Сакам човек што зрачи одвнатре. Да има нешто во него што ти причинува задоволство да го гледаш. Без разлика дали е позитивен или негативен. Мене никогаш не ме одалечувале нерасположените луѓе, само глупите. Моите бивши не се некои лепотани. И не ни тражам некој лепотан или пак некој со факултет. Јас го сакам тоа духовното. Затоа мн. љубам уметници, мислам дека тие се мн. духовни и длабоки луѓе. Не ми е важна ниту самодовербата. Пред мене може да седи некое момче или девојка со мала самодоверба кое има јак став, ама не може да го изнесе и одбрани. Ама одма ќе се познае неговото присуство, неговите движења и срамежливиот однос со другите кој ќе те тера подобро да го запознаееш или пак да го гушнеш или штипнеш Е со такви луѓе сакам да се дружам јас. Или пак некој може да те освои со разговор. Или пак да не праве ништо посебно, а сексуално да те возбуди. Ќе го кажеш дека е обичен, а всушност тој е редок пример. А сум видела мн. убави луѓе со голема самодоверба, а се многу плитки и ограничени. И таа нивна самодоверба (оправдана или не ) ќе ги натера да светат и да бидат главни во друштво. Тие се знаат, на нив се убаво и стои... ама може пак да се нула. Сакам ги оние луѓе што знаат да љубат, да простат и да помогнат. Луѓе кои работат на својот талент и се надградуваат. Оние кои што се интересираат за поинаков свет од оној на технолигијата и искривените вредности. А за тоа не е потребна никаква убавина! Затоа, духовна убавина
Грдите луѓе немаат ни харизма ни убавина (надворешна) Нас може и харизмата да не направи убави ! Ги сакам и двете,кога има и од двете по малку е најдобро.
Како прво мислам дека секогаш прво ке ги забележиме овие што се убави па не сум јас едвард да им читам мислите и да гледам дали се духовно убави, и многу е редко да најдеш некој што е убав одвнатре и однадвор
вистинска е таа убавина внатрешна духовна а таа надворешна е минлива таа која што останува сепак е внатрешната. дефинитивно духовната убавина
Да бе да, дај да ги убиеме сите грди луѓе. Како може да кажеш дека не убава личност никако неможе да има харизма??? Мислам која е логиката, како тоа харизмата зависи од ликот на човекот. Во втората реченица си контрадикторна сама на себе „Нас може и харизмата да не направи убави!„ Како? Нели грдите немаат харизма? И какви се тие „нас„ личности? Грди? Па харизмата ги прави убави или... не разбирам навистина.
Nа прв пат ја гледам таа надворешна убавина,гледам како има личноста преубаво лице и убав став. Pа Sе тоа што е надворешно,бидејки на прв пат највеке тоа се забележува. Pотоа кога казува и Pрави она преубаво нешто што денес е тоа ретко,се восхитувам и на тоA што сеуште има некој толку духовен и добар човек.
Зборот убавина ми е толку некако исфорсиран,според мене убава личност е оној кој ја поседува духовната ајде убавина и тоа не го велам оти нели многу сум хумана или незнам што,туку затоа што неможе една личност да биде убава ако нема карактер,веднаш ја доживувам како грда,незнам одбивна ми е и воопшто нема никаква убавина дали машко или женско сеедно.Се восхитувам на оние според мене зрели личности кои имаат надворешна но и внатрешна убавина и токму затоа ги нареков зрели а не убави.Кога ги слушнам коментарите лелеее колку си само убава не си свесна,или не сум видела поубава од тебе прво тоа е толку клише на денешницата поготово со овие фејсбуци друго и неможеш да прочиташ,зборот ми е дека надворешната убавина е битна но не пресудна,харизмата пред се и карактерот се двигатели па ти ако сакаш биди и најубав џабе ако незнаеш да разговараш или ако си идиот
Повеќе ја сакам духовната убавина таа плени и исполнува,а телесната или онаа надворешната не баш таа е минлива и што корист од неа!?
Духовната е на прво место. Џабе ако имаш телесна убавина кога немаш карактер Убавината привлекува, ама карактерот задржува
Според мене неможе едното без другото. Вистина е дека карактерот задржува, НО убавината е таа што ќе те привлече и ќе те натера да посакаш да ја запознаеш личноста.. Сепак ако физички не те привлекува нема ни да посакаш да видиш дали има карактер добар.. Сепак и двете се важни
Вака за да ја видам духовната треба да ме привлече телесната убавина.Јас мислам дека тие две зависат едно од друго т.е. духовната зависи од телесната убавина.
И на двете убавини им се восхитувам и најубаво е кога ќе видиш..убав/а дечко/девојка со убави манири ...
Секако дека чим ќе видиш некого прво ја гледа телесната убавина,но дур да почне да зборува па да се види духовната убавина.Но има некои ја ценат повеќе телесната но јас прво гледам карактер па надворешна лепота
Тешко прашање, вечна тема. Јасно, физичката убавина е минлива, духовната трае, но потешко се забележува, зошто нема некој интерес за неа во денешно време. Духот на лугето и знаењето, мудроста ствараат/ле напредок на светот, но поради убавината на жената крваво се војувало. Да се држиме Феминки кон духовната убавина, позитивен став кон животот, достоинствено.
....реткост да се двете во комбинација... ....секогаш за мене е поважно што личноста носи во душата и срцето отколку како изгледа...си тргам од мене.на пр...јас не сум некоја лепотица,ама имам шарм и харизма,мила сум и нежна,секогаш спремна да помогнам ако треба.....да,и мислам внатрешната убавина е трајна,надворешната е променлива и одминлива,и мислам дека физички убавите лица се нарцисоидни,вљубени во себе си,така да од високо ја гледаат околината,и така се арогантни и како ништо да не допира до нив.... ....сепак мислам дека секој е убав на свој начин,,физички или духовен....сите сме различни и пред бога и пред другите....