Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Телесна vs. духовна убавина

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cvet957, 10 септември 2010.

  1. MarushkaMaci

    MarushkaMaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    Се ценат и двете...
    Но сепак она внатре е позначајно :)

    Џабе ти лепота,ако немаш понашање :lol: :rofl:
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Многу повеќе ја почитувам духовната убавина. Ќе видиш некој убав, кога ќе отвори уста или пак ќе направи некоја недолична постапка и одма ќе ти се згади. Сакам харизматични луѓе, убавината и не ми е толку важна, онака просечно, нели сите треба да бидеме средени. Во разговор со некој, повеќе доваѓа до израз духовната убавина, али секакви ги има нели како што прочитав во претходен пост - барам совршен дечко со шишка и најк патики.
     
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.010
    Пол:
    Женски
    Сега нормално дека убавината привлекува, а карактерот задржува ама џабе е убавина без понашање како што некој погоре спомна. Инаку во животот мој сум имала прилика да запознаам човечки примероци кои воопшто не се убави :lol: (барем мене не ми се) а се доста харизматични абе едноставно шират позитивна енергија и обратно личности кои физички те оставаат без зборови ама ете кога ќе проговорат една работа паметна не знаат да кажат :lol:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Ја ценам надворешната убавина, кој не сака да гледа убави и негувани луѓе?
    Но, ако се без харизма, шарм и без душа, џабе и да изгледа ко Џесика Алба.
    Преубави луѓе, ама да не отвараат уста :x
    Еден збор ќе каже и целиот тој изглед пропаѓа во вода. Од момент во секој нареден ми станува се' поодвратна и понесимпатична.
    Од друга страна, минатата недела запознав една не толку убава девојка, ама кога веќе почнавме да муабетиме, буквално не' освои сите. Толку ми стана слатка, заради целиот шарм и енергија која ги поседува, што за мене сега е сосем симпатична. Ми се смени целата слика за девојката.

    Така што, ако нема нешто од внатре да ја нахрани надворешната убавина, бесполезно е, ќе си скапе и ќе го изгуби сјајот.
     
  5. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Комбинација од двете дефинитивно..Пред извесно време запознав еден дечко,кој физички и не е којзнае што,но има преголема харизма и ми остави голем впечаток со својот карактер..Дури неколку дена потоа мислев на него,стварно силен впечаток ми остави..За разлика од ова има некои лепотани кои не знаат два збора да сврзат,луѓе без никаков шарм.Ако речам дека телесната убавина не ми е битна ве лажам,но духовната е еден чекор понапред.
     
  6. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Море си требаат и двете :D
    А сега сериозно :!: :)

    Денеска значи постојат толку козметички препарати и за мажи и за жени кои можат секого да разубават во голема мера,така да она кое што денеска ќе го видиме скоцкано и нашлапано со све на себе,утре ако го видиме во друга варијанта може и да не ни заличи на таа личност која што сме ја запознале претходниот ден.Затоа она кое што останува засекогаш е внатрешната убавина,која е подинамична,пофасцинантна,може да се почуствува,а не да се види.Внатрешната убавина е човекот,неговата личност,неговите позитивни чувства за она што го опкружува,па затоа и сите ја прреферираат и одбираат.
     
  7. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    повеќе ја ценам духовната, ама за да му пријдам на некој треба да се барем симпатичен :)
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Денеска гледав еден филм во кој еден Кинез кажа нешто многу мудро.
    На сиромав човек му подариле вазна во која се криело големо богатство, а тој од нејзината убавина бил обземен и ја сместил на полицата. Тој бил многу сиромав, но во никој случај не ја продал вазната ниту пак ѕирнал да види што има во неа. Еден ден умрел од глад без да дознае дека во неа има големо богатство.
    Ја сфаќате ли поентата? :)
     
    На faye, GeorGinnA и Angelche им се допаѓа ова.
  9. Macedonian-Girl

    Macedonian-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    14
    Духовна дефинитивно секогаш пред физичката. Физичката остава прв впечаток, но никогаш не го ценам човекот по физичка убавина, а само по душата и карактерот!
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Првиот впечаток сепак има предност да го остави надворешниот изглед,зашто кога запознаваш некој сепак физичкото е она примарно што ти паѓа во очи,па после се она што следува....

    Нормално е секој да сака да гледа убави луѓе,нема ништо грешно во тоа:)) Сепак за мене непобитна вистина е дека човек може да те маѓепса многу повеќе со она што му ја плени душата,онаа духовна убавина и топлина кои зрачат од него,кои едноставно те привлекуваат да бидеш во негова близина и кога си таму да се чувствуваш најпријатно,едноставно да те освојува со неговата харизма...

