Децава филсен телњфон не знаат што е и како се користи, не па говорница. А не знааат дека говорниците ни беа едини спас да се чуеш со дечко/симпатија, пти од дома ако те фатат...
A sto ima vrska, ako e 2016 i telefonski govornici? Pa kade i da imam otideno na zapad, sekade ima i funkcioniraat, po mene sosema normalna pojava.
А ти зошто прашуваш? Сомнително ми делуваш... да не планираш да се јавуваш на некого со марамче како на филмовине? Имавме на факултет неколку, сега не верувам да се во фукнција. Имаше и низ градов, откако се "мобилизиравме" сите, престанаа да ги користат па почнаа да ги кршат и на крај ги тргнаа од општина. Нас ни е смешно ама во светов јавна говорница е корисна работа. Не функционира секоја средина како кај нас, секој нема смартфон а и сешто се случува. Може да ти снема батерија, да ти украдат мобилен, да заглавиш на аеродром, во непознато место а да мораш да се јавиш некаде. Патем, уште постојат фиксни телефони по тобакава што се со слична намена. И редовно некој зборува кога и да влезам.
Кои времиња, како изгледаше кога имаше телефонски говорници..., многу нехигиенски ми беше тоа, безброј луѓе дишеле и разговарале на една телефонска слушалка.
Имаше една во Тетово во близина на поштата , за функционална не верувам дека беше , ама стоеше таму како подсетник за едно време . Ја тргнаа пред година-две , поради реновирање на тој дел од тротоарот .