Jas koristam edna krema za strii koja mnogu e efikasna malku e skapicka,za vreme na bremenost dovolni se od 4 do 5 pakuvanja,se koristi 2 ili 3 pati na den,dokolku imate moznost probajte ja. RILASTIL CREMA SMAGLIATURE 200 ml-LABORATORI MILANO.
Женски а со стрии како стоитЕ???? Јас се мачкам постојано, дали со крем дали со беби улје , но имам кожа склона кон пукање. И така вчера се мачкав пред спиење, и баш се гледав немам ништо, но затоа сега пред 5мин кога се мачкав повторно имам симпатични розови стрии и од двете страни баш се срцки, колку се само дискретни , таинствени ,преку ноќ излегуваат Како само се надевав дека ќе ме одминат
За стриите нема спас до 9 немав ништо ,се машкав со еуцерин уље и павловичева ама џабе првата ја исплакав добро ама сега веке не се замарам јас си се мачкам а тие пак излегуваат и тоа е се помирив со фактот дека ке си ги носам цел живот.
За стриите, абе зошто цел живот, ете и мајка ми кога била бремена со мене цел стомак и бил катастрофа, 30кг се поправила, а денес , додуша од кога памтам она нема една единствена стрија на себе . Дај Боже кај сите нас така да биде
Јас засега немам стрии, а еве петти месец го терам, и се надевам дека нема да се појават, ама гледам викате и на крај може да се појават.
Ако кожата не ти е доволно еластична ништо не те спасува. Јас со двете бремености на стомакот воопшто не испукав, немам ниту една стрија, а повремено се мачкав само со павловичева. Е сега последниве два месеци (јуни и јули) толку беше топло и склетно, јас бев 8-ми месец ништо не ставав, само вода на мене, ни млеко, ни крема, ни маст, ништо и не испукав. Ама затоа пак со првата бременост нагло се поправив некои 22-3 кг. и ми се направија стрии на бутовите и на градите, беа црвени, сега веќе се бели, се познаваат, ама не многу, комотно си носам бикини на плажа.
Јас кога бев трудна ја купив кремата од Деба против стрии , мислам дека е бугарска , ја има во аптека. Но џабе ја купив , само 2 пати се мачкав бидејки потоа почна да ме мрзи а и доста читав на нет дека за да ти се појават стрии зависи од кожата..дали е еластична или не. Јас лично и пред да забременам имав стрии на градите , на нозете ама незабележливи се и така и си останаа , а на стомакот ниту една не ми се појави Сум слушнала дека помага и мачкање со маслиново масло па може и така да пробате.
Стрии имам и тоа многу на градите и на стомакот, се мачкам со еуцерин и со една друга крема направена ја имам поставено рецептата во темата Стрии..
Иначе сакав да ви кажам дека ако не саката стрии треба уште од почеток да се почне во мачкање, ако се мачкаш кога ќе ти искочат се е џабе.
ТеаБ јас се мачкам од сам почеток, неколку пати дневно, нема врска тоа, се зависи од еластичноста на кожата. Јас сфатив дека е џабе и тоа е тоа. Здравје ќе работиме понатаму па ќе собираме пари за ласерско отстранување на стрии
Јас почнав да се мачкам против стрииве (само мешлаков) со една крема во петокот ја купив од КАМ со Q 10 ама сеуште немам значи на стрии со оглед на тоа што имам поголем мешлак од претходно може сеуште е рано па бебушов сеуште има доволно место.
Ивановичка го гледав и јас тој крем од Кам, планирам да го земам ефтин е , а сигурно ќе се најде. До сега мачкам хидратантни креми и бебешко улје, но тоа еништо не помага. Се надевав дека нема да излезат, или барем не толку рано, но исто ми се фаќа поарно сега отколку во 9ти месец, па да си пукнам од мака
јас сум додуша уште на почеток 14 недела, немам стрии, ама и засега не се мачкам со ништо , некогаш ако ми текнне со витаминска маст, или некое млеко читав на интернет за да не ни се прават стрии се мешало витаминска маст со ад капки и со тоа да се мачкаш, помагало многу
Јас имам правено такво, павлилева маст , внатре масло од невен, ад капки и улје од алое. ЏАБЕ е се .... и пак ќе се повторам, кожата ако ти е склона кон стриите , ништо не помага. Инаку љубичица мислам дека е време да почнеш со мачкање, викаат дека најкасно од трети месец треба да се започне.
Абе труднички ве читам сите зборете за стрии мачкање, јас пак со уште ништо не сум почнала да се мачкам, сеуште немам стрии ама за натака ќе треба да почнам само што јас не сум во Мк и за тука немам појма каква крема ќе терба да земам, баш ќе разгледам по маркетиве овде.
Eucerin против стрии! Мене не ми излезе ни една, а имам сува кожа и сум склона кон стрии. Си имам од пубертет на градите и малку на рацете и мислев во бременост ќе стане ситуацијата заникаде но изгледа кремава поточно е како масло си ја заврши работата. Има само една негативна страна мене лошо ми мирисаше!
И мене ми помага еуцерин, ем мириса малку лошо а и многу поти , барем мене многу ме поти и склет ми е некако кога ке ја савам на стомак.. Ама за убавина се ке пробаме Калиас можеш да си земеш или Еуцерин или било каква крема некоја што е по мрсна како павловичева, сигурно ке најдеш нешто такво таму..
За стрии морам да ви кажам колку ми е криво значи до крај на терминот немав ни една стрија а од момичка си имав по некоја на градите и таман ми помина терминот оп еве ти ги и стриите по 2-3 на бутовите и на стомакот и оп еве ти ги и отоците на нозете и раците
Јас користам млеко за тело Елдена го има во КАМ маркет и исто така витаминската маст на Бекутан ја користам, се мачкам два пати во денот, досега ми се нема појавено ниту една стрија а навака ќе видиме (се надевам дека така ќе остане до крајот од бременоста)