Ќути, знам како ти е. Преку глава ми е. А и на мм. Се жали мрсно било, му мирисало. Епа што да правам сега, ќе се отепам од чешање ако не се мачкам. Ај уште 9 денови
^Млекото и маслото се на Бекутан бебешки е мирисот. А јас се си мислев дека Вазелинот лошо ќе мириса, ама испадна и тој мн.убаво мириса. Така да си немам проблем со тоа.
captivating абе ти мачкај се батали мажот не е он труден па да знае колку чеша ама битно е и после породување да се мачкате, побрзо спласнува стомакот
^ Му викам јас да биде он малце труден да види како е Не дека лошо мирис се, освен една маст од чајно дрво што ја имам, таа е и многу мрсна и мене ми мириса лошо, ама тој не сака никаков мирис, ни со бебешки производи кога се мачкам Батрфлај, ти со што се мачкаш после пораѓај?
nivea shea butter помадичка ( нежно лилава кутија) и за време на бременост ја користев заедно со бекутан уље
мамички лекот е кантарионово масло да се мачкате откако ќе ви се појават стриите, ако ви се појават недај боже, јас избив цела на стомакот, па со него од црвени станаа бледи, сега скоро не се ни познаваат
Искрено вазелинот навистина по цел ден ми го одржува стомакот со масло...ништо чудно тоа да има голем удел, бидеjки така речено кожата е нон стоп влажна
Од кога дознав дека сум бремена се мачкам секоја вечер од глава до пети Со Mama & Baby Cream на Докторс.
Јас многу се секирав за стрии. Неколку маици фрлив од што беа измрсени од нон-стоп мачкање со нешто. И се за џабе. Почнаа на задникот, се појавија на бутчињата и на крај и на стомакот. Сега кога можам да ја видам штетата гледам дека е поголема од што мислев. Долниот дел од стомакот ми е доста испукан, најверојатно и од пораѓај/ Ама знаете што? Вооптшо не ми е гајле. Толку мислење за што? За ништо. По навика си го галам стомакот и кога ќе ми текна дека имам стрии некако дури и мили ми се затоа што кога ќе ја погледнам малата срцето ми се топи. Може ќе исчезнат, може не. Ама тие се само мала несакана појава од еден прекрасен подарок
Јас се мачкам со павловичева, и тоа не редовно на 2-3 дена сега за сега ми немаат излезено стрии, можеби е уште рано
Јас се мачкам со бадемово млеко и Мустела крема против стрии, но забележав стрии на градите и малку над папокот а 5 месец сум,и мешето сеуште ми е мало. Се надевам нема да ми излезат други.
Јас сум 7 месец и уште не сум забележала стрии. Се мачкам со Mum care кремата против стрии, на стомакот и задникот секоја вечер пред легнување. Градите пак ги мачкам и масирам со павловичева која има во составот витамин АД3 и пантенол. Задоволна сум и од двете креми. Од скоро стомакот ме чеша многу повеќе, па планирам да го зачестам мачкањето наместо еднаш на два до три пати на ден.
јас имам стари неколку стрии на стомакот во третава бременост не ми се појави ниту една нова и баш ме интересира како че изгледаат после порајгај дали како нови да ми се или хм
Jaс градите,стомакот и бутовите ги мачкам со павловичева измешана со АД мрсни капни,невеново масло,ампули Ц витамин и маслиново масло...засега добро е,немам стрии па ќе видеме понатаму (инаку 7месец сум )
Лелеее и јас многу се плашам да не ми се појават стрии а како што слушам скоро сите имаат стрии,целулит....Сега сеуште немам ништо секоја вечер се мачкам со павловиќева маст и во неа АД капки па ќе видиме можи ќе поминиме и без стрии