Женски да ве информирам дека кремата која ја земав од ДМ за стрии изгледа делува навистина. Посебно им ја препорачувам на мешенцата во почетна бременост, сигурно би дала и поголеми резултати. Јас еве веќе недела време како ја користам и синоќа со мм констатиравме дека полека избледуваат стриите. Но, ова зборам за гадните модри стрии. Се надевам дека е до неа, друго ништо не ставам, а мачкам по најмалку 2-3пати на ден. Пријатна е , не е мрсна , убаво мириса, и не ми смета почесто да ја ставам.
Добро утроо и од мене.. меУ можеш ли да ми кажеш за која крема поточно станува збор? Јас моментално користам павловичева во која додадов АД капки (така ми рече продавачката во Зегин) и ставам по еднаш на ден, зашто сеуште ми е мало мешето и сметам дека е доволно.. Но би сакала да знам, па за понатаму да си ја земам ако е толку добра.. Поздрав до сите, ви посакувам убав ден!!!
Оваа ја земав а само еднаш мачкање верувај уште сега ти е малку, барем 2 пати ставај, наутро и навечер, немаш зијан.
сакам да прашам од кога почнаа да ви се прават и да се познаваат многу стриите?? јас сум сеа 22 недела и некој ден, и засега фала богу немам ништо, се мачкам само со витаминска маст на вечер, ама уште е рано а??? се надевам дека нема да ми се направат понатака многу
Кај мене првите стрии се појавија некаде во 30н. И пред појавата мачкав секој ден улје, крем, што ќе ми дојдедше при рака, но ништо нема ефект.
значи како и да е тие ке си се појават, што и да си се мачкаме ние само се надевам дека нема да се многу
Леле и јас почнав да се нервирам со стрииве. Се мачкам со павловичева, но сите ми викаат дека тоа нема врска за стриите. Има ли барем некоја трудница на која не и се појавиле стрии?
Мене Јас мислам дека се е до типот на кожата и нејзината еластичност. Јас кога останував трудна одма почнував да се мачкам ,ама една туба за цела бременост ја трошев . Со син ми се мачкав со крема на Виши и мислев дека ради нејзе не ми се појавиле,а со ќерка ми со мам кер (од космо ја земав) и пак не ми се појавија. Мене и стомакот за 3 недели ми се враќаше назад ,а и кога ќе ја фатам кожата не ми е свисната туку фина цврста. И да напоменам дека не ми беше целта да се фалам
Оваа ја земав а само еднаш мачкање верувај уште сега ти е малку, барем 2 пати ставај, наутро и навечер, немаш зијан. meU А од каде ја купи?
Добро утро и од мене труднички или добар ден, за кого како Гледам зборувате за стриите и кремови, јас земав масло на Еуцерин уште пред месец и пол, се мачкав во почетокот сабајле и навечер и сега некое време заборавам и ме мрзи баш да се мачкам , а стрии немам сеуште, стомакот ми е баш цврст,затегнат сега во бременоста, инаку ми беше салце до пред да останам бремена па ќе треба да почнам интензивно да се мачкам за да не почнат да се појавуваат тие грозните стрии, но и се си е до конструкцијата на телото јас мислам, ете и вие кои веќе сте родиле, сте се мачкале цела бременост па пак имате стрии, некои пак воопшто не се мачкаат со ништо и немаат ни С од стрија, така да се си е до организмот , кај секоја жена е различно Инаку еве ова масло го користам за стриите
ТеаБ, јас се мачкав со бадемово масло за стриите. Во бременоста не ми се појавија, јас си имав стари, одамна избледени стрии од нагло дебелеење и слабеење како помлада. А и стомакот не би беше до толку голем за да ми распука многу. Сè зависи од кожата, поточно од еластичноста на поткожното ткиво. Нема штета од мачкање во секој случај.
Инаку додека бев бремена се мачкав на стомакот со павловичева помешана со бадемово и маслиново масло и немам ниту една стрија (можеби е до кожата) ама на делови каде што не се мачкав имам ,и тоа убави стрии .
Труднички муабети мешенца, јас денес ја добив првата стија на стомакот, мала е но сепак е стриа, што значи во наредните 2 месеци ке се распукам како географска карта што да правам сегаааа ? А вие што коментирате за креми за мачкање, користете павловичева маст со бадемово масло или кантарионово, тоа помагало многу, и најмногу од се зависи типот на кожата, мајка ми не се мачкала со ништо па има 2 деца и не и е испукан стомакот, а тетка ми се мачкаше со се живо ама ѓабе пак цела испука.
Труднички муабети ^^^ Една моја рецепта, кај мене успешна се покажа...пробај... 1 павловиќева оригинал( може една обична, во розово пакување и една оригинал, ќе имаш за повеќе време) 6-7 лажици маслиново масло, малку помалку од пола шишенце бадемово, Ад маслени капки Витамин Ц во ампула и ако најдеш витамин Е, течен некоја поефтина варијанта, затоа што маслото е 800 денари, јес да трае пола година, ама јас најдов во капсули, па истурав 5-6, тие се 270 денари, 30 капсули, можеш и во кремите за лице да додадеш, витаминот Е, е најважен за еластичност на кожата, значи и против брчки и стрии.... ја растопуваш павловиќевата малку, јас на парно правев, и во поголем сад, од некоја друга крема, мешаш се заедно, имаш за околу 2 месеци, се мачкаш убаво насабајле и навечер.. звучи комплицирано ама не е, кошта околу 500-600 денари, ама има многу да се мачкаш, мене ниту една стрија не ми излезе, дали е до тоа или не....не сум сигурна, но зијан нема, само корист може да има, бидејќи сите овие состојки се битни за кожата...
Труднички муабети ама дали од одма има ефект тоа, или требало да се мачкам многу порано за да не дојде до ова?
Труднички муабети Сењоритке теши се со мене јас денеска видев на двете гради, и тоа на долната страна повеке се и црвени на мешето уште немам тажна сум (а јас сум и недели поназат од тебе ), ама се тешам што се црвени нели викат ако се црвени и ако се мачкат редовно можеби ќе поминат,е ако се бели им нема спас.Туку јас се мачкам со павличева маст и бадемово масло за стрии,еуциринот ми се виде скап да го купам, а во темата за стрии прочитав и покрај тоа што некој го користел , ако кожата ти е подложна на стрии ти нема спас.До сега немав ниту една стрија по телото, ама не е лесно да станаш мама, жртвуваш и од својата убавина за да го донесеш ангелчето на свет.Како и да е ако ги снема добро ако не дечињата да ни се живи и здрави, убавината наша не е ништо во споредба со нив
Труднички муабети Па јас мислам дека ќе ти помогне многу, бидејќи ја навлажнува кожата и и дава еластичност, и да е потребно некое време да помине, сепак ќе ти помогне бидејќи крајот на бременоста најмногу се распукува, затоа интервенирај барем малку, ако не се спречи да се ублажи барем... Ова може да го користат сите што имаат проблеми со сува кожа, за влажност и еластичност, стварно е добро...
Труднички муабети јас на градите, имам по некоја уште кога бев околу 20та недела ми се појавиа ама тие не се за плашење ги преболев, ама на стомакот не сакав да имам, а еве гледам дека нема да ме прескокнат a ова што го кажа енца ке го пробам, сепак не се губи ништо.