@Coco31 јас го користам моментално, веќе при крај ми е. Можам да кажам дека сум задоволна, нема некој јак мирис, прилично е масен и убаво ја навлажнува кожата. Маана е што не се впива лесно, ама па и не остава флеки на маици, што е добро. Стомакот дури и следниот ден после мачкање го осеќам хидриран, еластичен. Го ставам и на бутовите, но на друго место освен таму и на стомакот не, бидејќи како што реков прилично е масен. За стрии дали помага не можам да кажам бидејќи немам, превентивно го користам. Јас сум задоволна
@Coco31 @Sexybaby86 па тие средства се само за превенција, значи против стрии, да се мачкаат за време на бременост, и треба да се толку масни. Тие за веќе настанати стрии се специјални средства и прилично скапи, ако воопшто помагаат. Јас земав путер на Алверде, но кога ќе го потрошам ќе го пробам тој на Хип. Убаво ли мириса?
Jas i ne sum bas zadovolna od hipp puter mackam od 13 nedela a stomahot mi e umetnicka slika a sum 24 nedela. Sega planiram so kokosovo maslo da probam moze i kozata mi e sklona na strii ama ocekuvav podobar efekt.
@Kitten и мене убаво ми мириса, нежно и дискретно. Плус штом се намачкам мирисот го снемува, што мене лично ми се допаѓа, зошто на останатите делови од телото си користам млеко за тело Нивеа, па не ми се мешаат мириси Инаку да, знам дека ваквите средства се само за превенција и дека треба да се масни, само додека беше потопло времето тоа малку ми сметаше. Сега веќе не, не се лепам @QueenP за жал стриите се генетски, путерот не ги спречува, туку само превентивно се користи, за поголема хидратација на кожата за да не распукува лесно. За веќе постоечки стрии треба да се користат други средства, знам се спомнуваше низ темава крема Риластил, ама дали смее да се користи во бременост не знам, можеш да прашаш во аптека. Памтам имаа членките пишувано дека е над 1.000 ден, значи значително поскапа од путерот на Хип и останатите средства за таа намена
Девојчиња имам стрии на нозете , значи ептен забележливи .... Пишав на темава со цел да ве прашам дали стварно постои некоја крема за овие веке настанати стрии ? Или нема надеж?
Јас би ви препорачала кокосово масло да користите секојдневно, наместо млеко за тело. Мене многу ми помогна, стриите од бременоста скоро ич не ми се познаваат и многу поздраво е отколку креми со разни хемикалии во нив.
Девојки веќе сум 24та недела од бременоста, а стрии почнаа да зе појавуваат по бутовите, позади на задникот како и над него... Додека ви пишувам ги осеќам како чешаат и печат мачкам кокос, мачкам се што ќе ми падне при рака и ете нема никаков ефект. Знам дека тука по темава сигурно ќе најдам искуства за маслото еуцерин, меѓутоа доколку не ви е тешко ве молам уште некој да сподели искуство да знам дали да го купам...
Ако кожата е склона да испука, скроз нема да те спаси ништо... гледај да е нешто што помрсно, најчесто сувата кожа пука. Повеќе течности за да ти е убава кожата и полесно облечена да си за да дише. Јас со првото бев бремена зимски период (јуни-април), и многу испукав... а што не мачкав. За второто бремена летно време (Фев-Октомври), повеќе течности, полесна облека, стрии нови не изглегоа, на стомак ич... а ништо не мачкав, ретко да ми текнеше путер за тело.
Јас пред една недела почнав да го користам маслото, сега за сега ми е ок иначе 19 недела сум. Мене ми го препорачаа дека било добро, затоа почнав него да го користам
А си се тешев дека зима ќе ја истерам бременоста демек полесно било ама ете... Го земав маслото па ќе видам како ќе делува на мене иако знам дека си во право, најмногу е до самата кожа која патем мене ми е сува и склона на стрии... Фала ти на одговорот... Го купив и јас па да видиме каков ефект ќе има. Се надевам тебе нема да ти излезат Мачкав до денес кокосово, не ми помогна мене
Јас па минатата бременост до 38ма немав.. се породив 41+1, и тие последни 3 недели испукав.. се ме чешаше, како шуга да имав чим чеша, пука... мачкај што помрсно за да ја влажниш кожата...
Во бременост ниту една стрија не ми се појави. После пораѓај се појавија на колковите. Не се многу познаваат за среќа.
Од кога почнавте со превенција против стрии? Моето тело е склоно кон стрии, имам неколку по нозете и градите како резултат на покачување на килажа уште во пубертет. Сакам да почнам сега кога е со време, да не тегнам маки подоцна Еуцерин масло против стрии-искуство?
Јас веќе две недели го користам 20 недела сум, задоволна сум за сега ќе видиме понатака. И јас по препорака го земав.
Sto i da mackas, ako treba ke se napraat. I jas sum sklona, so prvoto ne se napravi ni edna. Arno ama so vtorovo mi se napravija na stomak
Јас користам еуцерин, супер е. Требало порано да го земам, а не да се зезам со кокосово масло и павличева... Искрено тие не ми помогнаа мене и почнаа да излегуваат стрии, ама нели индивидуално е секое искуство. Ако ти е од некаква помош јас користам еуцерин ама со него во кутивче мешам и свинска маст. Пре презадоволна сум. Ниту една повеќе не се појавила, а гледам побледуваат и новите... Се надевам така ќе продолжам. Пак ќе пишам до крај на бременост.