошо е што секој може да се облекува како му е волја?
    Штета што ја нема златната инквизиција да спалува живи луѓе поради богохулие...наместо нив го имаме ова зло:
    FB_IMG_1579077892240.jpg
     
    На Hugh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Чувај си го лошиот сарказам за по дома, не мора да пишуваш на темава ако немаш што да кажеш.
     
  4. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    321
    Немам појма за што ви е темава, случајно сум тука..
    Малку ме потресе сликава што ја видов погоре..

    WTF IS THIS!?

    Поточно точките 4 и 5 каде вика задоволи се како сакаш и убиј ги тие што би те запреле???
    Во превод, дозволено би му било да ме убие некој што ќе го запрам да се задоволи со обљуба на дете?
    Ете тој може така ја осеќа љубовта..
     
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Се гледа дека немаш појма за што е темата. Прави што ти е волја не е исто што и прави што ќе ти текне. Чистата вистинска волја во Телемата е дефинирана како динамички аспект на битието - не ,,загадена" од цел или страст за резултат.
    На пример ако сликаш со цел да продаваш слики, тогаш тоа не е чиста - вистинска волја, бидејќи го правиш тоа за да пистигнеш нешто друго - да дојдеш до пари. Парите пак сами по себе пак не ти вршат работа, ти требаат за да добиеш други нешта.
    Ако сликаш поради тоа што самото сликање те исполнува, тогаш можеш да кажеш дека сликањето е дел од твојата вистинска волја.
    Исто така, убивањето е дозволиво само во случај на самоодбрана, само во случај кога се работи за репресија, тиранија. Само тогаш кога сите други средства и начини се исцрпени. Дали се потресуваш кога го славиме илинденското востание? Или победата над фашизмот?
     
  6. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Има разлика меѓу природни закони (законот за Гравитација, Бодеов закон, Кеплеровите закони за планетарно движење) и имагинарен човечки закон со психолошки пресврт да се толкува како природен само поради претпоставеното присуство на дејствувањето на природни елементи.

    Како што прочитав во воведниот пост, телемата е исполнета со концепти за души, ангели, божества, реинкарнација. Самиот поим за духови и духовноста е дефиниран како натприроден елемент.
    Поимот за натприродно ги опфаќа и овие концепти: "Examples include immaterial beings such as angels, gods and spirits...The supernatural is featured in occult and religious contexts".

    Не сум сигурна која е твојата субјективна дефиниција за натприродното, меѓутоа факт е дека истото опфаќа се што не може да биде докажано со научни докази, вклучувајќи ја и спиритуалноста која како концепт е карактеристична за религиите, а не вистинска наука. Без разлика на каков начин ја дефинираш телемата, истата не е валидна и призната во научната заедница.

    Не би сакала да бидам многу офтопик, меѓутоа знам дека во Викторијанската Ера, организации на доктори и фармацевти се обидувале да формулираат т.н. "професионална етика" и се повикувале на многу построга контрола на продажбата на опиуми и отрови. Константната злоупотреба на дрога била дефинирана како зависност, а не како морална слабост или неопходна потреба.

    Но, подобро е да не забегуваме од темата...
     
  7. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    А каде виде тврдење дека Телемата е наука во класична смисла на зборот? И дека била призната од научната заедница?
    Телемата е филозофско езптериски систем од пракси кој се поделени на јога и магика и теорија која вклучува книги од А, Б, Ц и Д класа.
    Телемата во својот пристап користи научен метод, но никаде не сме тврделе дека е наука во академска смисла на зборот. Научниот метод се состои од набљудување на некоја појава, експеримент и анализирање и повторување преку реплицирање на првичните услови.
    Еве ти повеќе примери од производи што содржеле наркотици и биле најлегално достапни за купување:
    heroin-asthma.JPG
    vapo-opium.jpg
    1902heroinAD.jpg
    coca-ad.jpg
    coca-wine.jpg
    CokeDrops.gif
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    абе и креми со радиум се продавале, и пасти за заби, па не значи дека треба да се вратиме и со радиум да си ги миеме забите.
     
    На falconseeker му/ѝ се допаѓа ова.
  9. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Никој не рече дека треба да се вратиме, само нагласувам дека во тоа време свеста за наркотиците не била иста како и денес. Ако се игнорира тоа, се добива многу поинаква слика за карактерот на човекот, бидејќи денес секој знае што може да предизвика користење хероин, тогаш хероинот лекари го препишувале како лек за астма. И сега да ги ставаш во ист кош денешните зависници, со некој што прв пат зел хероин бидејќи лекар му го препишал е малку нечесно и нефер.
     
  10. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Не знам на кого му е јасно што се пишува во темава. Ова е најверојатно некое сектиште што во светов никако не може да се примени.
    И никако не треба оваа тема ќе повторам да спаѓа под РЕЛИГИЈА.
     
