Чешањето е од стриите, јас така бев кога ми пукаа градите. Ќе си ги откорнев. Ставај лесна впивлива крема, што лади и брзо што упива. Пробај и со кокосово органско, ама пази многу гадно мириса после некое време на кожа. Бар на мојава кожа Јас се мачкав исто од 2ри или 3ти месец, уште немав ич стомак. Прво со на хипп мама маслото, многу лесно впивливо и многу убав мирис имаше. Околу 315 денари е. Сега се мачкам скоро секој ден со еуцерин маслото. Еднаш неделно знам да скокнам ден Стриите на градите ми бледеат и вдлабнатините како да ги снема. Можда пак допрва ќе испукаат, ама малце се санираше и првава тура барем. Стомакот не ми испукал сеуште, малце ме зачешкува, ама ќе видиме дали ќе издржи. Кожата на стомакот ми е мазна мека и убава ... не знам дали ми била уопште некад толку убава. Сега за сега, дај Боже и да остане така.
Јас 2 или 3 Еуцерин истрошов и кога распукав скроз го баталив. Ама ако мислиш дека ти бледнеат од него би го земала пак. Уште се црвени и површински кај мене, не се длабоки.
За да не се создаваат стрии почнав да користам масло од бадем органско, моја блиска го користеше и беше доста задоволна па ќе пробам и јас.
Па искрено, не можам да тврдам дека од него ми бледеат, или со самото тоа што помина време. Ми испукаа одма, дали бев и 4ти месец. Сега само се приспоија со тие што си ги имав од пубертет. Ама ги мачкам уште. Да ти кажам не ми е ни гајле дали ќе искочат или не, ама чешањето... тоа ми е неподносливо. Не знам како би издржала да не се напраам рани по стомакот ако така чеша.
Јас користам напоредно од путерот од Хипп и маслото на Еуцерин, пред легнување мачкам масло а наутро од путерот. Се плашам дека ќе си ја уништам облеката, заради тоа маслото го ставам исклучиво навечер. Не се мачкам секој ден по два пати, претежно само навечер, наутро секогаш сум во брзање за на работа и заборавам. Почнав да ги користам во 8мата недела, сега сум 16та.
Во која аптека ги има маслото и путерот на хипп, јас барав во зегин ама го имше само тоа на еуцерин. Па сега кога ставам такво, кога чисто органско кокосово. Ама сакам да мачкам по 2 пати на ден, а некако ова од еуцррин ми е скапо. А вејќе влагам во 5 со еднаш си велам ми е малце. Се мислам и оргинал павловиќева да земам и од неа да шлакам. Па што биде нека биде.
Дали знаете која козметика е без парабени? И што користите за многу сува кожа, а бе се пресушив, кожата ми е цела како исперутана, цело време. ЈАс инаку немав сува кожа, сега ми се исуши. И која козметика ја користите превентивно против стрии?
Јас користев хип масло за трудници но кога почна огромен да ми станува стомаков после шести и со маслото ме корнеше од чешање и преминав на хип путер. Мрсен е многу и супер ми е. Не знам дали стриите се гледаат пред породување или отпосле но сега за сега немам. А огромен ми е стомакот, ко да сум голтнала пилатес топка. Инаку се' за трудници и новороденчиња е дизајнирано без парабени
Мене оваа ми ја препорачаа за стрии @Ѕвездички и задоволна сум ја користам од почетокот ставам на секој втор ден отприлика,ја купив од Дм.друга козметика не користам
Мешиња, а што мачкате против стрии? Јас цела бременост ја поминав со павловичева и масло заедно измешани, но еве пред една недела почнаа да излегуваат стрии странично на стомаков и мн. ме чеша. Јас не бев склона на стрии ама ете самата големина на стомаков си го направи своето. Што да преземам?
Разгледај ја темава, има многу препораки. Јас користам масло еуцерин и путер хипп. Си правам комбинација, се мачкам обавезно секој ден од почеток на бременоста. Сега сум 19та недела, ќе видиме какво ќе биде дејството понатаму
Масло од еуцерин и чисто кокосово масло. Се мислам сега да го земам и путерот од хипп или павличева ориѓинал оти вејќе влегов во 6. Инаку засега е супер, ама рано е. Ми е страв преку ноќ да не се разбудам како геогравска карта ишарана.
На мене градите ми се целите со стриикако тигрести ми се И почнаа да ми се познават високо горе на заднико испод половината. Иначе мачкам павличева и кокосов путер. Одозгоре на градите како да избледеа малку така како кафено се познава ама затоа одоздоле се како тигрица. На мешето немам уште 32 недела сум.
Јас користам органско бадемово масло, золвами исто го користеше пред две години и мн е задоволна нема ни една стрија, и јас почнав од трет месец да го користам гледам да е секој ден и засега сум задоволна.
Јас го мачкав ова млеко за тело од ДМ. Не дека беше ептен редовно ама ставав. Немам стрии. Ама не сум ни склона кон нив.
Јас сум склона, ама со првото не ми се направи ни една а со второ ми се направија. Разликата, со второто останав со плус 10кг и испукав.