Сакам да прашам од кога да почнам да си користам масло за превенција од стрии и дали некој има искуство со Weleda органско масло за превенција од стрии токму за користење во бременост. Или ако имате некој предлог за ефикасно средство за превенција од стрии кажете ми ве молам.
Само што ќе почни да ти расти стомакот убаво е да почниш ама редовно наутро и навечер да се мачкаш моја препорака павловичева . Јас почнав да се мачкам во 7 ми месец ама тогаш нагло почна да расти стомакот е сега кај секој различно...
Па веќе имам стомак, ми се познава и тоа како, значи да си почнам, до сега само бекутан млеко ставав.
Јас користам од 4 ти месец некаде, тогаш поретко се мачкав. Ами ми се појавија две црти од долу на стомакот сега сум 29+5 јас мислам дека ќе имам стрии бидејќи уште како мала си имав. Не помага ништо. Пробај сепак зависи и до кожата.
Јас од кога почна да ми се познава стомакот се мачкав со розевата павловичева и со органско кокосово масло,негдека пред 1 месец почнав да користам еуцерин масло за стрии засега сум задоволна 33 недела сум и немам излезено ни една стрија .
Јас од кога дознав дека сум трудна редовно мачкам пред спиење. Првата бременост немам ни една стрија, втора бременост 37 недела сум немам, се надевам така ке остане. Мене ме советуваа да почнам да мачкам рано и редовно, дури пред да ми порасне стомакот,за кожата да биде хидрирана и поеластична. Инаку мачкам еуцерин.
Сега сум деветти месец и на стомакот почнаа да ми се јавуваат стрии наеднаш зашто наеднаш ко да ми порасна. До деветти немав баш голем стомак, ама сега ми порасна. Ако почнам сега да се мачкам, ќе нема ефект? Зашто читам дека требало од почеток да се почне со мачкање.
@Black girl требаше од почеток, од 12-13 недела, ама мачкај и сега за да не ти е многу сува кожата и да не се шират многу. Јас ко бев бремена го мачкав од почеток стомакот и не ми се појавија стрии, ама не се сетив да се мачкам на бутови и таму од килажата ми се појавија многу. Среќа избледуваат по некое време, сега после година и пол не се познаваат од што се собрани и бели.
За случај како тебе препорачуваат Риластил крем, викаат дека брзо ги избледува и старите стрии до степен да не се познаваат воопшто. А инаку генетски ли е, до годините ли е, што ли е не знам, ама знам и што се мачкаат па џабе, и тоа со најскапи креми, јас од мала имам стрии кои ги добив во растење, над колковите, не се познаваат нешто, ептен се бледи, ама затоа па се плашам сега во бременост да не ми се направат такви црвени страшни. Другарки мои две не се замараа, родија во рани 30ти и со обично млеко за тело се мачкаа па немаат ниту една стрија и стомаците им се како пред бременост. Е сега, некои ми ја препорачуваа Риластил крема која е 1600 денари, некои Веледа масло за бремени кое е 1050 денари, еве сега Еуцерин, стварно не знам што да купам и дали да фрлам по 2000ки месечно за нешто што не знам дали ќе има ефект кај мене, зошто и до сега се истрошивме со инвитрото, па за витамини, прогестерони, секој месец по 2000денари најмалку, па прегледи и скринизи, и плус допрва ни идат трошкови за бебе здравје... лелее не знам, нешто ќе купам за да не си викам после ‘‘што не се мачкав со нешто може ќе имаше ефект‘‘, ама не знам што.
Леле не кажувај за трошоци само не се трошат така брзо, бар еуцеринот. Еве на крај на бременост сум, а ова ми е трето шишенце, а мачкам секоја вечер и за малку нема да ми стигне, ке треба четврто да купам околу 800 ден е едно. Јас искрено сепак би ставала нешто, нека ти се хидрира кожата. Мене па и ако не мачкав кожата на стомакот многу ме чеша.
Да и мене почна пред една недела да ме чеша, се приметив дека се зачешувам и затоа се загрижив за стриите , ќе купам нешто, морам.
Mesinja spasot e samo vo kokosovo maslo Eve teram 35 ta nedela da cuknam pu pu mi nema nitu edna izlezeno. A vo prvata bremenost mi se pojavija uste od 7 mi mesec. Se nadevam deka vaka kje guram do kraj se molan da ne mi sd pojavat novi
17+3 сум и не мачкав ништо досега а премнгоу ме чеша стомакот. Пред да останам бремена стомакот за грбот ми беше залепен. Имам меше веќе трудничко меше а сум поправена 5 кила досега.
@fana рано ти е за стрии , и јас немав ич стомак , имав дури мускули од шо вежбав и од страв почнав да се мачкам уште од 12 недела со еуцерин . Да чукнам во дрво еве уште не ми се појавиле, а немам ни чешање . До душа и стомакот уште не ми е ептен голем . Незнам како ќе биде понатаму. Но најдобро да почнеш да мачкаш нешто .
Мешиња мачкајте се за подоцна да не се обвинувате дека ништо не сте сториле. Јас се мачкав редовно цела бременост со Еуцерин маслото и до крај мислев дека немам ниту една стрија, меѓутоа после пораѓај започнаа да се појавуваат една по една. Сега мешето ми е ишарано но само од папокот надолу, грдо е да, но знам дека сум направила се што сум можела и не ми е криво.