Телесна vs. духовна убавина

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од cvet957, 10 септември 2010.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека на прв поглед прво во очи ми паѓа телесната убавина, но штом отвори уста ако видам дека е дудук, се` оди во неповрат. Од друга страна пак, некој кој не е толку привлечен физички, ако ги поседува оние квалитети кои јас ги ценам, готова сум. Simple as that. :D
     
    На Inna15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски
    Телесната е површна, тоа е тоа што прво го забележуваме кај некого. Духовната е побитна. Харизмата е нешто што ја отсликува. Но ретко кој е духовно убав.
     
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    Книга не купувам заради фенси корици.

    Баш зашто е плитка и површна, телесната е на прво место. Визуелното е најлесно за перцепција, најблиску и најдостапно. И му служи на сопственикот на многу краток рок. Мртво ако е однатре, бадијала. ;)
     
  4. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    колку и да е убав некој доколку има празна глава убавината нема некое значење
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    На двете се воодушевувам и кога би имала можност би ги одбрала двете!! За мене тоа е совршенство! Но, телесната секогаш ја ставам на прво место. Секогаш преферирам надворешна убавина, но доколку таа е надополнета со внатрешна тоа најмногу го ценам!!
     
  6. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Се разбира дека телесната убавина е таа која ти го одвлекува вниманието, но никако не е пресудна.
    Пример, една учителка што ни предаваше на курс, имаше 2 работни места, и се гледаше во лицето колку е уморна, секогаш ненаспана, од премногу кафе и останување до доцна поради премногу работа-жолти заби, и што уште не... Ама во тек на тие 6 месеци ја запознав подобро, и иако беше уморна, секогаш се обидуваше да ми објасни по 2, 3т или повеќе пати, за мене да ми е се јасно, и тоа воопшто не претставуваше проблем за неа, се обидуваше да е позитивно расположена, иако таа беше под стрес и уморна (дури тогаш се подготвуваше за мажење), сепак пред да почне со предавања, не прашуваше како сме, дури кога понекогаш дебатиравме околу нешто, можеше сите да ги сослуша, и мирно да одговори, и да даде мислење. Навистина и се восхитувам... :)
    И кога завши курсот, веќе не ја гледав со тие очи-уморната, ненаспана учителка. Таа веќе стана моја пријателка, дури и инспирација за да бидам силна како неа, а пак нежна со најмилите.
    I miss you, teacher. ;(
    Spiritual beauty wins! :clap:
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Телесното е како цвет кој расцветува. Мами со својата прекрасна боја и мирис, но... Само што расцветал, започнал да венее. Неговиот живот е краток.
    А духовното е како едно зимзелено дрвце. Иако ја нема убавината на цветот и опијниот мирис, сепак секогаш е зелено и никогаш не ја менува својата боја. Останува исто и секогаш зрачи со својата убавина.

    Да, духовното е она што останува. Неговата вредност е непроценлива и вечна :angel: .
     
    На angelce1 и Srekicka им се допаѓа ова.
  8. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Поубава е духовната убавина. Ако си добар, интелигентен.. тоа никогаш нема да го изгубиш. Но, за разлика од духовната, телесната убавина е минлива.
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Зависи кај некој ме воодушевува духовната повеќе од телесната ( најмногу тоа го заприметувам од однос кон друга личност, разговор и сл. ) :) :)
     
  10. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Духовна убавина.Затоа што е нешто со кое се раѓаш,од најмал работиш да го надградиш со сите искуства кои ги сметаш за позитивни во твојот карактер,и со која умираш и поради која си или не си запамтен во твојот животен век.

    Телесна.Затоа што едноставно за секого има некој кој е прекрасен :)
     
  11. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Јас мислам дека харизмата најмногу привлекува, тоа е факт...но ете имав една другарка која беше и убава и харизматична, но многу глупава и лоша, т.е дволична. Ти се прави другарка и те привлекува со харизмата , за на крај да те направи подолу и од куче...Нормално дека за другари би избрала духовна , ама за дечко двете...сега немора нешто најубав да биде , ама да не биде ни грд, сепак да ме привлекува
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Надворешната убавина е она што го дава првиот впечаток, она што го забележувате кога ќе сретнете некого. Но таа е минлива. Духовната убавина е таа која ве краси и отсликува цел живот. Таа е онаа која ви помага да стекнете или изгубите одредени личности во животот, и таа останува за цел живот да го одредува вашиот карактер. Џабе некој да е убав надворешно, кога во душата е гнил. Денес си убав, но кога ќе остариме веќе тоа не е важно.
     
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Предност и давам на духовната убавина. Сепак онаа телесна може до некаде да се стекне и постојано да се гради, но духовната е огледало на целиот живот. Како што си ја стекнал од мали нозе така и продолжуваш да ја негуваш ( мое мислење). Така ако бирам меѓу убаво градено момче (телесна убавина) и момче што има „СРЦЕ“ (духовна убавина), би го одбрала овој вториот. И за другарка важи исто ( во оние најдобрите инаку за другари на денешницава колку да сакаш) . Но најдобра комбинација би била да имаш малку и од тоа, и од тоа, нели ? :)
     
  14. t.w.e.e.t.y

    t.w.e.e.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    617
    секако дека е поважна духовната, но телесната го дава првиот впечаток! :)
     
  15. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Како што велат Убавината привлекува, а карактерот задржува.
    Значи и покрај тоа што велат дека е битен карактерот, не значи дека физичкиот изглед воопшто не е битен.
    Значи не велам дека сите треба да бидат лепотани и лепотици, али да се има некоја умереност.
    Повеќе го ценам карактерот, но да бидам искрена изгледот не го запоставувам.
     
  16. vanna

    vanna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Да има и духовна и телесна убавина е добитна комбинација.Постојат и такви личности, убави и одвнатре и однадвор.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Телесната убавина е ништо ако доаѓа во пакет со духовна празнина.
    Спомнувате харизма, за мене харизма е тој сјај во очите што само може да го има среќна, исполнета, ДОБРА особа.
    Никогаш нема да ме привлече физичката убавина на психички неубава личност.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    ги сакам и двете но,на прво место ми е духовна убавина :P џабе не рекле - убавината привлекува,карактерот задржува! џабе лепота без карактер и душа,нели ? :lol: ;)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mace1

    mace1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    духовната убавина
     
  20. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Духовна ;)