    Секоја убавина привлекува,затоа е и убавина нели?:)
     
  11. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Без двоумење духовната пред физичката! Колку пати ми се има случено мене, а верувам и на повеќето од вас, да запознаам некоја убава девојка или дечко, но со ептен плиток карактер, ценат површни работи, некои се па ептен арогантни и сл. И за некое време,најчесто после три четири разговори со таквата личност, личноста ми станува одбивна и грда. И обратно. Сум запознала неубави луѓе, но откако подобро ќе ги запознаам и ќе видам дека се добри, фини, паметни итн. ми стануваат мили и убави.
    Не знам како да го објаснам овој феномен, но најверојатно ова е така заради тоа што кога некој ни се допаѓа духовно, сакаме да се дружиме со него и ни одговара на каракер, маните ги занемаруваме а ги гледаме само убавите црти на лицето. И обратно, кога некој што е убав(па убав не е синоним за совршеност нели), а карактерно не можеме да го смислиме, почнуваме се повеќе да ги забележуваме неговите мани и недостатоци, до тој степен што ни станува грд. Нешто слично како на пример кога имаме некоја другарка и се сложуваме добро со неа, ја сакаме и ги занемаруваме нејзините мани(овојпат за карактерни мани), не ни сметаат. Но, ако таа иста другарка нешто ни згреши или не повреди, почнуваме да ги гледаме нејзините мани, и свесни сме дека тие постоеле уште кога сме биле во добри односи и дека на некој начин потсвесно сме ги занемарувале, но сега веќе тие мани испаѓаат на виделина и почнуваат се повеќе и повеќе да ни сметаат.
     
    На Krisi88 и cvet957 им се допаѓа ова.
  12. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Духовна ми е на прво место.Но да бидеме реални и телеснава не е на одмет.Колку некој да е добар и фин,ако не е убав или згоден нема да ми биде сеедно.Се знае дека кога запознаваш некој прво му ја гледаш телесната,па отпосле и духовната убавина (ако ја има).Но кога би морала веќе да избирам во краен случај,би ја избрала духовната убавина.
     
  13. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Хм, па да бидеме искрени... неможе некој да ме привлече на прв поглед ако нема надворешна убавина... е дури при запознавање согледуваме каков е карактерно.... За мене човекот мора да има мозок и некој природен шарм за да ме привече :talk: Баш се смеевме со една другарка... гледаме еден тип на ФБ-лепотан од тело до фаца и стил, се допишуваме и се, и кога решивме да се сретнеме онака на кафе типов ГЛУП, ама ептен површен таков, незнае ни да се изрази ни ништо... и последица одма олади работата. Нема шанси да бидам со човек без духовна убавина со кој би можела да правам муабет со саати!
     
  14. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Многу нормално дека е битна духовната убавина,ама да не се лажеме,прво треба некој физички да те привлече,за да те заинтересира каков е внатрешно. Е сега ако е глуп,туп и неупотреблив,плиток,материјалист и сл., џабе му е и надворешна убавина и све. Најпожелно е да биде 2 во 1 :D
     
  15. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Многу повеќе значење и придавам на духовната убавина. Да, точно дека повеќето од нас сметаат дека мора најпрво да бидеш привлечен од телесната убавина, но човек кој нема телесна, а има духовна убавина многу повеќе вреди. Па зарем нема љубовни случаи кога девојката ќе каже не е мој тип, не сум се замислувала со ваков, не изгледа како што сакав, а сепак го сакам. :) Некој ако те освои со духовната убавина, за тебе тој ќе биде и телсно најубав. А и во однос на пријателства, што ќе ми е некоја најубава, најсредена, кога нема грам мозок муабет да си направиш? :D :D :D . На крај сепак пак повеќе ги цениме оние со духовна убавина :)
     
  16. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Двете имаа позитивни страни, а човек со телесна и духовна убавина е полн погодок, што би рекол Дени Секс, овај Денис Екс. |(

    На сите ни е убаво, добро не на сите, ама еве мене ми е убаво да гледам убави лица, што те тераат да ги буљаш и буљаш како хиена. Ама...
    Без шарм, харизма, одредена доза на оние работи кои покрај изгледот се доста важни, џабе.
    Мене тотално ме освојуваат вакви личности со кои сакам да си помуабет без да гледам скиселени фаци и да слушам лошо сврзани празни реченици.
    На крај краишта, нема вечно да се убави. Цртите ќе останат, а тоа што го доловувале претходно ќе исчезне.
     
  17. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ги сакам и двете и ги ценам, но повеќе ја сакам духовната или внатрешната убавина.
    Убавината е минлива, а душата на човекот секогаш си останува иста.
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Телесната е минлива ама дур ја има секако е таа што прва ја забележуваме и која може да ни даде погрешна слика за личноста која прв пат ја гледаме. Сепак при подолго познанство мене најбитна ми е духовната убавина, карактерот на човекот макар и да биде најгрд. А на прв поглед ќе речам она што го гледаме е само надворешната, телесната убавина, така да реално е дека некој со изгледот може да те „прелаже“ да му дозволиш да ја согледаш неговата духовна убавина (кога станува збор за некој кој допрва го запознаваме).
    Во сите други случаи за моите блиски пријатели, роднини и познаници најбитна ми е духовната убавина.
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Точно дека прво ја забележуваме телесната, но духовната е онаа убавина што трае, останува за цел живот и не е минлива како телесната. Духовната убавина е вистинска вредност, нешто според кое треба да ги цениме луѓето. Џабе е телесната убавина, ако човекот не поседува квалитети како интелегенција, харизма итн.
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    исто ;) ;) ;) ;)