Jaс се мачкам со Еуцирин масло, а распукав како лубеница последниве две недели. Стомакот и градите ми се ....
Eucerinot не ти помогна? Прашувам затоа што 95% го фалат. Пробај да се мачкаш со Елдена млеко со АД капки (можеш да додадеш и вит. Ц ампули,евтини се) не верувам дека ќе ти помогнат со тие што излегле веќе ама помага за еластичноста. Јас се зезнав што не го мачкав дупето , сега за никаде ми е
И јас сум изненадена што не ми помогна. И тоа не е толку страшно што ми испука стомакот, туку и странично кај слабините сум лом. А поправена сум 8 кила, не викам дека се малку ама не е драстично толку многу што ни Еуцеринот не ме спасува. Имам уште од шишенцето, ќе го дотрошам ... А кажи ми целото пакување на АД капките да го ставам во млекото т.е има ли некоја мерка или? Страшното е што не може да се залажуваме дека ќе поминат после бременост, каде би оделе.
па што и ако се појават? зошто тоа толку ве фрустрира?нека знаат сите дека сте мајка и дека тоа е нормална трага од бременоста!!! мене до сега не ми се појави ниедна стриа, а и да ми се појави до крај, право да ви кажам ич не ми е гајле, важно бебуш да биде како што треба и пораѓајот да ми тече без компликации. BTW кој фактор во животот ви е стриа????
Зошто ваков пристап Каја? Зарем е штета ако се заштитиме, за да не го срамиме истото тоа дете на плажа после? Јас не реков дека ми се битен фактор во животот, ниту пак дека ако се мачкам за стрии помалку ми е важно да е се во ред со бебето. Да се покае човек сто пати што воопшто пишал искуство.
Незнам кој дел од мојот пост не го разбра никаде не напишав дали треба да се заштитиш или не, поентата ми беше дека и да се појават (а тоа немој да мислиш дека 100% има врска со мачкањето, немој да ги заборавиш и гените) никому ништо, нема да пропадне светот!!! Ама ова бисеров со детето, плажата и срамењето..... е вакво нешто немам прочитано одавна на форумов, што сакаш да кажеш дека сите МАЈКИ со стрии претставуваат срам за своетот дете на плажа????
А зошто да не се грижам дали ќе имам стрии или не? Последниве 10год водам сметка за себе,што јадам што пијам, да вежбам...сакам да изгледам најдобро што можам. Нема да се лажам себе си дека физичкиот изглед не ми е важен кога ми е. За себе! Не е дали некој ќе ме гледа на плажа или каде и да е. Се разбира дека не е крај на светот и пред се најважно ми е бебето. Не разбирам зошто тоа што сум трудна треба да значи дека треба да престанам да се грижам за тоа како изгледам. Може на тебе или било кој друг стрии не му се фактор, мене ми се. Не сакам да ги имам. И знам дека не е се до мачкањето. Мајка ми до пред една год. немаше стрии воопшто, и покрај 3 деца, исто и со др мајки од семејството, што значи имам добри гени кога станува збор за ова. А тоа што јас не сакам да ги имам, не значи дека мислам дека мајките треба да се срамат ако ги имаат(Или јас ќе се страмам). Не е тоа до мајката, едноставно се случува и мора да се прифати. А ти викаш немаш стрии, убаво за тебе. Не затоа што не ти испукало телото тука затоа што немаш поима како е неугодно. Те боли и пече кога седиш, кога стоиш, кога лежиш кога одиш и чеша ненормално. Така да не е само надворешно
Kaja, јас и ти уште во старт не се сфативме, не гледам и кога би се објаснила колку тоа ќе промени. Нека остане како бисер и нека остане дека ете ние што коментираме за стрии помалку се грижиме за бебињата.
баш ми е драго што ми ја свати поентата значи да не мешаме баби со жаби, прва работа никаде не ни спомнав дека тие што коментираат за стрии помалку се грижат за нивните бебиња, баш ме интересира каде го прочита тоа, јас погоре си го спомнав моето бебче и пораѓај, значи тоа ми е МОЈА главна преоптеретеност во моментов во споредба со стриите, а не твоја или на станко, петко што коментираш така и ми ги пикаш зборовите во уста....како и да е единствено битно во ова е дека навистина неможеме да се разбереме!
Не бе Каја, јас ништо не ти пикнав во уста. Формулацијата на реченицата ти беше со доза на суровост зошто на крајот што бараш ти на тема за стрии кога немаш? Јас треба сега да седнам и да куцам пост еден саат за да ти напишам со што се се справувам во бременоста и дека од кревет немам станато за да имам право и за стрии да коментирам? Дали така би можела да ти парирам на тебе како загрижена трудница? И дека ништо на светот не ми е поважно од нејзе? Објективно прочитај си го постот и дозата на обвинување, можеби ќе се сфатиме. Вака остануваат сите теми на форумот упропастени, греота за идни трудници ќе нема сокој да се советуваат.
