Никако Нема начин да се справиш,што и да ставаш. Мачкај бебешко масло за да не биде сува кожата колку да не те чеша, чим решиле да излегуваат толку рано нема спас Моите не се више така темно црвени, а сега крем од слуз од полжав порачав за да поизбледнат уште малку.
Трета бременост по трет пат користам Еуцерин масло од второ тромесечје сабајле -навечер , стрии нема освен ептен малку на градите (ми излегоа после втор пораѓај кога доев) . Незнам дали е мајка природа ген или и маслото си заврши работа, а се поправив 20кг со второто а и сега сум над 10кг па до крај сигурно до 20 ќе стигнам пак
Две другарки беа бремени истовреме, двете користеа Еуцерин, на едната и се направија стрии, на другата не. Јас мислам дека се е генетски и не планирам да давам пари на скапи кремови и масла. Ќе си користам павловичева маст и сл.
Девојки прееска приметив неколку црвени линии на стомакот што користите вие за тоа да се мачкам со нешто да не излезат уште а сигурно до 9 вети многу ќе ги има..
Јас мачкав путер против стрии од Алверде, со фина цена од околу 200ден, и ми траеше цела бременост бидејќи мачкав на два-три дена. Немам ниту една стрија ниту на стомак, ниту на гради, после две деца
На мене прво на левата града ми се појавија стрии па после и на десната.Колку и да мачкаш оно кога реше нема сопирање само за омекнување е подобро на крај крајо не е битно важно бебчето да си биде живо и здраво.на друго место немам сега за сега веќе во 7 ќе влезам Уживајте си во бременоста .
Не би требало да ти се направат после пораѓај, ама не знам. Моето искуство е поинакво, во првата бременост ми се направија околу 7-ми месец, неколку стрии само на стомакот (инаку сум многу склона на стрии). Но после пораѓај не се направија нови. Сега за втората уште немам, а веќе сум во 8-ми месец. Но не значи дека нема да се направат. Првиот пат се мачкав со еуцерин маслото, а сега зедов масло на алверде. Како и да е, сакав да ти кажам дека со овие стрии на стомакот се гордеам и ми се најмили и воопшто не ги гледам како нешто неубаво. Ама баш најмногу си ги сакам
Јас имам на градите стрии уште одма ми се направија пред да почнам со мачкање. Користам Еуцерин начекав промоција 2 шишиња за 1100 денари ама ги потрошив, па земав сега ново за жал немаше веќе 2 за таа цена па купив и путер од алверде да ги комбинирам за да издржам со ова шишенце до крај. Сега за сега немам стрии на стомак ама ќе видиме 33 та недела сум има време.
Здраво, треба и јас да почнам со поинтензивно мачкање па ме интересира колку често треба да се мачкам. Дневно по колку пати? И колку време стоите додека се впие кремата. Тнх
Чекај рано е за нас,ќе влеземе во второ тромесечие и ќе се шлапаме со креми. Ама вака и така се ближи па може да се спремаме. Јас првиот пат мачкав само со павловичева навечер после туширање,градите,бутките и мешето и не ми искочи ни една стрија. Сега ќе си купам од путерот на @Kitten го гледав и јас имаше и некој масла а не се многу скапи.
Јас веднаш почнав, вториот месец. @PeachGirl еднаш дневно е доволно, а јас бев немарна па мачкав кога ќе ми текне, некогаш само 1-2 пати неделно. После мачкање веднаш си се облекував, путерот што го користев беше повеќе хидратантен одошто мрсен, така што не ја мрсеше облеката. Значи зависи што ќе користиш.
Благодарам @monik55 и @Kitten. Ќе земам и јас од тој путерот во ДМ...во моментов имам павловичева крема со ад капки и е-витамини. Цена да не знаете случајно на путерот? Тнх
А како чешањето да го спречам? Стриите не можев ете, цел стомак ми е сега распукан, добро е што е само стомакот уствари Ама премногу ме чеша и џабе мачкам од полжав некоја си крема коа не помага го вцрвенив ептен прееска дури крв мислам ќе пуштете, ама ме излудува стварно
Си пробала со некој лесен бебешки хидратантен лосион или млеко? Имаш на хип, или на алверде. Мене на почеток ме чешаше стомакот и само со тие мачкав, ептен ми помагаше.