еден добар совет кој го подели една постара колешка со мене да си знам за кога и јас ке бидам бремена а тоа е во текот на бременоста што се вели од првиот месец редовно користете крема против стрии на стомакот и нозете ако сакате да го спречите нивното поојуваување и навистина имало ефект.
Верувале или не, само со павловичева маст, јас се мачкав на стомакот и на нозете и не ми се појави ништо, но глупава јас задникот го заборавав и сега само на задникот имам
40 недела сум до сега ми се немаат појавено стрии,но уште од почеток на бременоста се мачкав со еуцерин масло за стрии плус павловичева со ад капки.
Уште малкy 35 недела, и кај мене до сега се немаат појавено стрии на ниеден дел од телото, иако стомакот во 7ми и 8ми значително ми се зголеми (помислив дека ќе почнат поради наглото зголемување) но имам напишано и погоре, јас од првиот месец кога дознав дека сум бремена се мачкам по цело тело со павловичева Mama & Baby на Dокторс(во нашите аптеки во Прилеп, скоро и ја нема, ја наоѓам само во една), која е наменета за бебешка кожа, мрсна е и многу ефикасна.
И јас немам стрии ич иако со првата бременост се поправив 25 кг ама тогаш ја користев кремата против стрии од органско потекло на weleda, a во втората бременост користев еуцерин масло. Инаку има врска и со типот на кожа и гени.
еве и јас да си прашам, за два три дена ке влезам во седми месец, и забележав дека на колковите имам по три четири бледи дури невидливи стрии,исто така и на градите,до петти месец се мачкав со обична крема за тело а после тоа почнав да користам бадемово масло секоја вечер пред спиење би сакала да знам дали овие стрии што веке ги имам некогаш ке исцезнат или не ??? и дали ако сега немам стрии на стомакот после пораѓај постојат шанси да ми се појават?? ви благодарам на сите.
^јас немав ни една стиа...си го сакав стомакот многу...се утепував мачкање со што не, 10тина дена по пораѓајот почнаа да се јавуваат. И сега се мачкам со еуцерин
Мене стрии ми се појавија само на градите. 6 месеци по породувањето, скоро и да не се забележуваат, доста се избледени.
цела бременост по два пати дневно се мачкав со масла кремови чуда ... и мислев ок сум ама после породувањето ми се појавија под папокот и на струкот сега еуцерин масло мачкам не знам дали ке се повлечат барем малку дали бојата ке им се смени , црвени ми се
Јас сум скоро 24 недели, немам стрии сеуште. Се мачкам со павловичева маст со АД капки по 2 пати на ден и гледам да е мрсничко нон-стоп
На мене почнаа да ми се појавуваат стрии во 7-ми месец. Изгледаат полошо отколку кога бев бремена првиот пат. Последнава недела почнаа многу да ме чешаат, особено кога е топло. Не се мачкам со креми, бидејќи нема да има ефект.
Те чешаат затоа што ја оставаш кожата сува... според мене обавезно треба да се мачкаш со што е можно помрсна крема, ако не друго бар да не се појават премногу и да не те чешаат.
Јас цела бременост се мачкав со павловичева + АД капки и како резултат на тоа сега воопшто немам стрии , ама за тоа целулит имам за продажба
35 недела од вчера сум, а од пред две недели ми излегоа напред горе на нозете. Кратки се ама ги има. А што ми е најчудно за градите , некој да ми кажувал и немало да верувам, имам мали гради, 75ка носев пред бременоста сега ваљда 80-85ка ама пак не се нешто драстично големи, уште во 5ти месец ми излегоа на долната страна стрии, прво мислев дека се вени како потемни нагласени, скроз не личеа, се до вчера кога почнаа да ме чешаат и пред спиење викам ај да се намачкам со кремот и што да видам, баш се отцртуваат ко стрии. Инаку претходно пишав мислење за Baby Love маслото за стрии и Alverde путерот за стрии, и нешто бев скептична за путерот ама сега морам да кажам дека веќе второто пакување го користам (моја грешка што ставав само на стомакот) и сум задоволна (ќе видиме до кога ) иако гинекологот низ муабет ми кажа дека медицински е докажано дека нема крем што ќе спречи стрии ако имаш таква кожа и тоа е. Ќе си кажуваме после пораѓај, ако не расцветаме до тогаш
Јас сум 26+5 си имам стрии од пред 4-5 години од нагло дебелеење па слабеење кај колковите и одпозади на нозете кај колената.Ама ми се избледени и не се познаваат мн сега од 3 месец па навака се мачкам со павловичева од павлодерм само на стомак нај искрено се надевам дека нема да ми расцвета стомакот мн,бидејки имам читано дека било генски а мајка ми и сестра ми имаат на стомак од бременостите,па ако е генски ќе ги добијам и јас ама зошто да не пробам може ќе ми се посреќи да не ми се појават.еххехе
Ајде и тука на оваа тема еден апдејт да направиме.хехех Денес ја почнавме 32 недела стрии фала му на бога сеуште немам,стомакот ми е чист се надевам дека така и ќе остане ама како што читам овде на повеќето ви се појавиле во последниот месец,така да може нема да бидам и јас исклучок,иначе исто си се мачкам со павловичева само навечер пред легнување ама и стомакот не ми е мн голем не изгледам како за 8-ми месец тоа ми го рече и матичната(малку ме налути со муабетот ама сватив дека е до моите хормони па помина лутината кога кажа дека со синко е се во ред)позз сега засега па ќе пишам понатака до крај на бременоста што биднало...
Jas se mackam so pavliceva mast i sum sedmi mesec...do sega se e ok i nemam nikade striii...inaku za ovie 29 nedeli imam kaceno 7 kg poveke.
Јас се мачкав со baby love маслото од DM и со оригиналната павловичева и немам воопшто стрии а бев огромна во стомакот ама тоа го препишувам на гените бидејки и сестрами исто немаше а не мачкаше ништо