  11. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    За разлика од некои други религии каде треба само да веруваш слепо и да се молиш, овде е потребно да се работи на себе, затоа некому може да му биде ,,сектиште" ова.
     
  12. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Да работиш на себе така што ќе ги третираш верниците онака како што тие те третираат. Тоа е преголема работа на себе. Смешки.
     
    На zolev му/ѝ се допаѓа ова.
  13. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Не, третирањето на другите е само реакција на она како тие те третираат тебе. Работата на себе подразбира откривање и осознавање на себството, што всушност значи и што го дефинира она кое го нарекуваме Јас. Осознавајќи ја својата суштина, осознаваме и што се е поврзано со неа.
     
  14. ynboo

    ynboo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2018
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    115
    Океј ама главното прашање е дали треба оваа тема да спаѓа под РЕЛИГИЈА? Затоа што очигледно се противите на религијата.
     
  15. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Религијата е широк поим, теистичкиот концепт не е единствен, покрај теизмот, постојат и деизам, пантеизам, панпсихизам итн, итн.
     
  16. hardtodealwith

    hardtodealwith Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2020
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    грешка си,денешното општество е се освен христијанско
     
    Последна измена: 15 јануари 2020
    На ynboo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    11. Прави им на другите добро поради самата добрина, не поради награда, ниту пак поради нивна благодарност или наклоност. Ако ти си великодушен нема да тежнееш кон изразите на благодарност.

    12. Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.

    13. Вистинскиот ритуал колку е акција толку е и збор; тој е Волја.

    14. Запамети дека оваа земја е само атом во универзумот и дека и ти си атом на неа, па дури и да станеш Бог на земјава по која се влечеш и ползиш, па и тогаш би бил само еден атом, и тоа еден помеѓу многуте.

    15. Сепак имај најголемо самопочитување и поради тоа не греши против себе. Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.

    Книга на Рамнотежата
     
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @falconseeker

    Телемата е езотериска идеолошка парадигма, штом со себе повлекува ритуална магика во одреден стадиум на изучување. Нема допирна точка со наука, и тоа е факт.

    Не сакам да го навредам Редот или езотериската пракса со која се имаш стекнато низ годините, само сакам да знаеш дека и без сето ова учење може да бидеш квалитетен и мудар човек.

    Не ти треба Телемитска или било каква духовна индоктринација за да поставиш рамнотежа или умереност при дозирање со одредени задоволства во животот. Не ти треба Телема за да не страдаш од ,,special snowflake" синдром, или да направиш дистинкција меѓу доброто и злото, како и да ги спознаеш патиштата и границите на сопствената волја.

    Патем, магиските моменти освен што имаат силна уметничка имплементација и автосугестивно чувство на возвишеност од психолошки аспект, немаат конкретен видлив резултат во физичкиот свет.
     
    Последна измена: 16 јануари 2020
    На Vikktorr и Briar Rose им се допаѓа ова.
  19. falconseeker

    falconseeker Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Машки
    Пак на истото се враќаме....никој не ни тврди дека Телемата е наука во академска смисла на зборот! Таа е систем од теорија и пракси и тие пракси содржат научен метод, објаснив погоре.
    Инаку Телемата не е во мојот живот поради тоа што ми требало ,,special snowflake" синдром, туку затоа што овој систем за мене е најсоодветен за себе надградување, спознавање и контемплирање на суштината или природата на реалноста.
    А за тоа каков импакт имаат магиските моменти, можат да знаат само тие што ги практикуваат магиските пракси, останатите можат само да веруваат или не веруваат дека нештата се вакви или онакви.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Не се нервирај, не ми беше тоа поентата на репликата.
    Само затоа што не е наука не реков дека по дифолт не чини. Нашиот систем денес почива на темелниците на езотериските правци. Од денешен аспект духовноста нема вредност, бидејки има материјата.

    Но, низ етапната историја не било така. Членови на тајни здруженија биле уважени луѓе кои подоцна носеле битни одлуки, повелби, закони, како и уметничко - креативни творби. Нивната моќ низ светот имала влијание како физички така и мисловно. Градбите и симболите какви што ги знаеме денес се неретко дело на грандиозни умови.

    Смеам да прашам зошто?
    Во ред е доколку одбиеш да одговориш. Всушност, прашањето повеќе се однесува во цел да ти објаснам дека и без религија сите погоре напишани точки може да ги имплементираш здраворазумски. Буквално може секоја напишана точка да ја анализираме, образложиме, и докажеме како Телемата не е потребна за да ги надоградуваш сопствените умствени, уметнички и практични вештини.

    Апсолутно, ама тоа е само момент на автосугестија поради силна верба во илузорни креации.
    Физичка манифестација при ритуалот нема. Само симболична и интроспективна.
    А може и ако ни покажеш би не разуверил. :)
     
    Последна измена: 16 јануари 2020