Ете можело и во трета бременост на 10дена од термин да се појават стрии не се многу но не знам дали ќе останат само толку ... Па џабе се крстев на еуцеринот, со здравје да си ги носам .
Во кој ДМ го купи? Јас најдов само путер за тело и гел за туширање. Ги купив тие, но сакам и млеко за тело. Јас си имам стрии од растење, А се надевам нема на стомак да ми се појават.
Мене стрии не ми излегоа ама целулит имам за извоз и кг ги симнав скоро и се, ете пешачам, се движам, ама не тој си остана. Ќе треба некои масажи, чуда да правам или па ќе си го чувам за спомен од бременост. А да и газот и колковите не се вратија во нормала
Не задолжително Бар не со стрии, може ќе ти врати на друг начин Јас го користев само путерот, поминав без стрии во двете бремености, а исто така како тебе имам стрии на кукови и колената од растење. Го купив од Дм на битпазар. @EuHenIa за целулит спас е само пиење мнооогу вода. Мене и лубеница ме спасуваше летно време, ама сега не смеам
Е сега ме утеши Од каде стрии забележувам на градиве, а се мачкам од прв ден со уље ми фали гз и целулит за спомен. Тек тогаш ќе завршам како Мајкл Џексон. Генетски стрииве на сите им се појавија во фамилија до крај географска карта ќе се направам уште од сега почнав да се плачам по два саати на ден себе си.
И мене ми искочија по стомакот последната недела. Не беа црвени, не ме ни чешаа. За разлика од тие на градите. Еве два дена од пораѓај многу малку се познаваат на стомакот ама како што ќе се собира мислам ќе дојдат до израз повеќе. Не се многу само околу папокот. Ќе купам некоја крема понатака ама не е страшно. И јас плачев кога излегоа сега ми е смешно. Се мачкав инаку со Хип уље до 5ти месец, а после со Еуцерин. Последниов месец малце забушавав зашто ми беше прежешко. Не сум имала стрии претходно, ниту пак мајка ми имала, а со мене кога била бремена качила 40кг. Мене ми се паднаа.
Погледнете ги тие грди,црвени,длабоки стрии кои ги имам низ целиот виснат стомак. И после погледнете ги тие малечки и најслатки ноџиња, кои излегле од тој “ грд и распукан” стомак. Што е побитно? Се акав од земја дур бев бремена за нив, ама сега ги сакам и нив и стомаков дебел, оти успеал да доноси здраво бебуле 9 месеци! Заикнуваа пријателки кога ќе ги видеа стрииве, многу сум распукала, па како така можело, да сум мачкала и сега оти мажот немал да ме сака со нив,нема да сакал да ме погледне гола Боли ме уво, јас ги сакам! Ги сака и он, гледаше како ми се менува телото низ месеците и се восхитуваше! Да си го сакате телото и со и без стрии,воопшто не е битно кој што ќе ви коментира за нив Оти нели,жените се чудо на природата!
Јас од денес засилив мачкање покрај со еуцеринот кој го ставав пред спиење и со павличева оргинал. Мачкам од време на време и кокосово масло и се бањам со маслено средство со ланолин од Австралија. Ама некако се помалку битно ми е дали ќе распукам. Особено кога гледам вакви слики како на @Chanell* . Сега мм е тој што инсистира да се мачкам, демек ако сум испукала јас немало да си сакам не дека нему ќе му пречеле. Ама искрено ни мене нема да ми пречат, тие се лузни на љубовта. Само се да биде во ред со бебче.
Здраво девојки...јас си ги добив првите стрии на градите. На стомакот уште немам. Вчера зедов една крема, ме интересира дали сте ја користеле во бременоста..ме интересира дали е безбедна за користење во бременоста бидејќи не е точно наведено дека е за трудници, туку за општо третирање на стрии...
Од веднаш. Нема најдобар земи уље и моли се да не испаднат. Ако имаш генетски предиспозиции и да се удавиш во најскапото уље пак ќе се појават. Јас лично на хип бебешкото уље го бендисав. И ми се појавија на градите малку и на нозете. Сум 21+.
Се пукнав од мачкање, еуцерин, путер хипп, ад капки... и ете ме во 28ма недела со стриички, малечки по 1цм, како лузни на левата страна над папокот. Ич не очекував дека ќе испукам, генетски ниту една жена од фамилијата немала и после 2-3 деца, јас немав ниту една на колк, задник, нозе.. Ама ете, мешко до крај сигурно уметност ќе се направи штом одсега почна со пукање...
Еуцеринот го има посебен за во бременост така, не е обичното млеко за тело? Ако некој има фотка да пуште..
Здраво мами, оддамна немам пишано, веќе сум во 8ми месец. Инаку јас од минатата година си имам стрии за извоз иако уште од прв ден мачкав, па добив алергија и станав лом. Сега немам нови, по се изгледа и нема место каде да излезат
Генетски предиспозиции имам гледајќи ја мајка ми....Јас си направив сама мешавина од Оригинал Павловичева крема, АД капки маслени и Пантенол, ми ја кажа другарка ми рецептава, засега немам ништо, а ја користам околу 2 недели добро е засега