прва работа мислам дека не треба да ти се правдам тебе или на било кој што барам на оваа или воопшто на друга тема, а второ тоа беше мое мислење во однос на бременоста и појавата на стриите, не знам што толкава ука бука???? уште еднаш ќе го кажам МОЕТО мислење, значи мене, а не тебе или некој друг воопшто не ми е гајле дали во текот на бременоста ќе ми се појават стрии бидејќи и покрај упорните мачкања со разни креми, ако намериле да искочат ќе искочат и тоа нема да промени ништо, а со грижата нема ништо да се постигне! изгледа ова ве навреди,а тоа се обични прашања, на кои може најнормално да се одговори, значи ме фрустрира поради тоа и тоа, а не одма да се пишува каков ми бил пристапот...
Значи секоја жена има потреба да изгледа убаво, секако дека после пораѓај сите пак ке сакаме да си се допаднеме на нашите мажи, дали со килограм повеќе или не,ама да имаме убава мазна кожа колку што е возможно. Жена која вели не ми е гајле за стрии или веќе ги има,па нервира други или не и е гајле за изгледот. Ама секој со свое мислење е и тоа треба да се разбере. Нема потреба да си пребацувате едми на други.
Јас сум допрва 30 недела и уште немам ниедна стриа. Користам од Еуцрин маслото. Околу 700 денари го земав од аптека во Куманово. Го користам уште од 9-10 недела некаде, а инаку сум веќе слонче станата и стомакот ми е скоро како да сум 36-та недела. Е сега на градите си имав и од порано, од диети, па сега дали има нови не сум загледувала, сигурно има. Ама на градите не се ни мачкам редовно. Стомакот го мачкам секоја вечер пред спиење за да не мачкам други алишта, нели масло е и доста е мрсно. И обавезно се мачкам по туширање. Инаку нормално е стомакот да чеша, не сум сигурна кој прашуваше. Мене ме чеша често, особено кога нагло расте те во последно време. Сепак имам уште многу до породување и сега стомакот којзнае колкав ќе ми биде па може и ќе ми се појават. Ако има промени ќе пишам.
^Не ме чеша стомакот, туку газот Spoiler За стомакот се сеќирав највеќе ама сега за сега не гледам ништо и ај чешањето можам да поминам преку тоа, ама не отчекував дека ќе ме боли и пече Сепак денес сабајле кога станав се мачкав вака: Масло од кокос па се триев со луфа, па Елдена млеко за тело со ад капки па путер од какао на палмерс па завршив со бадемово масло И не ме боли, ептен малце ме чешка ама речиси неприметно. Не си пробала со еуцерни на градите да видиш дали ќе ти направи некоја разлика? Ај пиши како напредуваш, блиску сме со неделиве па баш ме интересира како ќе ти биде понатаму
имам неколку старии стрии на стомачето (значи од минатата бременост) од ова се уште немам и дај боже така и да остани.прашајнето ми беше дали старите стрии после порајгај че изгледат како нови пошто е кожата повторно оптегната
Еве од мене препорака. Јас сум склона неверојатно многу кон стрии. Целиот задник и бутовите од страните ми се со стрии и тоа уште од средно школо. Не сум имала драстични покачувања ниту симнувања на килажа, но ете кожата ми е таква. Се породив минатата недела во 39 гн и немам ниту една стрија на стомакот, а и стомакот ми е многу рамен, порамен од претходно. За време на бременоста секое сабајле и секоја вечер се мачкав и долго го масирав стомакот со смесата: оригинална павловичева, розева павловичева, АД капки, витамин Ц ампула, витамин Е ампула, маслиново масло и бадемово масло. Топло ви го препорачувам ова на сите. Во ред е да немаме фрустрации и ако се појават стрии, ама ако може да се спречи тогаш па и зошто човек да не се обиде
Готово, стриите дојдоа и на стомакот. Преку ноќ се појавиле и ги има неколку, црвени и страшни Многу се разочарав, еве три дена не можам да пишам од депресија. Тоа е! Сега земав и АД капки, а ќе земам и витамин Е да појачам, и почнав по два пати да се мачкам, па барем да не бидат повеќе. Што да ви кажам мешиња, ви посакувам повеќе среќа и подобри гени!
Мислам дека наскоро и јас ќе се пријавам во оваа тема.Денеска приметив многу мали стриички точно над папокот и една малечка до лузната кај што сум оперирана од слепо црево...Не се приметуваат многу,треба баш убаво да се загледаш па да ги видиш...ама ете се појавија... Што да кажам сама сум си крива не се мачкам редовно...но после овие 2-3 мали стриички дефинитивно ќе се мачкам и тоа по два мпати на ден....насабајле и навечер.
здраво на сите и од мене ве читкам за проблемите со стриите, па си викам да ве прашам од кога почнавте да се мачкате со некакви масла, некои читам користат специјални креми за против стрии? јас сум 10 недела, од утре во 11, па сакам со време да почнам да користам, ама си викам да не е рано?