Види на 10 страница тука има еден рецепт за крем, јас си го правам одамна и го ставам секое сабајле и секоја вечер, па фала Богу до сега не ми се појавиле, а за понатака ќе видиме.
Луѓе очигледно за се во животот има лек за овие моите стрии нема Со се шо разбрав дека помага за стрии пробав, и овој рецептот шо е овде постиран пробав, не помага. Докторката ја прашав и ми вика ти си феномен не знам уште шо не би ти препишала да земиш од аптека. Ако нешто знаете, некоја крема ве молам кажете ми, многу ми е итно! Кожата ми се распука кај половината почнаа да ми се појавуваат и рани.... Ве молам ако некој нешто знае нека пише, ќе умрам од болки
^^^Пробај со Mustela крем против стрии...Го има по аптеките околку 1800денари кошта и велат било многу ефикасно
Здраво, Иако ова ми е прво мислење, редовно ве читам и можам да кажам дека доста ми помогнавте во текот на бременоста. Имам прашање. Веќе сум 39 недела и се мачкам уште од почеток на бременоста со тој рецептот против стрии - павловичева, АД капки, Витамин Е и Ц.. итн. До сега ми се нема појавено ни една стрија на стрија на стомакот па ни било каде на др место. Дали тоа знаци дека ке поминам без стрии или може да се појават и после породување додека ми се враќа стомакот во нормала?
^јас колку што знам таквите црвени стрии излегуваат при истегнување на кожата, што значи не верувам дека би ти се појавиле одпосле.
Да не ве паничам, ама мене ми се појавија неколку дена одкога се породив. Црвени накај бордо околу папокот. До крај на бременост немав воопшто (сем на долниот дел од градите малку, под брадавиците -црвенки). Мачкав павловичева на стомак и бутови секој ден од кога дознав дека сум трудна и доста бев среќна додека се породив стомакот ми беше мазен. И после пороѓај хаос. Среќа мачкав една крема против стрии, избледоа колку толку сега, не се така очигледни.
Која е таа крема да се обезбедиме уште од сега? Јас сега за сега немам стрии, се мачкам со тој рецептот со павловичева секоја вечер, ама за понатака ќе видиме.
Сега за сега немам ништо за понатаму ќе видиме инаку фамилијарно сме склони кон стрии така да превентивно јас го земав ова масло од ДМ со маслиново...Убаво мириса и многу е мрсно...179денари
Другарка ми ми го поклони ова Прекрасно е. Кожата ја прави мазна и убава. Помага со и чешањето. А како мириса... ќе го изедам. Само го нема кај нас. Од Англија ми го донесоа. Ако имате кој да ви го донесе беднаш барајте, ефтино е а неверојатно е
Го има и ова конкретно за стрии за трудници Ова првото е 3 фунти а второто е 5 фунти. Гледам дека можеш и онлајн да го нарачаш. Користев специјално масло од ДМ купено, не беше кој знае што а ужасно ми мирисаше, користам и Елдена млеко за тело со додадено масло со витамини, а и масло од кокос. И ова помага, ама ова путерот од какао е прекрасен. Многу сум задоволна
одвреме навреме се мацкам со бекутан масло или со body lotion VANDINI со macadamia и vanille.. треба да поцнам поцесто да се мацкам веке
Значи еве при крај на 8 ми ми се појавија стрии на долниот дел на стомакот, но она што ме буни е дека како што е линијата всушност не е вдлабната, туку е составена од неколку мали брунчиња, не знам како пликчиња ли е, не знам што е ова, му се случило така на некој нормално е или треба да прашам лекар, не знам, се мачкам со павловличева, да не е од неа, ама читам дека многу ја користат па сега
Можеш ли јасно да видиш дека се стрии? Јас долниот дел од стомакот само на огледало го гледам, а 7м само што влегов, кој знае колку ќе ми порасе стомакот последниве месеци Има денови кога ме чеша кожата повеќе и се проверувам за стрии ама до сега не сум видела Мене од време на време ми се појавуваат баш како брунчиња, со прст го осеќам, како да ме каснало нешто. Се мачкам со питерот од какао, елдена млеко од кам што го има и масло од кокос (што ми е најблиску до рака). Ако мислиш дека е од кремата смени ја или додади АД капки во неа (пола или цело шишенце, како сакаш)
Па да и јас само на огледало ги гледам не знам дали се стрии така си мислев дека се но овие брунчињата ме бунат, ако е некоја алергија зошто се јавува само на тие места?
Е јас со новости. 29+2 недели. Пред два дена ми се појавија стрии на задникот (и сестра ми вика на бутовите ама јас не ги гледам). Морам да признаам дека сама сум си крива. Освен што се опуштив со јадење се опуштив и со мачкање. На почеток мачкав се, секој ден,понекогаш и два пати. Па се сконцентрирав само на стомакот. Ако малце ме зачешаше одма го мачкав, и по неколку пати на ден.А задникот не и ете...сега ме пецка, чешка и дури и боли. Уште се црвени па се мисам дали да купам еуцерин масло или не. Какво е вашето искуство со маслото откако ќе се појават стрии? Планирам да се мачкам и со рецептот за павловичева со вит ц и е и АД капки за да спречам понатамошно појавување (барем се надевам дека нема да се појавуваат веќе ) Иначе откако ги видов стриите (кои не се гледаат ако носам веш ) редовно се мачкам со масло од кокос, затоа што е мрсно, Елдена млеко за тело со АД капки и путер од какао затоа што би требало да помогне да исчезнат стриите и да не се појавуваат па ќе видиме како ќе биде. Што мислите вие, да купам ли Еуцерин масло (или некое др ако препорачувате некое) (со надеж) дека ќе ми помогне да се ослободам од тие стриите што веќе се појавија?
Кога бев бремена со ќерка ми пред подолго време, тогаш ми даваа да пијам витамин Е за еластичност на кожата и мислам дека тој многу ми помогна, а се мачкав само со Нивеа обично меко за тело и тоа е доста мрсно, но... мислам дека се е до кожата и еластичноста. Јас немам ни една стриа никаде. А сега кога ќе им го спомнам витамин Е, гинеколозите ми креваат раменици, па на своја рака не го пијам. Ќе видиме сега со оваа бременост, ма како сака нека биде, па нели сме мајки, мора да има и некоја последица Пробај со Еуцеринот, цела колекција им е супер ништо неможеш да изгубиш, освен парите нели?
Не е само што ги имам. Ако не можам да ги спречам од излегување барем да не ми е толку не угодно. Надевам дека со текот на времето ќе избледат и нема да се познаваат. Ќе ги сончам кога ќе дојде време па ќе видиме. Ама болат бре и пече и ме чеша. И ништо не помага.