^Мачкање уште од сам старт, по можност два пати на ден. Имаш неколку рецепти поназад низ темава, одбери си што ти одговара и мачкај се, бутови, над лактите, стомак,половина задник, ама баш се. Не пропуштај затоа што од недостаток на еластичност посебно сега во зима кожата пука мн лесно. Јас уште немам видено на стомакот ама осеќам како да ќе искочат секој момент па ќе видиме како ќе биде
Јас користам креми за стрии уште од 3 месец..кога веќе почна да ми расти стомаков.. Користам Mum Care..препорачана ми е од матичниот гинеколог....и засега има добри резултати..се надевам дека така ќе биде и по пораѓајот
сега за сега немам ништо ... порано се мачкав кога ќе ми текнеше сега се мачкам почесто. користам бекутан масло и лосион за тело од макадамија и ванила... ем убаво мирисам ем ми е мрсна и мека кожата.. за понатака здравје и живот.. инаку по природа сум слаба и висока типка
Леле мешиња, ова стрииве ми се во полн замав. Се шират лево-десно горе-доле, уф им нема крај. Више не сакам да се погледнам на огледало. Џабе мачкање и се, гени си се гени. Ама не се откажувам, па си се мачкам. Барем стомакот не ме чеша после мачкање а и си викам а да не се мачкав којзнае што ќе беше. Битно бебчо е супер и си мрдка, па ме теши по малце.
велат дека ако мајката има стрии ке има и керката и вистина така било,,,,мајками има и јас имам и тоа премногу една другарка мајкаии воопшто нема и таа нема и ништо не користи некаков крем супер чиста е
^Не мора да значи.Мајка ми нема ни С од стрии а јас со првата бременост ги добив на бутовите и задникот....додека пак стомакот ми е чист.Ке видиме понатаму како ќе биде...
Како јас да сум го напишала ова. Апсолутно истата приказна. Мајка ми три деца-ич стрии. Јас прво и ми се појавија на задникот и бутовите. А стомакот ако понекогаш чеша, до сега нема ништо па се надевам ќе остане исто понатаму
јас немам ниту една стрија...а цела бременост ја поминав со блек уп за сончање..кој исто можи и секојдневно да се користи за мека и еластична кожа,,,толку убаво ми мириса,и ми ја преави кожата еластична...сепак мислам оа зависи од физиономијата на жената...
Ептен го сакам. Ми ја прави кожата убава и прекрасно мириса. Ама не верувам дека е спас од стрии. Јас се изнамачкав со се, масло за стрии, бадемово масло, путер од какао, палмовичева со витаминии, елдена со витамини....уште што не и на дупето пак ми се појавија. Важна е еластичноста на кожата, гените, и важно е да се мачкаш. Ама ако и се пука, кожата ќе пука без разлика што и да ставиме.
јас еве веќе сум 8ми месец, на стомакот се уште нема појавено таква работа ама на бутовите и градите имам по 2,3 црвенки и не ме загрижуваат толку стрииве колку што не можам да си го гледам целуцитов од колкови до глуждови...порано чим ми излезеше со пиење многу вода го елиминирав сега ни тоа не ми помага
Мене Вазелинот ми го препорачаа. И во план ми е сега штом ќе стигне плата да си купам. Иако до сега немам, сепак од многу трудници имам чуено дека во 9ти наеднаш се појавувале.
И јас многу пати сум го чула тоа. Нема-нема и една недела пред пораѓај се појавиле. Јас немам на горниот дел од телото и се надевам дека нема да се појават сега. А надоле, и стрии и целулит ми се појави А се мачкав со вазелин. Мрсен е многу, имаш и со невен,што добор затоа што ја смирува иритацијата ако те чеша ама ете на задникот и сега на колковите имам стрии. А стриите колку време црвени ќе бидат? Сега се мачкам превентивно, а откако ќе се породам ќе се фатам со работа да средам сето тоа, не дека стриите можат да се средат
Ќе ти го испробам рецептот и затоа ме интерсира количината. Дали ги ставаш целите АД капки за двеве кутии павловичева и целото бадемово и маслиново масло? благодариме одмапред
Јас си ставав крема и ништо немав до средина на 8ми месец, ни една стриичка, кога рече пука цел стомак лом ми се направи
Јас го користев рецептот и благодарение на него еве ме 39 недела и немам стрии никаде. Јас го правев вака: во жолта павловичева од 300 мл, ставав 1 пакување АД капки, повеќе од пола бадемово масло, 5-6 апчиња витамин Ц и 5-6 апчиња витамин Е. Не ставам маслиново, зошто и вака е премрсно. Е сега малку ќе корнете на павловичева, ама вреди стварно.
Јас го користев и ова и пак ми излегоа стрии. Прво на задникот, па после и на бутцињата по малце (а сега ги гледам убаво поцнале да се познаваат) и од пред два дена и на долниот дел на стомакот. Џабе мачкање, прочитајте наназад, се мачкав со еден куп разни производи, мешавини и не знам уште што не. Само уште еуцерионот ми остана да го пробам. Епен епен ме лути тоа што ми излегоа и покрај тоа што толку пазев, се мачкав повеќе пати во денот, не поминало ден да не се намачкам последниве 5месеци. Ама ете излегоа и тоа ти е. Мислам дека колку и да се трудиме единствено нешто што може да направиме е да ги ублажиме симтомите со тоа што нема да не чеша и пече кога се појавуваат, и ако се појават можеби се помалце отколку ако не се мачкаме воопшто Така да мачкајте се редовно, ама нека не ве изненади ако се појават. На крај краева нормално е,нели?
Јас од денот кога дознав дека сум бремена до ден денес се мачкам. Имам пробано со павловичева, со крем против стрии до вазелин. До сега се држев некако, но мислам дека преку ноќ ми се појавија посебно на задникот имам многу, а на градите и во предниот дел на нозете по 2-3. Можеби е вистина ете дека во 8ми и 9-ти месец најмногу се појавувале. Вчера го купив маслото на нивеа Q10 ми го препорачаа па да видиме како ќе се покажи
Веќе неколку ден ужасно ме чеша стомакот, кога денес што ќе видам 2/3 стрии така како сјајни бледо лила
Така почнуваат,1-2 бледо лила, па 3-4 и така се множат. Не ги чешај. И мачкај се и по два пати на ден.