Јас од сам старт се мачкам со Мустела кремата против стрии 2 пати на ден и се туширам со Мустела за бебе зашто приметив дека и купката ја хидрира кожата. До сега немам стрии, дај Боже така да остане, мада почнува да ме фаќа страв да не испукам дека сега почнува побрзо да ми расте стомакот.
Во првата бременост се мачкав со една германска крема не знам точно како се викаше и се израдував ни една стрија немав до пуни 38 недели , ама преку ноќ испукав под папокот од страните блиско препоните и на нежниот дел од интимата надоле неколку стрии ама грдички , за среќа ми обелија за брзо по пораѓајот и во втората бременост немав ниту една плус стрија , а не се мачкав со ништо и сега не се мачкам па се надевам пак нема да има плус стрии тие старите скоро и невидливи се .
Јас забележав една кај градите А еве 13 та недела, до крај што ќе се прави. Градиве за 2 броја пораснаа, мачкам со бадемово масло, лосиони... Сега ќе земам еуцерин масло против стрии гледам го фалите, па да пробам.
Павловичева во комбинација со АД капки многу помага. Исто и кокосово масло. Јас немам на стомак ниедна. Само малку на нозете оти таму не се мачкав.
Јас на почеток мачкав со Хип крема, се потроши и после тоа нипто не мачкав. сега пред некој ден викам ај да не се зезам да мачкам, и земав Кокосово Маско у стокомак 200 ден, па шлапам ама секаде и гради раце бутови стомак спојлер задник. Сегде хуху. до сега во бременоста не ми се појави ниедна, се надевам до крај ќе е така. инаку ја имам неколку ситнички кај сојлерот од пред бременост, уште се црвени. Со која крема да мачкам да избледат? многу се мали ни по сантим не се, неколку милиметри ама црвени делуваат ко алергија Па ме иритираат сакам да ги избледам
Мустела кремата против стрии ја земав некаде околу 1800 денари 250 ml од аптеката во Систина. Ама многу време трае, јас цела бременост со две креми ќе ја истерам. Мустела купката за бебе е некаде околу 600 и нешто денари 500 ml и ја има во Зегин аптеките.
Цикатрикс за веќе настанатите ми препорача вчера кожен лекар, јас сеуште немам купено и незнам колку пари е, но ете била добра за лузни, рани итн. Инаку блазе ти, од кокосот, павличевата и разни други т.н. "алтернативна медицина" мене ништо не ми помогна... Освен свинската маст помешано со еуцерин...
Цикатрикс јас ја имам користено за рана, Докторите ја препорачуваат на жени после царски за лузни, искрено не ми текна за стриите да ја намачкам дали ќе ги избледеше. Знам дека е околу 1000 и нешто денари, убаво мириса, а дали би имала ефект за стрии не знам не пробав за жал А, чекај ќе видиме оваа алтернативава колку ефикасна ќе биде, ќе знам тоа за некоја недела За свинска маст знам дека е многу добра за стрии, ама труе корне Секој ден нови пижами човек да тура
Јас ја купив Риластил кремата против стрии, 1.600 денари. Ми се појавија под пупакот од десна страна 3-4 мали црвени, и веднаш почнав да ја мачкам кремава. После 2-3 мачкања одма избледеа значително, јас сум запрепастена и пријатно изненадена тотално. Од форумов ја знам кремата, беше фалена тука, и потврдувам дека е одлична. Секако треба редовно и подолго користење, ќе ја користам и после пораѓај секако, но за новонастанати стрии е перфекција. И безбедна е за трудници, си пишува во упатството. Вреди за секој денар. Патем, уште од почетокот користам Хип путер за стрии и пред него масло од Веледа, ама Риластилов најефикасен се покажа. Го мачкам сабајле и навечер, исто ко и другиве што ги мачкав. Пазете на крај, најмногу се распукува стомакот, јас буквално последнава недела испукав, 40-та сум
Јас сум тенк луѓе, а еве 13+ недела, ништо не ме собира. Со првото мака немав умерено јадев, ама ова, кога ќе намириса месо, или сирење, кашкавал, не се допирам. Благо не сакам и од овошје киселини ми се прават. Топка сум знам мора да се воздржува со јадење, оти до крај ќе треба со влечна служба на пораѓај да одам.
Го користам лосионот на Бејбилав од Дм. Признавам не сум многу редовна со мачкање. Се шлапам зависно од расположение. Мешко ,градите , бутови, се по ред. Уште немам испукано, ама уште не е касно. Тоа на крај ќе видиме. Ако дојде до тоа Риластилот ќе заврши работа.
Денес влегувам во 20та недела, точно на половина од бременоста. Кога почнувате да мачкате креми против стрии?
Јас двете бремености почнав да мачкам од почеток, од втор месец. Првиот пат немав ни една стрија, сега растам побрзо и повеќе па ќе видиме до крај